Архива за: 08.07.2026

Како ВМРО ги носело смртните пресуди за предавниците

Револуционерните судови на Организацијата имале утврдена постапка, а најтешките казни се изрекувале за шпионажа, предавство, разбојништво и откривање организациски тајни Пишува: Блаже Миневски Уште во Уставот на Кресненското, односно Македонското востание од 1878 година, било предвидено дека секој за кого ќе се утврди дека е шпион ќе биде казнет со смрт. Според д-р Милка Ристова, […]

„Клеопатра од Кравари“ – психолошки омаж за еден губитнички карактер

Во мај годинава, на сцените во Rockdale, Bankstown и Wollongong, во присуство на бројна публика, беше прикажано најновото драмско дело од познатиот македонско-австралиски поет и драматург Душан Ристевски од Сиднеј, под наслов „Клеопатра од Кравари“. Неодамна, во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, оваа драма е објавена и како книга, а овде […]

Коњаницата Бигорски Манастир „Патот на Црешовото Топче“ по седумнаесети пат тргнува кон славно Крушево

На 26 јули 2026 година, Коњаницата Бигорски Манастир „Патот на Црешовото Топче“ по седумнаесетти пат ќе го продолжи илинденскиот марш од Зубовце до Крушево и Мечкин Камен, по пат долг околу 200 километри. Во здружената Коњаница Бигорски Манастир „Патот на Црешовото Топче“ учествуваат коњаници од Гостиварско, Скопје, коњаницата „Илинден“ од селото Радово – Струмичко, „Костурска […]

„1762 лето“ – „В Охрида од Цариграда дошел салаор“: бесмртната песна на Григор Прличев за трагедијата на Охридската архиепископија

Повеќе од два и пол века по укинувањето на Охридската архиепископија, стиховите на Прличев продолжуваат да одекнуваат како сведоштво за една историска неправда и како потсетник на вековната борба за зачувување на духовниот и националниот идентитет. Токму затоа „1762 лето“ не е само песна за минатото, туку и порака до идните поколенија дека народот кој […]

РАКОПИСНИ ТЕКСТОВИ ОД „ЖИТИЕТО НА БОГОРОДИЦА” (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Варијанти со ракописни текстови за „Житието на Богородица“се срекаваат, меѓу другите, кај рускиот автор  И. Порфирев, украинските автори И. Франко и A. Јацимирски, бугарскиот  автор B. Јагич, српскиот автор Ст. Новаковиќ и други. Митрополитот српски Михаил, меѓу мнозина други […]

ЛЕФТЕР МАНЧЕ ДИПЛОМИРА НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ДЕБРЕЦЕН (22)

ЛЕФТЕР МАНЧЕ ДИПЛОМИРА  НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ДЕБРЕЦЕН (22) ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Градот Дебрецен е вториот по големина град во Унгарија и е оддалечен 220 km од Будимпешта, а распослан е во големото унгарско поле што опфаќа повеќе од половина од државата. Во градот нема ниту планина ниту […]

Хунзите – народот од Каракорум што ја чува легендата за војската на Александар Македонски

Во 2008 година, по покана на новинарката Марина Дојчиновска, Македонија ја посети делегација од Хунза, предводена од Мир Газанфар Али Кан и Рани Атика, кои отворено зборуваа за преданието дека нивниот народ потекнува од војската на Александар Македонски. Во најсеверниот дел на Пакистан, меѓу високите врвови на Каракорум, се наоѓа долината Хунза – едно од […]

Стоби – античкиот град што ја раскажува историјата на Македонија

Со соодветна туристичка промоција, современа инфраструктура и внимателна заштита на културното наследство, древниот град може да привлече посетители, истражувачи и љубители на историјата од целиот свет и да стане едно од најпрепознатливите лица на Македонија на светската културна и туристичка карта. На местото каде што Црна Река се влева во Вардар со векови се развивал […]

Владина реконструкција: Ова се биографиите на новите министри

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од […]

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

СДС не може да избега од сопствената одговорност – предметот го отвори СЈО, а судскиот исход е последица на измените на Кривичниот законик што ги донесе токму нивната власт Падна уште еден случај што со години беше користен како инструмент за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината […]

Полна уста Европа, полни раце блокади

Со блокадата на Изборниот законик, СДС, ДУИ и Левица ја блокираат европската иднина на граѓаните на Македонија Блокадата на Изборниот законик не е обична политичка расправија во Собранието. Тоа е директна блокада на реформската и европската агенда на Македонија, а со тоа и на подобрата иднина на граѓаните. Реформската агенда значи повисоки демократски стандарди, подобри […]

Никој не му се плаши на Мицкоски – рече Филипче и се оддалечи на безбедно растојание

Изјавата на Венко Филипче дека „никој не му се плаши на Мицкоски“ ме потсети на деновите од младоста, кога двајца тинејџери ќе се скараа во маало, а работата ќе дојдеше до работ на тепачка. Во таквите ситуации, послабиот обично најгласно се обидуваше да покаже дека е силен. Ќе ги подвиткаше ракавите, ќе го кренеше гласот […]

To top