Тема: СДС

Возот тргна, инвестициите доаѓаат, а СДС остана на перонот без билет за политичката иднина

По седум години на власт и две години во тешка опозиција, СДС конечно „откри“ дека во Македонија биле набавени возови. Големо откритие, нема што! Уште малку, па ќе нè известат дека возовите купени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ се движат по шини, дека имаат вагони и дека служат за превоз на патници. Како најголем проблем го […]

За СДС е добро сè што ѝ штети на Македонија – дури и попречувањето на борбата против корупцијата

Кога институциите откриваат и спречуваат корупција, СДС не ја поздравува нивната работа, туку измислува политички конструкции и се обидува успешно разрешениот случај да го претстави како слабост на системот. СДС, наместо да одговори за бројните корупциски скандали и судски случаи што го одбележаа периодот на неговото владеење, денес со политички напади се обидува да ја […]

Борба против криминалот е апсење вработен што побарал мито – тоа тешко го сфаќа СДС

Борба против криминалот е кога вработен што се обидел да земе мито ќе биде откриен и приведен – тоа СДС тешко го сфаќа, бидејќи во нивно време се крадеше од чистачка до премиер. Во правна држава одговорноста е лична. Ако вработен побара мито, институциите треба да го откријат, да обезбедат докази и да го изведат […]

Во чиј интерес СДС ја оцрнува Македонија?

СДС, предводен од Венко Филипче, сè почесто настапува со соопштенија исполнети со паника, обвинувања и катастрофични сценарија. Речиси секој проект што може да донесе инвестиции, економски развој или поголема самостојност на Македонија однапред се прогласува за сомнителен, опасен или штетен. Дали ваквата хистерија е само последица на политичката немоќ на СДС или зад неа стојат […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да достави докази за обвинувањата за дата-центрите

Во однос на прашањето поставено на прес-конференцијата на СДС – дали премиерот Христијан Мицкоски „под радарот“ на јавноста договара бизниси поврзани со дата-центри – одговорот е: не. Бидејќи товарот за докажување на секое јавно изнесено тврдење е на оној што го соопштува, го повикуваме СДС да ги достави доказите врз кои ги заснова своите обвинувања. […]

Лефков: Националниот дата-центар е обврска од Реформската агенда, а Филипче сега се противи и на европските проекти

На Македонија ѝ е потребен примарен национален дата-центар во кој безбедно ќе се чуваат податоците на државните институции. Проектот е дел од Реформската агенда со Европската Унија, која обезбедува финансиска поддршка за неговата реализација, истакна пратеникот Миле Лефков. СДС и Венко Филипче секојдневно го критикуваат развојот на индустријата поврзана со дата-центрите. Станува збор за индустрија […]

Има ли нешто добро за Македонија што СДС може да го поддржи?

Секогаш кога ќе се најави поголема инвестиција или развоен проект, СДС реагира со сомнежи, обвинувања и апокалиптични сценарија. Наместо аргументирана дебата за условите под кои треба да се градат дата-центрите, опозицијата повторно избира да шири страв меѓу граѓаните. Оттука се поставува прашањето: има ли нешто што е во интерес на Македонија, а за кое СДС […]

Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, кога негови блиски соработници се вмешани во шпионски афери?

СДС нема крај во својата политичка забеганост и хипокризија. Додека партијата ги обвинува другите за „српски свет“, странски влијанија и застапување туѓи интереси, токму поранешни функционери и луѓе блиски до СДС се поврзуваат со сомневања за соработка со српската разузнавачка служба БИА. Таков е примерот со Виктор Петрушевски, поранешен советник на Зоран Заев и човек […]

СДС со своите постапки покажа дека ја мрази Македонија и работи против македонските национални интереси

Да беше СДС, додека беше на власт, барем половина толку активен во исполнувањето на ветувањата колку што денес е гласен со соопштенија и прес-конференции, можеби немаше да го доживее катастрофалниот изборен пораз. Додека беше на власт, СДС не ги решаваше проблемите, туку како намерно да ги собираше за некоја идна изложба. Зад себе остави афери, […]

Мицкоски не бара алиби за избори – СДС бара алиби за да ги одбие

Пред нешто повеќе од две години, ВМРО-ДПМНЕ не се плашеше да излезе на избори и убедливо го порази СДС, преземајќи ја одговорноста за држава оставена во катастрофална состојба – презадолжена, оптоварена со криминал и корупција и врзана со штетни договори. СДС бара алиби за да не се соочи со граѓаните на предвремени избори Ако состојбата […]

СДС повторно со црни сценарија, економските показатели ги демантираат

Додека СДС најавува поскапувања и шири страв меѓу граѓаните, инфлацијата се намали на 2,3 отсто, јавниот и државниот долг бележат пад, а цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот. Кога СДС нема што конкретно да им понуди на граѓаните, испраќа некого на прес-конференција за да шири страв, недоверба и апокалиптични сценарија. Уште […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

To top