Култура и туризам

Монашка населба – „Св. Преображение“, с. Зрзе

Македонска Нација

Монашка населба од крај на IX до последните децении на XV век

Културниот комплекс “Св. Преображение” се наоѓа 35 км северозападно од Прилеп и го опфаќа централниот дел на една заокружена биографска целост западно од селото Зрзе. Во средиштето на овој микрорегион е лоцирана пространа бигорна карпа врз чија горна површина е изграден средновековен манастирски комплекс со црква посветена на Св. Преображение.

Во рамките на систематските археолошки истражувања 2008 – 2009 година, кои ја опфатија јужната, источната и северната падина од бигорната карпа како и делови од горното плато на карпата беа откриени остатоци од средновековна монашка наелба, при што со сигурност се евидентирани 48 функционални целини, именувани како испосници, тихувалишта, работилници, комуникациски платоа и сл., како и делови од уште 17 објекти.

Сегментите од средновековната монашка населба се распоредени во седум нивоа/спратови, а врз основа на стратиграфските анализи и функционалните согледби се издвоени три основни етапи на егзистенција.

Со првата етапа со сигурност се поврзуваат тринаесет функционални целини, во најголем дел испосници, распоредени во горните сегменти од јужните, источните и северните падини од бигорната карпа. Треба да се напомене дека за конституирање на овие објекти се користени природните вдлабнувања – пештери во бигорната карпа, хоризонталните платоа оформени после експлоатацијата на бигорот во III – IV век, како и зарамнетите површини врз срушените објекти на доцноантичкото подградие. Хронолошкото детерминирање на оваа етапа во времето од доцниот IX до последните децении на XI век со сигурност го потврдуваат големиот број фрагменти од садова керамика чии аналогии во голем број ги следиме меѓу наодите од централните делови на Балканскиот Полуостров.

Со втората етапа, хронолошки детерминирана во времето од раниот XII до првите децении на XIV век се поврзуваат десет функционални целини, како и делови од уште пет објекти, меѓу кои се и јужната пештерна црква, четири испосници со јасно издиференциран живеалишен простор и сегмент за ракоделие, пет тихувалишта на кат во внатрешноста на карпата и др. За оваа етапа од особено значење е конституирањето на комплексот на централната пештерна црква, кој, покрај црквата го сочинуваат: егзонартекс, три тихувалишта на кат и параклис. За градбените методи на оваа фаза е карактеристична употребата на внимателно обработени подни камени плочи.

Третата етапа, која хронолошки ја поврзуваме со почетната фаза од егзистенцијата на манастирската црква изградена врз горното плато од бигорната карпа, се карактеризира со понатамошната егзистенција на поголемиот дел од отпорано конституираните испосници, тихувалишта и комуникациски платоа, со тоа што кај работниот сегмент на испосниците следиме процес на усовршување на техничко – технолошките постапки на работа со јасно диференцирање на печки, огништа, работни платоа и сл. Според типолошко – хронолошките особености на наодите (садова керамика, фрагменти од фрески, монети, фреско – натпис, орудија, градежна керамика и сл. ), оваа етапа ја датираме во времето од третата деценија на XIV до последните децении на XV век од кога што следиме процес на нагласено напуштање на монашката населба врз падините од карпата и пренесување на содржините на просторот од горното плато на бигорната карпа.

Културен комплекс “Св. Преображение”, с. Зрзе

Монашка населба од крај на IX до последните децении на XV век

Бранислав Ристески
Превземено од  Македонски Археолошки весник

Најново од: Култура и туризам

Туризмот како голема развојна шанса за Македонија

„Македонска нација“ со свој скромен придонес ја отвора темата за можностите, предизвиците и идниот развој на туризмот во Македонија. Македонија нема море, но има приказни какви што ретко која земја во светот може да ги раскаже. Македонија е земја на сонцето, древна земја на Филип и Александар Македонски, низ која минувал еден од најзначајните патишта […]

Христијанството – религија на Македонците

Дел од публикацијата „Македонски иселенички меридијани – Христијанството кај Македонците“ од Славе Катин Почнувајќи од древните времиња, па сè до денес, Македонија била, е и ќе остане простор на кој се вкрстуваат различни цивилизации и религии. Христијанството се појавило на овие балкански простори пред многу векови, уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија, […]

Света Петка во Кочански Дол – светилиште меѓу Кочани и Оризари што три децении се гради со вера

Меѓу Кочани и Оризари, среде зеленилото и тишината на Кочански Дол, се наоѓа храмот посветен на Света Петка Римјанка. Веќе околу три децении ова светилиште се гради и се уредува со доброволна работа, прилози и силната вера на луѓето. Далеку од градската врева, во природниот предел на Кочански Дол, верниците наоѓаат место за молитва, духовен […]

Дама од Македонија во 1568 година – гравура што го сочувала изгледот на македонската жена

„Дама од Македонија во 1568 година“ – рачно обоена гравура според цртеж на Никола де Николе, објавена во Лондон од Томас Џеферис во периодот 1757–1772 година. Облека на дама од Македонија во 1568 година е историска гравура што го прикажува начинот на облекување на една македонска жена во втората половина на XVI век. Делото претставува […]

Пештерната црква „Св. Богородица“ кај Туминец

Во пазувите на карпестиот предел Орлов Рид, недалеку од селото Туминец и македонско-албанската граница, се наоѓа еден од највредните средновековни пештерни храмови во областа Преспа – црквата „Св. Богородица“. На околу педесет минути пешачење источно од селото Туминец, во карпестиот предел Орлов Рид, на само десетина метри од границата со Република Македонија, се наоѓа овој […]

Апостол Павле – гласникот кој го рашири христијанството

Христијанството е религија на оние кои веруваат во Исус Христос и го следат неговиот живот и учење, кои се среќаваат во Новиот завет на Библијата. За христијаните, Исус Христос е Син Божји и спасител на човештвото. Затоа христијанството станува масовна светска религија со околу 2,1 милијарда верници во светот. Инаку, зачетоците на христијанството датираат уште […]

Битолскиот триод – македонски ракопис од XII век, однесен од Македонија во Софија во 1907 година

Битолскиот триод е еден од најзначајните средновековни книжевни споменици од Македонија. Напишан е на пергамент со кирилско писмо, но содржи бројни глаголски вметнувања и јазични особености карактеристични за западномакедонските говори и за Охридската книжевна школа. Битолскиот триод, познат и како Кичевски триод, претставува исклучително вреден македонски средновековен ракопис. Во науката најчесто се датира во втората […]

Успение на Пресвета Мајка Богородица

Дел од монографијата за манастирот „Света Богородица“ во Сливница, од д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин Кога мудреците му се поклониле на Младенецот, заминале по друг пат во татковината, бидејќи добиле на сон известување од Бога да не се враќаат пред Ирод. На Јосиф му се јавил на сон ангелот и му рекол: „Стани, земи […]

To top