Песни за Македонија

Пристигнувањето на Втората македонска бригада и песните што останаа како спомен во Марул

Томе Вељаноски

Томе Вељаноски

По завршувањето на говорот на командантот Дончо се развила голема веселба на сред селото. Измешаното месно население пеело разни песни и играло ора. Тогаш биле испеани повеќе партизански борбени песни, како и песните „Офицери, браќа мили“ и „Драганка“.

По завршувањето на говорот, командантот Дончо се договорил со позадината за исхрана на војската и сместување на бригадата. Бригадата се упатила кон црквата, а тремот од црквата бил определен како база на бригадата. Во куќата на Новачевци – Димитријовци бил сместен штабот на бригадата. Во куќата на Јанкоски Петре била сместена болницата со четири ранети борци од уличните борби против Германците во Прилеп од пред неколку дена. Кулата на Павлевци била определена за стражарница и за одмор на стражарите.

Селскиот одбор за позадина, кметот и женскиот актив на АФЖ, заедно со жителите на село Марул, зеле активно и ефикасно учество во обезбедувањето храна. Во сите 32 домаќинства колку што броело селото Марул во тоа време, храната била подготвена до ужината и била носена во базата кај црквата.

Јанкоски Ристе дошол со два магарешки товара топол печен леб и една каца на грбот со бело сирење, при што гласно извикал:

„Војско, држава правиме, ние сме со вас!“

Јанкоски Ѓорче, татко на Ристе (1859–1926), по Смилевскиот конгрес во 1903 година, од Ерековската корија ноќе тајно со коњ ги пренесувал делегатите над Прилепско – Лопатица, Толе Паша и Петре Ацев, предавајќи ги на понатамошните пренесувачи кон Мариово.

Вељаноски Ристе ги натоварил двете магариња со топол леб и пржена храна и тргнал заедно со својот 21-годишен син Благоја и соседското дете, 14-годишниот Стеваноски Живко Вељаноски, наречен Деленица.

Само што ја растовариле храната, дошол Дончо и на Ристе и Живко им рекол:

„Вие двајца одете си, а ти момче Благоја остани. Ќе нè носиш кај Милан Басилоски (Борач) и Димко Танески.“

Кога Ристе се вратил дома без својот син Благоја, во домот настанале писоци и плачење. Причината била што на 13 мај 1944 година неговиот син Вељаноски Ѓорѓија, на 24-годишна возраст, загинал како бугарски војник кај селото Лабураќе, од српски партизани, во Бабушничката околија кај Стрез и Пирот. Од него ништо не било пронајдено.

По ручекот, односно ужината, бригадата се подготвила за поход. Водачот на бригадата, командантот Дончо, заедно со Благоја тргнале напред, по правецот под Колевци, над Новачевци, Илијовци, Богдановци и Стевановци, преку реката Капинешка.

Благоја им ја покажал куќата на Милан. Командантот Дончо извикал:

„Милане, Милане!“

Се појавил таткото на Милан и од балконот одговорил:

„Милан моментално не е тука. Почекајте го, на бостан е, ќе си дојде.“

На тоа Дончо одговорил:

„Немаме време.“

Потоа прашал:

„Каде живее Танески Димко?“

Одговор добил од водачот Благоја:

„Во оваа куќа пред нас, на стотина метри.“

Командантот Дончо двапати го повикал Димко. Тој, по својот карактер, со цигара во устата прашал:

„Кој е? Бујрум, има ракиче.“

На тоа Димко добил одговор:

„Какво ракиче? Сега правиме држава. Кога ќе ја направиме, тогаш ќе пиеме ракија.“

Благоја бил бос и го замолил командантот да се врати дома и да земе обувки. Но добил одговор:

„Ти си млад, ќе издржиш.“

Веројатно од страв од бегство или дезертирање, не му било дозволено да си земе обувки.

Така, Благоја и Димко заедно станале водачи на бригадата кон Канатларци.

Македонска народна песна од времето на НОБ (тажна)

ОФИЦЕРИ, ЛЕЛЕ, БРАЌА МИЛИ

Офицери, леле, браќа мили,
пуштете ме, аман, да си појдам,
да си појдам, леле, наше село,
наше село, аман, наша куќа.

Да си видам, леле, мојто либе,
мојто либе, аман, бела Рада,
бела Рада, леле, болна лежи,
болна лежи, аман, три години.

Ми искина, леле, три постели,
три постели, аман, копринени,
ми искина, леле, три перници,
три перници, аман, памучеви.

Ко наближив, леле, до селото,
ѕвонарите, аман, ми ѕвонеја,
бела Рада, леле, ја носеја,
ја носеја, аман, на носила.

Двесте ќе дадам, леле, починете ја,
триста ќе дадам, аман, откријте ја,
ко видов, леле, што ќе видам,
бела Рада, аман, си умрела.

Руса коса, леле, подопадната,
бело лице, аман, потемнето,
тенки усти, леле, подгорени,
црни очи, аман, затворени.

ДРАГАНКА

Драганка, бела црвена,
ранети борци лечеше,
крвави крпи переше.

Солзи од лице бришеше,
борбени песни пееше,
народот в бој го викаше.

Земете пушки, патрони,
душмано да го истераме,
слобода за да добиеме.

Античко да се повратиме,
татковина да си направиме,
македонска наша држава.

Етникот да го почитуваме,
културата да ја негуваме,
душманите да ни завидат.

Со престојот на Втората македонска народноослободителна бригада на 12 септември 1944 година во село Марул, партизаните ги пееле овие песни. Бригадата заминала, но песните останале како спомен.

Со доаѓањето на учителката Јованка Давкова од Битола во Марул (1944–1946), песните биле внесени во наставната програма и се пееле како хорски композиции.

Со доаѓањето на Квачкоска Менка за учителка во Марул (1946–1949), песните продолжиле да се пеат во хорот.

Подоцна, со доаѓањето на учител од Прилеп во Марул (1949–1953), овие песни и понатаму се изведувале како дел од училишниот хор.

 

Најново од: Песни за Македонија

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Најнови вести

To top