На прво место

Од „Твоја Македонија“ до „Твоја држава, твоја шанса“ – дали СДС остана и без сопствени идеи?

Додека Филипче зборува за нов политички момент по Самитот во Тиват, јавноста се прашува зошто СДС до вчера бараше безусловни уставни измени, а денес зборува за нови можности и поинаква динамика во евроинтегративниот процес

На 32. програмски конгрес на СДС, одржан под мотото „Твоја држава, твоја шанса“, претседателот на партијата Венко Филипче порача дека Самитот на Европската Унија во Тиват отворил нов политички момент кој Македонија не смее да го пропушти. Според него, „времето на изговори истече“ и државата мора да го искористи моментот.

Но уште самото мото на конгресот отвори дилеми во јавноста. Многумина забележаа дека пораката „Твоја држава, твоја шанса“ силно потсетува на претходно користените слогани на ВМРО-ДПМНЕ, особено на препознатливата порака „Твоја Македонија“. Наместо нова политичка визија, СДС повторно понуди концепт што за голем дел од јавноста изгледа како веќе видена политичка формула.

Но многу поважно од слоганите е прашањето што следува: што ќе правеше Македонија денес ако се водеше исклучиво според политиките што СДС и Филипче ги застапуваа до вчера?

Со месеци од СДС слушавме дека единствениот пат е безусловно внесување на Бугарите во Уставот, без претходни гаранции, без јасни механизми за заштита на македонските национални интереси и без сигурност дека со тоа ќе завршат сите идни условувања. Според таа логика, Македонија одамна требаше да ги направи уставните измени и да ја затвори темата.

Но денес, по самитот во Тиват и по новите пораки што доаѓаат од европските центри на одлучување, Филипче одеднаш зборува за „нов политички момент“, за нови можности и за поинаква динамика во процесот.

Токму тоа покажува дека прашањето никогаш не било толку едноставно како што СДС се обидуваше да го претстави пред јавноста.

Доколку Македонија ги прифатеше сите услови без гаранции ако што бараше СДС, денес немаше да има простор за нови дипломатски иницијативи, за разговори околу дополнителни гаранции и за корекција на неправдите што со години се наметнуваа врз Македонија од страна на соседите.

Филипче денес ја обвинува Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски за нерешителност. Но фактите отвораат едно сосема поинакво прашање: кој навистина покажува нерешителност?

Дали Владата и премиерот Мицкоски, кои инсистираат на гаранции пред да се преземат нови обврски, или Филипче и СДС, чија политика и ставови често се менуваат во зависност од дневнополитичките потреби и сигналите што пристигнуваат од ЕУ и  соседството?

Државата не се води со менување ставови од денес за утре. Не се води со политички изјави кои траат колку еден медиумски циклус. Националните интереси бараат јасна стратегија, континуитет и принципи што нема да се менуваат по секоја нова изјава од Брисел, Софија или некој регионален самит.

Затоа не би било изненадување доколку веќе утре Радев му се јави од Софија, а Филипче повторно го заборави самитот во Тиват и се врати на старите позиции за безусловни уставни измени. Македонската јавност веќе премногу пати била сведок на вакви политички пресврти и нагли промени на ставовите.

Токму затоа останува дилемата дали зад денешните изјави стои цврсто уверување или само уште една привремена политичка позиција што ќе трае до следниот телефонски повик или нов политички сигнал однадвор.

Партијата која некогаш тврдеше дека нуди нови политики, денес настапува со слоган што силно потсетува на пораки што веќе ги користеше ВМРО-ДПМНЕ. Кога недостигаат нови идеи, најлесно е да се позајмуваат туѓи формули.

Симболично, дури и мотото на конгресот сведочи за кризата на идеи во СДС.

Македонија нема потреба од политичари кои секојдневно ја менуваат приказната. Македонија има потреба од државничка политика која ќе знае кога треба да се направи чекор напред, но и кога треба цврсто да се застане во одбрана на националните интереси.

Македонија премногу скапо ги плати политиките на попуштање на СДС за денес повторно да слуша исти рецепти спакувани во нови слогани.

Граѓаните очекуваат доследност, а не политичари кои денес зборуваат едно, а утре сосема друго.

Најново од: На прво место

СДС секојдневно бара отстапки кон Бугарија, а другите ги нарекува бугарофили

Во македонската политика одамна не е новост некој да го обвинува својот политички противник за работи што самиот ги правел со години. Но, ретко кога јавноста била сведок на толку очигледен политички парадокс како денес. СДС ја обвинува коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека е „најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија“. Истата таа СДС, […]

СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее – повеќе од Бугарија бараат уставни измени и им пречи секој дипломатски успех

Додека Владата бележи меѓународни признанија и дипломатски успеси, СДС и Венко Филипче продолжуваат со реторика што ги поткопува државните позиции и националните интереси. СДС и Венко Филипче не можат да ја сокријат нервозата од позитивните резултати што Македонија ги постигнува на домашен и меѓународен план, па сè почесто настапуваат како продолжена рака на политиките што […]

Нема уставни измени без гаранции – аманет за идните генерации

Пораката на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема да има уставни измени без гаранции“ не е само моментален политички став на една влада. Таа претставува обид да се постави јасна црвена линија што треба да остане како политички принцип и аманет за идните генерации, но и за сите што ќе ја водат Македонија. Оваа позиција отвора […]

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора пристигна во Штип

Преписот на една од најпочитуваните православни икони трајно ќе остане во храмот „Свети Димитрија“ во Ново Село како духовен благослов за градот и верниците Штип денеска беше исполнет со молитва, духовна радост и свечена атмосфера по повод пристигнувањето на преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора. Во присуство на голем број […]

Мицкоски: Разговорите со Макрон и Мерц ми даваат причина за оптимизам за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам за идните чекори на Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека токму директните разговори што ги имал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц му даваат јасна слика за тоа што може да се очекува во наредниот период. По завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, […]

ЕФА едногласно усвои Резолуција за заштита на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на European Free Alliance (ЕФА), кое се одржува во Gandia-Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија и за почитување на правата на малцинствата во процесот на проширување на Европската Унија. Усвојувањето на Резолуцијата претставува значајна меѓународна поддршка за македонската заедница во […]

Македонија покажува европско однесување, на потег е Европа

Акцискиот план за малцинствата, наместо инструмент за унапредување на правата, повторно стана поле за политичка блокада и тест за европската доследност. Бугарија повторно ја заклучува европската врата за Македонија. Македонија повторно се соочува со добро познато сценарио. Исполнува обврски, подготвува документи, спроведува јавни расправи, ангажира европски експерти и се обидува да ги следи правилата на […]

СДС и Филипче не можат да ги поднесат дипломатските успеси на Македонија

СДС и Венко Филипче очигледно ги вознемирува секој дипломатски успех на Македонија. Наместо да се радуваат кога државата бележи напредок, тие реагираат со нервоза, затоа што не сакаат да признаат дека Македонија може да успее и без политика на понижување, коленичење и прифаќање туѓи диктати. Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го […]

To top