Обичаи и верувања од Кочанско
Во селото Лешки мажите носат високи до под колената волнени дорамчиња, нашарени со геометриски мотиви, повеќе со црвена боја по пазувите. Тука употребуваат вили од природно дрво, дополнително завиени на врвовите. Имиња на делови на алатот за ткаење: разбој, страница, кросно, (две кросна), повртулка, фатала, брдо, нишељки, суфељка, гугутка, со шкрипец, прачка кроснена, поднушка, разпонки, цафка, […]