На прво место

Заврши 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“: Културата како мост за глобален дијалог и соработка

Скопје изминатите два дена беше домаќин на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, кој годинава се одржа под мотото „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“.

На форумот учествуваа дипломати, политичари, експерти, уметници и јавни личности од Македонија, САД, Германија, Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои дискутираа за улогата на културата како средство за поврзување на народите и градење меѓусебна доверба во време на глобални предизвици.

Настанот беше организиран од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и туризам и други државни институции.

Свеченото отворање се одржа во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде беше организирана воведна сесија и панел-дискусија на тема „250 години подоцна: Демократијата, културната моќ и значењето на глобалниот дијалог во свет во промени“.

По повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, учесниците разговараа за значењето на демократијата, културната дипломатија и меѓународниот дијалог во зајакнувањето на довербата, соработката и стабилноста во современиот свет.

На отворањето се обратија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вршителот на должност амбасадор на САД Никол Варнес, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, директорот на Институтот за културна дипломатија Марк Донфрид и композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев. Воведни обраќања имаа и претседателот на Извршниот одбор на ICAC, Иван Иванов, додека модератор беше поранешниот македонски амбасадор во САД, Васко Наумовски.

Во своето обраќање, Иванов истакна дека демократијата не е завршен проект, туку постојан процес на обновување на институциите, слободите и човековото достоинство. Тој нагласи дека културната дипломатија останува еден од најважните инструменти за градење доверба и разбирање меѓу народите и цивилизациите.

Во рамки на форумот беше одржана и сесијата „Лидерството и културата како мостови меѓу цивилизациите“, во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која се обрати пред учесниците.

Во Собранието на Република Македонија се одржа панелот „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“, на кој говореше претседателот на Собранието Африм Гаши. На оваа сесија учествуваа бројни домашни и меѓународни претставници од политиката, културата и дипломатијата.

Посебно внимание беше посветено и на проектот „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“. Во Музејот на Град Скопје беше организирана сесија посветена на културата, креативноста и културната дипломатија, во соработка со Министерството за култура и туризам и Град Скопје.

На оваа сесија се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по што следеше панел-дискусија на тема „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, на која учествуваа истакнати македонски уметници и културни дејци, меѓу кои Дејан Пројковски, Рисима Рисимкин, Братислав Димитров, Ана Дурловски и Гере Трипков.

Форумот уште еднаш ја потврди важноста на културната дипломатија како средство за продлабочување на меѓународната соработка, меѓусебното разбирање и промовирањето на културните вредности во современиот свет.

Најново од: На прво место

Европската Атлантида: Македонија – изгубениот „папок на светот“ што се обидоа да го избришат

„Македонска нација“ со особено задоволство ѝ го претставува на македонската јавност документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на светот’ во земјата што се обидоа да ја избришат“. Станува збор за прекрасен и исклучително вреден документарец, кој преку впечатливи снимки, историски сведоштва и археолошки локалитети ја раскажува приказната за Македонија – земја со длабоки цивилизациски корени, […]

Мицкоски: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе

Премиерот порача дека реконструкцијата на Владата не е казна, туку продолжување на политиката на резултати, при што им се заблагодари на министрите за нивниот придонес и најави нова фаза во реализацијата на владината програма. Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се на 112. седница на Собранието посветена на реконструкцијата на Владата, истакна дека функцијата никогаш не смее […]

Султан Раев: Македонија е нераскинливо поврзана со Александар Македонски и со почит ја чува својата историја

Генералниот секретар на Меѓународната организација за турска култура – ТУРКСОЈ, Султан Раев, ја истакна длабоката почит што македонскиот народ ја покажува кон својата историја, оценувајќи дека токму тоа претставува едно од најсилните обележја на националниот идентитет. Во интервју за МИА, Раев рече дека ова е негова прва посета на Македонија и дека долго време посакувал […]

Собранието денес расправа за реконструкцијата на Владата, на дневен ред разрешувања и избор на нови министри

Премиерот Христијан Мицкоски ќе ги образложи причините за владината реконструкција, а пратениците ќе одлучуваат за повеќе кадровски промени во извршната власт Собранието денеска ќе ја одржи 112. седница, на чиј дневен ред како централна точка е реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на повеќе министри и заменици-министри, како и за избор […]

СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за блокада на Изборниот законик

Опозициските партии не се за реформи, туку за политичка блокада и создавање алиби поради страв од изборен пораз СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку продолжување на политичките блокади. Иако со месеци учествуваа во разговорите и во усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне конечен […]

Млади стрип-таленти ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Под покровителство на групацијата „Стрип центар – Стрипот може“, Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски ќе творат рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност ЈОШАНИЧКА БАЊА – РАШКА – Од 9 до 13 јули, Јошаничка Бања ќе биде епицентар на регионалната стрип-сцена. Годинава традиционалната, 14. Меѓународна стрип-колонија во Рашка […]

Петровден и Галичката свадба – ден кога Галичник ги венчава верата, љубовта и традицијата

На празникот на светите апостоли Петар и Павле, Галичник повторно оживеа со мијачки носии, бајраци, зурли и тапани, претворајќи ја свадбата на двајца млади во празник на цела Македонија На 12 јули православните христијани го празнуваат Петровден – празникот посветен на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, двајца од најзначајните проповедници и столбови на Христовата […]

Филипче ја обвинува Владата за проблемот што СДС сам го создаде

СДС прифати асиметрична рамка без гаранции, а сега бара Македонија да ја плати цената со нови отстапки Политички е неодговорно Венко Филипче денес да ја обвинува Владата на Христијан Мицкоски дека Македонија не напредува кон Европската Унија, кога токму СДС ја доведе државата во сегашната положба. СДС го прифати таканаречениот француски предлог без цврсти гаранции […]

Најнови вести

To top