На прво место

ВМРО-ДПМНЕ стана учител-СДС остана слаб ученик

Македонска Нација

Македонска Нација

Додека Венко Филипче се обидува да ја гради својата јавна слика врз наводни европски вредности, неговото молчење пред бугарските провокации покажува дека тие принципи ги користи само кога треба да ја напаѓа сопствената држава.

СДС и Филипче повторно ја отворија старата тетратка со лаги, полувистини и евтин политички страв. Само што, и овојпат, лекцијата не ја научиле.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно мора да им објаснува основни работи — како функционира економијата, како се чита буџет, како се анализира дефицит и, што е најважно, како се штитат интересите на Македонија.

Политиката дојде до таму што ВМРО-ДПМНЕ стана учител, а СДС остана слаб ученик кој ниту слуша, ниту разбира, ниту сака да научи.

Филипче и неговите другари од СДС како папагали повторуваат лаги, сега конкретно за Пензискиот фонд. Од нивното однесување се гледа само едно: немаат идеја, немаат програма, немаат план, па затоа единствено што им преостанува е да сеат страв кај граѓаните.

Јасно треба да им се каже: буџетот не е празен. Пензионерите не се загрозени. Нивните месечни примања не се загрозени. Не се загрозени ниту вработените, ниту нивните плати.

Но, кога некој нема аргументи, тогаш измислува катастрофи. Кога нема економска политика, тогаш произведува паника. Кога нема решение, тогаш шири лаги.

Ако од СДС не ги слушаат јавните настапи на надлежните институции, ако не ги читаат бројките и ако не разбираат што зборуваат, тогаш повторно ќе им објасниме. Буџетскиот дефицит не се анализира само преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто домашниот производ. Само така може да се направи реална споредба низ годините.

Но за тоа треба знаење. А очигледно, кај СДС тоа одамна е дефицитарна категорија.

Проблемот не е само што грешат во економијата. Проблемот е што често грешат и кај прашања кои директно ги засегаат интересите на Македонија. Некогаш тие грешки изгледаат како незнаење, но премногу често личат на намерна политика спротивна на државните и националните интереси.

Затоа, пред Филипче и СДС повторно да излезат во јавност со бесмислени и нереални тврдења, добро би било барем еднаш да размислат. Не мора многу. Доволно е малку. Иако, судејќи според досегашното искуство, и тоа за нив ќе биде тешка домашна задача.

Очигледно, СДС не само што не ја научиле лекцијата, туку изгледа ја промашиле и училницата. Додека ВМРО-ДПМНЕ зборуваат со бројки, тие зборуваат со паника, додека носат мерки, тие носат празни соопштенија, додека работат, тие глумат загрижени аналитичари на сопствените политички промашувања.

Кај СДС одамна не е проблем само незнаењето. Проблемот е што тие со години го претставуваат незнаењето како став, паниката како политика, а лагата како стратегија. И потоа се чудат зошто граѓаните ги испратиле во опозиција.

Ако политиката беше училиште, СДС досега ќе добиеше не само единица, туку и укор пред исклучување. Но граѓаните веќе го направија тоа што требаше — ги извадија од власт и ги ставија таму каде што најмногу им прилега: во опозициска клупа, да гледаат, да слушаат и, конечно, нешто да научат.

Затоа, бидејќи СДС очигледно се лоши ученици, ќе останат во истиот клас — читај: опозиција.

А како што се однесуваат, не само што ќе ја повторуваат лекцијата, туку уште долго ќе ја повторуваат и политичката година. Со вакво незнаење, со вакво сеење страв и со вакво бегање од реалноста, СДС сами си ја пишуваат оценката.

А таа оценка е јасна: недоволно.

Затоа уште долго ќе седат таму каде што граѓаните ги испратија — во опозиција. И тоа не како казна, туку како најсоодветна образовна мерка за партија која со години одбива да научи што значи одговорност, работа и грижа за Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top