Коментари

СЕ’ ИЛИ НЕШТО

Петре Кривчевски

„Волкот крзното го менува но не и табиетот“ е народната со која сакаме да продолжиме и ја вадиме на виделина вистината за политиките, стратегиите, методите и средствата на „стриптизетка“ опозицијата. Инаку кај нас простите, некапените, неписмените и т.н. „не“ граѓаните, што ни се епитетите од ЕВРО-љубителите, стриптизетки ги нарекуваат старите искубани кокошки кои се чистат од фармите и од камион пошто-зошто се (про)даваат по пазарите. Станува збор за компарација која и и҆ доликува на формата без суштина, старата крнтија која бр(м)че а не оде (на избори) и која некои се уште ја нaрекуваат партија.  Едни од потреба други по навика.

Се нема дилема, неподелено е мислењето дека решение на кризата се изборите. Да, но ќе дозволите, на кои СДСМ ќе победи. Како? Вака, шарено! Со платено и увезено лудило, Соросова пропагандна машинерија и, се подразбира, под чадорот на факторот. Проклето, Белата куќа и старата ороспија исаф милионски држави со милијарди долари демо(н)кратизираа та за оваа педа земја и рака народ и грст им се доволни.

Примамливо звучи долу аболиција 56/56 на амбачадорот Га(ј)рет, арно ама не и целосно ако не е 62/62. Фалат уште 5 за „Глобал“ и плус 1 за Заев, единствениот преостанат аболиран политичар. Цар! Но, кога сме веќе кај дипломатов да (го) прашаме: а шо мајка бара нос да пика во македонцките внатрешни работи? Шо не си пули масата во куќата под Водно и околу неа оградата. Толку колку што му следува а не да мудрува и пресудува кој, како, зошто, кога. Какви сме такви сме, колку сме толку сме – „токму“ сме. На крајот на краиштата и да не сме сите „со сите“ што го боли забот него кој е кој што е што? Ај море в ќумец таму внатре или пак сиктер оттука надвор!

Состојбите се и премногу јасни. Или вистинските социјалдемократи да им дадат шут карти на неситите гниди и јуди во нивните редови или, пак, како противтежа да се воздигне некоја нова и чиста партија. Автентична, со визија и програма а без приватизација, безработица, безрбетници и слични опашки. Вака, иако горат и се’ ќе сторат (скроз!) да го тргнат Груевски, ќе губат дури мрдаат макар и од било кој од неговите наследници се’ додека овие чуваат национални интереси, нудат програми, даваат отчети, остваруваат проекти и, се разбира, покрај сите пропусти. Вистината е една иако за некого тешка: ВМРО создава со грешка – СДСМ уништува без грешка! Тука споредба нема а камоли и равенство. Затоа и 9:0 ем прпа од 10 па 1000 изговори и бришка од избори.

Значи гласно резонираме и јасно констатираме. Смена на Груевски е можна, дума да нема. На ВМРО исто така. Арно ама, се покажа и докажа, ѓаволски тешка работа е инсталирање на СДСМ на власт со оваа корнишон & Луј Витон двојка. Или не барем на подолго. Лимитите на другарите кои се наклонуваат на снимките и поклонуваат на странците се тие и толку: техничка влада во која би партиципирале, широка коалиција, експертска ли (со дел нивни кадри) и слични без избори изнудени хибриди. Скорешна изборна победа за оваа искусена гарнитура е само пуста желба без никаква основа. Тоа е. Времето на едноумието било и поминало а само подзапрело во Венецуела, Куба, Северна Кореја и во главите на слугите на увезената и платена шарада кои тие милуваат да ја нарекуваат револуција. Ако, нека, и петлите и кокошките имаат право да сонуваат орловски височини, зарем не?

Па добога кој уште би прифатил и вратил транзициски термити, национални (име, знаме, устав) предавници, пролетери-профитери со милионски банкарски сметки и разно-разни јајца кукавички? Рецидивите од минатиот век и систем и нивните готоваана следбеници полека но сигурно демократијата и коњуктурата ги (о)ставаат тамо и каде што им е местото. На буништето од минатото, црвеното еднопартиско гумно од срп покосени човечки судбини и масовна гробница од чекан смачкани разномислечки глави. Срамната голгота и гола вистина за голите отоци, безмилосни човечки млинови.

(Б)една е вистината за постоење и делување на ова матно друштво без никаква свест и одговорност, мутирана сина измама со стара црвена генетика во три варијации на тема. Прво, да се сами власт и тогаш ќе бидат и сити и бубалки. Второ, да се партиципиенти во „шарена“ влада (техничка, преодна, широка…) по цена троа мир – троа немир. И трето, доколку не се воопшто дел од власта – пекол. Колку за опонентите повеќе за граѓаните, па нека му ја мислат сите што прават. На патот (или крстосниците) на вандалите. Тоа е тоа нивно врвно безобразие: или на власт сами или во власт на други – се или нешто.

П.С. Шарена рев(з)олуција: импичмент за Иванов, Бејли за претседател а Гарет за премиер. (Бело)светско а наше!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top