Додека европските претставници јавно го поздравуваат напредокот што Македонија го постигнува во повеќе области, опозицискиот СДС и неговиот лидер Венко Филипче продолжуваат да тврдат дека во државата нема никакви позитивни резултати.
Последна потврда за тоа колку ваквите тврдења се далеку од реалноста дојде од евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас, кој на Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан упати јасни пофалби за постигнатото од страна на државата.
„Европската Унија е силно фокусирана на имплементација на енергетските планови и остварување на зацртаните таргети. Во овој контекст, сакам да ѝ честитам на Македонија за усвојувањето на енергетската стратегија и акциониот план, како и за напредокот постигнат на полето на праведната транзиција“, истакна Рокас.
Оваа порака доаѓа во време кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски спроведува низа мерки насочени кон модернизација на енергетскиот сектор, зголемување на енергетската независност и усогласување со европските стандарди.
Додека европските институции ги препознаваат и ги поздравуваат овие чекори, раководството на СДС останува заробено во политиката на негирање на секој успех што го постигнува државата. Наместо да ја поздрават секоја позитивна оценка што доаѓа од меѓународните партнери, тие упорно се обидуваат да создадат слика дека Македонија стагнира.
Но фактите зборуваат поинаку. Кога пофалбите доаѓаат директно од претставниците на Европската Унија, станува јасно дека напредокот е видлив за сите – освен за Венко Филипче и СДС.