На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Нема уставни измени без европски гаранции и почитување на пресудите од Стразбур

Сѐ поочигледно е дека Венко Филипче ја следи политичката матрица на Зоран Заев и го носи неговиот политички багаж во обид да ја задржи контролата врз партијата на Бихаќка. Токму таа политика на отстапки и попуштања во минатото доведе до последните уставни измени и до промена на уставното име на државата.

Граѓаните веќе ја оценија таквата политика и на изборите јасно покажаа дека не ја поддржуваат, испраќајќи го СДС во опозиција пред речиси две години. Наместо сериозна анализа на причините за изборниот пораз и преиспитување на сопствените политики, Филипче продолжува по истиот пат, обидувајќи се преку додворување кон официјална Софија да обезбеди политички поени и поддршка.

Во јавноста сѐ почесто се поставуваат прашања за релациите што дел од највисокото раководство на СДС ги одржува со структури и активисти кои промовираат бугарски наративи и пропаганда во Македонија. Дополнителна загриженост предизвикува фактот што токму тие кадри се поставени на влијателни позиции во партијата од страна на Филипче.

Во меѓувреме, ставовите на официјална Софија остануваат непроменети. Од бугарска страна и понатаму се пласираат позиции според кои македонскиот јазик е бугарски дијалект, македонските револуционери се претставуваат како Бугари, а Македонците и Бугарите како еден народ во две држави. Тоа се ставови кои директно навлегуваат во прашањата на идентитетот, историјата и националното достоинство на македонскиот народ.

Доколку Филипче навистина сака да биде конструктивен фактор во политичкиот живот, наместо да се додворува на бугарскиот претседател Радев и на политиките што доаѓаат од Софија, треба јасно да ја пренесе пораката дека Македонија нема да прифати нови уставни измени без цврсти и недвосмислени гаранции од Европската Унија. Истовремено, потребно е да се инсистира на почитување на пресудите од Стразбур и нивна целосна имплементација како дел од европските вредности и обврски.

Позицијата на актуелната Влада е јасна – нема да се дозволат нови национални отстапки и нови штети врз државните и националните интереси без конкретни, правно обврзувачки и трајни гаранции од Европската Унија. Македонија премногу пати во минатото добиваше ветувања, а премалку резултати. Затоа, секој иден чекор мора да биде заснован на јасни гаранции, а не на празни политички уверувања.

Најново од: На прво место

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Мицкоски од САД: Антимонот може да ја зголеми стратешката важност на Македонија и економскиот стандард

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, го истакна потенцијалот на антимонот во Македонија, минерал кој има големо стратешко значење, особено за одбранбената индустрија. Според Мицкоски, реализацијата на проектот може да ја зголеми важноста на Македонија како партнер, но и да придонесе за економскиот развој и животниот стандард на граѓаните. „Антимон […]

16-veterani 22

Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба. Но, се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев, со него во Владата, го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси? Одговорот е многу едноставен. Како министер, Филипче […]

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на работната посета на Соединетите Американски Држави оствари значајна средба со Каролајн Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

35 години се доволни и премногу за ваквата „генеза“ да опстојува на политичката мапа во Македонија

Наум Стоилковски Јубилеи не секогаш повикуваат само убави работи од меморијата, туку микс од преживеаното, па и од она што оставило рана, направило краста, белег, и не оформило во животот како искуство. Полнолетството ми започна летото таа ’91 година, среде кампањата за Референдум, а студентскиот стандард во рамки на криминалната транзиција, што пак како генерација […]

To top