Култура и туризам

РАКОПИСНИ ТЕКСТОВИ ОД „ЖИТИЕТО НА БОГОРОДИЦА” (19)

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Варијанти со ракописни текстови за „Житието на Богородица“се срекаваат, меѓу другите, кај рускиот автор  И. Порфирев, украинските автори И. Франко и A. Јацимирски, бугарскиот  автор B. Јагич, српскиот автор Ст. Новаковиќ и други.

Митрополитот српски Михаил, меѓу мнозина други автори, го обработи животот на пресвета Богородица. Во делото веднаш го цитира искажувањето на цариградскиот архиепископ од 5-от век. Свети Прокло, кој вели: „Сите спомени за светците се многу славни, но ништо не може да се спореди со славата на Богородица”.

Покрај сите други детали од животот на Богородица, посебно е апострофиран Назарет, каде што жителите веруваат дека пред постојниот длабок бунар во една христијанска црква од овој град се случило благовестието. Верниците доаѓаат по оваа лековита вода. Во овој град Исус Христос минал триесет години земен живот.

Во делото митрополитот Михаил посебно се запира врз деталите од патувањето на Богородица со свети Јован Богослов. Тие тргнале кон Кипар, кај владиката Лазар (четиридневниот Лазар). Бурата ги спречила да стигнат на Кипар, а ги одвела во Света Гора.

Михаил пишува: „Света Гора и припаѓа на Македонија и во тоа време беше полна со безбожни идоли, а најголем бил храмот Аполонов, каде што се вршеа многу врачбини”. Безбожниците ја пречекале по пристигнувањето на лаѓата, а Богородица им раскажала за Христовото раѓање. По нејзините раскази сите присутни се покрстиле.

Богородица оставила еден свој човек да ги поучува, а на присутните им рекла: „Ова место ќе биде моја имовина, која ми ја даде Синот и Богот мој. Неговата благодет нека го покрива ова место и сите оние кои овде живеат со вера и побожност… Јас ќе бидам застапница на ова место и топла преносница пред Бога”. По ова обраќање Богородица запловила кон Кипар.

Митрополитот говори за нејзината слава. Богородица спасува многу градови и прави големи чуда. Се смета дека евангелистот Лука бил талентиран сликар и прв ја насликал Богородица, а иконата се наоѓала во Антиохија, каде што е роден Лука, потоа во Ерусалим, во Цариград. Нејзиниот појас бил зачуван во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Цариград бил донесен и нејзиниот покров, како и ризите.

Императорот Лав Македонец изградил две цркви во чест на Богородица, во кои се случувале чуда. Во Влахерн се чувале ризите, а во другата црква имало живоносен извор, каде што се излекувал и царот Јустинијан. Богородица трипати го спасувала и Цариград.

Во Света Гора има многу икони со ликот на Богородица. Во манастирот Хилендар се наоѓа иконата „Богородица Трорачица”. Свети Јован Дамаскин оздравел, молејќи се пред оваа икона. Еретиците му ја отсекле на Јована левата рака. Јован се молел пред иконата и раката му била вратена.

По ова чудо Јован направил сребрена рака и ја обесил на иконата. Иконата ја однесол во Палестина, каде што починал. Иконата ја добил свети Сава во Палестина и ја однел во Србија. Оттаму, на чудесен непознат начин, се нашла во Света Гора

Света Гора

Позната е повеста за чудотворната икона на благовеста, т.н. „Големоблагодетна” на островот Тинос во Грција. Пред самото грчко востание против Турците, во 1821 година, Богородица му соопштила на стариот градинар Михаил Полизоис дека нејзината благо-датна икона е закопана на одредено место пред 800 години.

Следната година 1822 Богородица се појавила пред монахињата Пелагија од женскиот манастир со потекло од 10-от век и побарала на местото од закопаната икона да се подигне храм Света Богородица. Пелагија се плашела тоа да го открие, но на третиот пат Богородица изјавила дека ќе ја казни ако не ја послуша.

Веста допрела и до епископот, кој одобрил да се ископа местото што го одредила Богородица. Пронашле стар храм и на негово место бил изграден нов христијански храм. Потоа била пронајдена и ископана и иконата на Благовестието – Богородица со архангелот Гаврил.

Co пронајдувањето на иконата исчезнале болестите на островот Тинос, а луѓето поверувале во победата над Турците. На денот на Благовестието пред таа икона се случувале многу чуда. Во главниот храм на островот Тинос сите овие чуда се запишани и се чуваат.

Богородица станала старешина на еден манастир каде што калуѓерите се карале. По нивните расправии иконата на Богородица се преместувала невидливо од олтарот на игуменскиот стол. Калуѓерите сфатиле дека Богородица треба да е старешина.

Литературата за животот на Богородица е присутна во сите христијански средини. Направени се и библиографски осврти за земниот живот на дева Марија, за иконите и црквите што и се посветени, како и за посебно чудотворните икони со нејзиниот лик.Чудата на дева Марија во хрватските глаголски збирки се постојана преокупација на Иванка Петровиќ, на кои им е посветен еден цел број од списанието на Старословенскиот институт во Загреб.

Меѓу бројните чуда што и се припишуваат на Богородица е и тоа со свети Јован Кукузел. Кога свети Јован го пеел акатистот на Богородица, пред иконата на Богородица, во светогорскиот манастир свети Атанасиј, заспал. Пред него се појавила дева Марија и му рекла: „Биди здраво чедо мое, пеј, пеј, и не престанувај да пееш, јас поради тоа нема да те оставам.” 

Притоа таа му оставила еден златник во раката. Јован се сепнал од сонот и во раката навистина имал златник. Заплакал од радост. Го приопштил златникот на иконата со ликот на Богородица. Таа икона правела разни и бројни чуда пред посетителите и страдалниците, кои ја барале помошта на дева Марија.

Меѓутоа, најубавата народна македонска легенда, цитирана во литературата повеќе-кратно, истакнува дека Богородица, по воскреснувањето на својот син Исус Христос, заминала заедно со Јован Богослов во Македонија, што го потврдува и самата Библија.

Продолжува

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top