Коментари

Филипче и бугарските позиции – политиката на молк пред уцените

Македонска Нација

Македонска Нација

Во време кога Македонија бара јасни европски гаранции дека македонскиот идентитет, јазик и историја нема повторно да бидат предмет на уцени, блокади и нови понижувања, однесувањето на бугарската политика не е изненадување. Софија отворено покажува дека сака да го задржи механизмот за притисок врз Македонија, оставајќи простор за нови условувања и нови барања кои директно удираат врз македонското национално прашање.

Но, загрижувачко е кога истата таа позиција, макар и индиректно, ја прифаќаат и домашни политичари. Токму тука се отвора прашањето за улогата на Венко Филипче – човекот кој сè повеќе делува како продолжена рака на политиките на Зоран Заев, а не како политичар што ги брани македонските државни интереси.

Додека македонскиот народ бара достоинство, јасни црвени линии и гаранции дека никој повеќе нема да тргува со идентитетот, Филипче молчи или застанува на позиции што чудно се совпаѓаат со ставовите на официјална Софија. Наместо јасно да побара гаранции дека нема да има нови блокади и нови историски условувања, тој остава простор за релативизирање на најважните национални прашања.

Тоа не е случајност. Македонската јавност одамна препознава политички континуитет меѓу Заев и Филипче. Политика на попуштања, политика на тивки отстапки и политика во која секогаш Македонија е таа што треба да се извинува, да се коригира и да се откажува од делови од сопствениот историски и национален идентитет.

Повеќе од очигледно е дека Филипче е ставен во позиција да одработува за туѓи агенди. Прашањето е дали тоа го прави поради политички долгови, надворешни влијанија или поради целосна зависност од структурите што го создадоа политички. Но, каква и да е причината, последицата е иста – слабеење на македонската национална позиција во момент кога државата мора да покаже единство и цврстина.

Историјата покажала дека секој политичар кој се обидел да гради кариера врз отстапки од македонските национални интереси на крајот бил поразен од народот. Македонците можат да простат политички грешки, но тешко простуваат понижување на сопствениот идентитет и достоинство.

Затоа и обидите на Филипче да ја продолжи политиката на Заев се осудени на неуспех. Народот веќе еднаш ја виде цената на таквите политики – поделби, разочарувања и постојани национални отстапки без никаква реална добивка за Македонија.

Колку повеќе Филипче се доближува до бугарските позиции и се оддалечува од чувствата на македонскиот народ, толку повеќе се оддалечува и од сопствената политичка иднина. Наместо алтернатива, тој станува симбол на една потрошена политика која граѓаните сè помалку сакаат да ја гледаат на македонската политичка сцена.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top