Архива за: 15.05.2013

gjomlezec

Народни рецепти за храна

Ѓомлезец То се прајт каша, исто како палачинки шо прајме. Ќе ’о замесиш, ќе му фрлиш малку масленце, тро солца, вода, кисела-вода, фрлат некој, ние порано не фрлафме, само со водичка и ќе фрлиш една тепција голема глобока, два прсти да е глобока, фрлај тесто, сачот да е џежок и така испечи се, подгори се […]

veljusa

Велјуса – манастир Воведение на Пресвета Богородица Елеуса

Највпечатливата средба со овој манастир е во мугрите. Ако сте тргнале од Струмица со автомобил, половина час пред изгрејсонце, по изминати десетина километри северозападно од градот веќе се искачувате по вијугавото патче над селото Велјуса, и ете… Застанувате пред манастирската порта. Околу вас рурална атмосфера на македонско село кое полека се буди. Лаеж на кучиња, […]

vodoca

Водоча – Манастир Св. Леонтиј

На излезот од селото Водоча, на само четири километри северозападно од Струмица, достоинствено се издигаат реставрираните куполи на црквата Свети Леонтиј, немо сведочејќи за велелепието на древното седиште на Струмичките митрополити. Уште повеличествена е глетката ноќе. Осветлен е целиот комплекс од различни агли. Во околната темнина случајниот намерник има чувство како манастирот да лебди, слегувајќи […]

vlasi

Власите од Македонија остро реагираат поради непризнавањето како малцинство во Романија

Унијата за култура на Власите од Македонија со индигнација и револт реагира и ја осудува одлуката на романскиот Парламент, донесена на 8 мај годинава, со која се направија измени и дополненија на Законот 299/2007, со кои измени Романија ги прогласува за Романци сите тие кои живеат на Балканот, надвор од границите на Романија и зборуваат […]

janko-tomov

Да се спречат навредите врз Македонците од Австралија

Јанко ТОМОВ Грците, преку грчките лоби групи и владини претставници во Светот ги убедуваат своите сојузници, Американци, Британци, Германци, Французи и други, дека ако се признае уставното име и сите карактеристики на  Македонците, тогаш со право Македонците и Република Македонија ќе ја нападнат северната провинција-Македонија, која е окупирана од денешна Грција. Исти злобни зборови Грците  […]

borenje-so-mecka-1

Во Сиднеј успешна премиерна изведба на драмата „Борење со мечка“

Минатата сабота, 11.05.2013 година, се одржа премиерната престава на драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, а во продукција на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Културниот центар „Илинден“ во Рогдал како и секогаш беше домаќин на премиерната изведба на овој реномиран театар кој повторно покажа дека работи на професионално креативно […]

Rukopisi---korica

Младите македонски автори се меѓу најуспешните од просторите на поранешна Југослација

Во Зборникот на поезија и кратка проза „Рукописи“ Во триесет и шестото издание на Зборникот на поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија „Рукописи“ чиј издавач е Домот на младите во Панчево, застапени се шестмина млади македонски поети и двајца млади македонски прозаисти, со што, оваа година, во овој реномиран […]

mihail-sharinovski-solunski

Михаил Шариновски (Солунски): „Експозе по македонското прашање” – 1975 г. (1 дел)

Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999) Михаил Шариновски-Солунски, беше претседател на ДООМ од 1977-1982 и потпретседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Перт Западна Австралија, во 1990/91 година. Михаил е роден во с. Бапчор, Егејска Македонија, во 1932 година, а почина во Перт, Западна Австралија, во 1999 година. МИХАИЛ ШАРИНОВСКИ (СОЛУНСКИ): ИДНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД […]

Имала мајка едно ми чедо

Имала мајка едно ми чедоедно ми чедо Никола.Очите ѕвезди лице трендафиллевенто чедо крилато. Ееееј Николаееееј јунак пирински. Му здодеало од чорбаџииод клето ропство фашистко.Тргнал Никола в бој да се биеза наша мајка Македонија. Дигнал ми глава херој Николаза правда и за слобода.Тргнал Никола в бој да се биеза наша мајка Македонија.

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ во Стокхолм

Во рамките на прославата на 20 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Р. Македонија и К. Шведска, во прекрасниот амбиент на Eric Ericsonhallen во Стокхолм на 8.05.2013 година, беше изведен заеднички концерт од страна на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Lilla Akademien од Шведска, на којшто преку  звуците на заеднички компонираното дело „Пријателство“ […]

mkd-498051

Македонска алијанса во Албанија со свои листи на парламентарните избори

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на престојните парламентарни избори кој ќе се одржат на 23 јуни 2013 година ќе настапи со своја листи со 86 кандидати во 12 изборни региони во Албанија. На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Демократската партија на Сали Бериша и […]

To top