На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бришеше „македонски“ од институциите, Филипче е подготвен да го доврши бришењето на македонскиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и лидерот Венко Филипче продолжуваат со политики кои, според партијата, се насочени кон поткопување на македонскиот национален идентитет и државните интереси. Од партијата велат дека процесот започнал за време на владеењето на Зоран Заев, а сега, како што наведуваат, Филипче е подготвен „да го доврши бришењето на сè што е македонско“.

Според соопштението, СДСМ бесрамно тврди дека ги заштитиле идентитетот и историјата, додека во пракса ги менувале имињата на институциите, па така „Македонска опера и балет“ станала „Национална опера и балет“. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и дека бил вршен притисок врз Фудбалската федерација на Македонија да го промени своето име.

Партијата реагира и на, како што велат, „релативизирањето на македонската историја“, посочувајќи дека биле поставувани табли пред споменици на македонски историски личности со кои тие се претставувале како дел од „хеленската“, односно старогрчката историја.

Во соопштението се наведува дека терминот „промакедонски“ е сосема легитимен и означува застапување на македонските национални и државни интереси, а СДСМ и Венко Филипче, според ВМРО-ДПМНЕ, немаат проблем со користењето на терминот „северномакедонци“ и не реагираат на негирањето на македонскиот идентитет од страна на Бугарија.

Од партијата додаваат дека вистинскиот проблем не се Бугарите во Уставот, туку, како што тврдат, постојаните барања за отстапки од македонскиот идентитет, јазик и историја. Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче ги застапува истите позиции како официјална Софија.

Во вториот дел од соопштението, ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на одлуката на ЈО ГОКК да ја запре постапката за случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, тежок 167 милиони евра. Од партијата го обвинуваат шефот на ЈО ГОКК, Ислам Абази, дека ја ставил правдата во служба на СДСМ и ДУИ и дека со затворањето на случајот ги заштитил Васко Ковачевски, Асмир Јахоски и нивните соработници.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е преседан во македонското правосудство – случај од висок јавен интерес и тежок милионски криминал да биде затворен уште пред да стигне до судска постапка. Од партијата тврдат дека одлуката е политички мотивирана и претставува доказ за влијанието што, како што велат, сè уште го имаат Зоран Заев, Али Ахмети и Венко Филипче врз делови од обвинителството и судството.

ВМРО-ДПМНЕ го повика Ислам Абази да поднесе оставка, оценувајќи дека со ваквите постапки се урива довербата во правосудниот систем и се создава чувство на неказнивост за висока корупција и организиран криминал.

Најново од: На прво место

Злосторства на грчките реакционери врз македонското население во Егејска Македонија

„Борба“ во 1945 година: Југословенскиот печат известува за злосторства врз Македонците во Егејска Македонија Весникот „Борба“, официјален орган на Комунистичката партија на Југославија, на 2 јули 1945 година објавува напис за насилствата што биле извршени врз македонското население во Егејска Македонија. На насловната страница на белградскиот дневен весник „Борба“, број 159 од 2 јули 1945 […]

Од Бугарите во Уставот и Македонија нема реформи до гласот на дијаспората

Со месеци тврдеа дека Македонија нема реформи и дека уставните измени се единственото решение, а по позитивните оценки од Европската Унија фокусот го префрлија на гласањето на дијаспората Во изминатите месеци претседателот на СДС, Венко Филипче, и раководството на партијата речиси секојдневно ја сведуваа политичката дебата на две теми – внесувањето на Бугарите во Уставот […]

Ауди А6 на Мерко продадено за 22.000 евра – купувач е компанија од битолско

Луксузното службено возило, кое пред седум години беше набавено за околу 67.000 евра, е продадено на јавна аукција, а средствата ќе бидат искористени за намалување на долговите на Општина Струга. Службеното возило „Ауди А6“, кое со години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна електронска аукција за 1.350.000 денари, односно […]

Филипче и СДС ја свртеа плочата: од „нема реформи“ до напад врз дијаспората

Од Брисел пристигна директен демант на тезите на СДС – Македонија е меѓу земјите со најголем реформски напредок во Западен Балкан СДС повторно покажува дека, кога нема политичка визија, посегнува по блокади и менување на темата. Откако со години ја туркаа темата за внесување на Бугарите во Уставот без јасни и цврсти гаранции за Македонија, […]

Ако Македонија не спроведува реформи, зошто ЕУ ја наградува?

Како сега СДС ќе го објасни овој факт – ако нема реформи, зошто Македонија добива дополнителна поддршка од Европската Унија? Со години СДС ја повторува истата политичка теза — дека Македонија не спроведува реформи, дека Владата ја оддалечува државата од Европската Унија и дека земјата не ги исполнува европските обврски. Но сега доаѓа факт што […]

Парите од дијаспората им се добри, ама гласот им пречи

Кому му пречи Македонците од странство да одлучуваат за иднината на Македонија? Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на Сител отвори едно многу важно прашање: кому, всушност, му пречи македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин? Мицкоски јавно повика да се најде модел со кој Македонците во странство полесно […]

Ацо Крстески: Добредојдовте на третото издание на „Гласот на вечноста“ во Охрид

Настанот на Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид, со цел афирмација на македонската вистина, наследство и иднина. Со особена чест и радост ја споделувам најавата за третото издание на „Гласот на вечноста“, кое ќе се одржи на 16 јули 2026 година во Охрид. Охрид не е случајно […]

Наместо да се соочи со сопствената политичка криза, СДС повторно посегна по навреди, етикети и теории на заговор

На СДС очигледно му смета сè што не може да го контролира. Му смета власта кога не е негова, му смета дијаспората кога бара право на глас, му смета јавната дебата кога не е под партиска команда, а сега му смета и секој обид за разговор за обединување и преобликување на опозицискиот простор. Наместо да […]

To top