Коментари

Мартин ТРЕНЕВСКИ: ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 101

Martin Trenevski 1
1martin1
ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА МАЛТРЕТРАЊЕ, МАКЕДОНИЈА Е СУВЕРЕНА ДРЖАВА 
1. Тешко е да одреди човек која би била централна тема за наша преокупација во оваа 2021 година!? Та не е едно! Дали економијата која е во слободен пад, без или со симболични странски инвестриции, невработеноста, иселувањето, тотален фијаско во земјоделието, односот на ЕУ кон нас, проблематичната Бугарија… Сепак, барем во првата половина од годинава, сметам дека тоа ќе биде долго најавуваниот “историски” попис на населението околу кој уште сега се кршат копјата.
   Го прогласив за историски од повеќе причини, но да почнеме по ред. Иако актуелната власт тврди дека пописот (забелешка: во нивна организација, според нивен закон и спроведен од нивни попишувачи) ќе биде статистичка операција (?), но сите сознанија укажуваат дека во пракса тоа ќе биде пред се  п о л и т и ч к а  операција за да се финализира “Tирaнската пчатформа” со буквално билдање на процентот на албанското малцинство во земјата на најмалку 30%!? Со тоа и би се редефинирале сите сегменти во македонското општество, почнувајки од еднаквата застапеност, примена на Законот за јазиците, вработувањето  во јавните претпријатија и агенции, дипломатијата….
    Да се разбереме: Ние Македонците не сме ни расисти ни шовинисти и немаме ништо против никого! Напротив! Но самата помисла дека некој, од страна, ни наметнува свои ставови, па дури и решенија за тоа: како (според нив) треба да изгледаат работите кај нас, дома, не да иритира, туку навистина предизвикува бура од бес! Впрочем, цел свет виде што се случи на 6ти јануари во “најголемата демократија на светот, САД”, (мечката заигра и во нивниот двор!), кога се гази вољата на народот, а се дава легитимитет на очигледен фалсификат на избори, добро спакуван во обланда на објективност и легитимност на педантно осмислената и прецизно спроведена операција на длабоката држава, нејзините олигарси и сатанисти.
    Ако ваков скандал можеше да се случи во “најголемата демократија на светот”, што да речеме ние овде, во Република Македонија каде истите тие актери, со активна улога на домашните измеќари, ја турнаа легално избраната влада на Груевски и наметнаа режим којшто строго по нивни инструкции ја демонтира македонската држава и нација по сите основи!
   Кога станува збор за пописот во Македонија (закажан е да се одржи од 1 до 21 април годинава), сепак сметам дека таа операција, како што е замислена во некои подземни штабови,  н е м а  да им успее (Дај Боже). Повеќе фактори укажуваат на такво нешто. Пред се, одржување на попис среде пандемија (замислите кекој вам непознат попишувач да ви влезе дома – без потврда за негативен Ковит 19 тест и да ве малтретира со бројни прашања!?) е силеџиство и ништо друго (Германија,  Ирска и Шкотска го одложија пописот од овие причини за следната-2022 година). Охрабрува  ставот на МПЦ-Охридска Архиепископија што гласно го соопшти владиката Петар, дека нема да признаат попис доколку во него нема графа за национална и религиозна припадност!!! Најава за непризнавање на пописот стигна и од Партијата на Србите во Македонија преку изјавата на нивниот претседател Иван Стоиљковиќ.
     Најсилна порака против фалсификатот што го подготвува власта со понудениот закон за попис што предвидува и попишување на граѓани кои подолго од една година живеат во странство (каде најмногу постои сомнеж за манипулации со бројките!) стигна и од најголемата парламентарна опозициска партија во земјата ВМРО-ДПМНЕ. Партијата јасно и стави на знаење на власта дека: “Ако Заев продолжи да турка политички попис, ВМРО-ДПМНЕ  н е м а  да го признае!!!”. Според партијата, власта нетранспарентно го планира пописот бидејки сосема е јасно дека не сака тој да биде статистичка операција, туку апсолутно политичка!
   ВМРО-ДПМНЕ предлага да се одложи пописот, да се докаже кој граѓанин во моментот на попишувањето е резидент, бидејќи согласно Еуростат се попишуваат резиденти и мора да бидат применети читачите на отисоци на прсти и така ќе знаеме кои граѓани се присутни во моментот на попишувањето! Доколку сето ова не биде прифатено и власта продолжи со злоупотреба на европското знаменце (демек законот да се донесе по итна постапка), ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултатите од пописот!!! ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на терен жестоко да ги девалвира и нема да ги признае резултатите од овој попис затоа што не постои доверба (кон власта), е ставот на партијата!
2.  Како што наближува датумот за изборите во Бугарија, антимакедонската пропаганда кај нив добива на интензитет. Деновиве во македонската јавност се појави информацијата дека постои, замислите “таен документ”, односно анекс на Договорот за пријателство што Бугарија го доставила до македонското МНР со 12 точки, односно 12 нови барања од бугарска страна, доколку сме сакале Бугарија да го тргне ембаргото за почеток на преговорите на РМ за членство во Европската унија!?
    Анексот во вид на ултиматум за старт на преговори со ЕУ е доставен до македонската Влада. А што е најтрагично, македонската јавност дозна за споменатиот анекс од изјавата на соработникот на бугарските тајни служби и актуелен вицепремиер Красимир Каракачанов. Тој за бугарската  ТВ24 изјави дека Владата во Скопје го имала документот уште од месец ноември и според него, “од тој документ зависат македонските преговори со ЕУ”. Од македонска страна – молк и само дипломатски коментар “дека постои комуникација со бугарската страна” и ништо повеќе!
    И што ни преостанува сега нам? Заев за медиатор назначи еден осуден за криминал бивш премиер (Владо Бучковски) и што можеме да очекуваме од неговото посредување? Апсолутно ништо! И не гледам излез од оваа ситуација (блокада е од ЕУ, а не на Бугарија, како што изглегледа на прв поглед). А која е алтернативата? Според мене треба да се спрегнеме со сите сили да ја турнеме оваа немакедонска, измеќарска власт во Скопје што толку многу зло нанесе со постојаните отстапки кон Бугарите; да избериме (без странско мешање) патриотска власт која ќе понуди нова, дијаметрално спротивна на сегашнава, визија за иднината на земјата и да ја јакнеме соработката со членките на НАТО – каде веќе припаѓаме, но и со други – добронамерни партнери ширум светот!
    Според мене, членството во ЕУ е многу далечна  и речиси неостварлива мечта (да не ги заборавиме блокадите што се сосема извесни и од Грција, а не само од Бугарија, во текот на евентуалниот преговарачки процес и да се посветиме на она што барем го имаме во рацете, а тоа е членството во НАТО. Се друго е илузија.
    Moжеби треба да се размисли и за контраофанзива од наша страна на невозможните уцени од Бугарија која ја злоупотребува позицијата – членка на Европската унија. На пример, да се активира барањето за воени репарации во изност од 25 милијарди долари со камати наназад од 1950тите години кога Тито, без прашање и согласност од македонска страна, се откажа во име на некакво помирување и добрососедство со Георги Димитров и рехабилитација на фашистичка Бугарија; да се инсистира на враќање на сите црковни добра, икони, реликвии, стари ракописи и се друго што бугарите ги испокрадоа во текот на Балканските војни, Првата и Втората светска војна од Македонските цркви и манастири. Но и да се изготви “бела книга” за сите зла што ни ги направија Бугарите во последниве 150 години, и тоа на странски јазици, и да се информираат членките на ЕУ за да знаат кого примиле во тој нивни ексклузивен клуб, а што од темел ги ништи неговите принципи и вредности.
     Молчењето, особено во нашиов случај, не е секогаш злато.
3.  По искуствата со актуелната бугарска номенклатура со блокадата за почеток на преговорите за членство во ЕУ, но и оние што допрва следат, а со сигурност нема да се поразлични, како своевидно откровение ни пристигна изјавата на Бугарскиот политиколог Николај Василев за Бугарското радио (БНР). Тој е категоричен дека бугарската држава треба да ја промени политиката кон Македонија која претрпела неуспех, а соработката меѓу двете држави е оневозможена”.
    Според Василев, причина за тоа, особено последниве години се бугарските историчари! “Сите тие беа агенти на тајната бугарска полиција, a сега во медиумите ја фалсификуваат сликата за тоа што се случува во Македонија”, констатира тој. Како соработници на бугарските тајни служби Николај Василев ги наведува: Божидар Димитров, Цочо Билјарски, Светлозар Елдаров, Красимир Каракачанов и многу други..

   Каракачанов бил агент на Шестата управа за државна безбедност на Бугарија!

  (Сите досија за соработка со бугарската тајна служба се објавени на овој линк Комисија за за откривање на документите).
4. Интересна но многу поучна и предупредувачка изјава неодамна даде поранешниот американски амбасадор на САД во Бугарија и еден од коавторите на Охридскиот договор Џејмс Пердју во интервју за Дојче Веле. Според него: „заврши времето за малтретирање на С. Македонија“.  Стејт Департментот поддржува брзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и С. Македонија, смета Пердју.
   Искусниот дипломат посочи дека националистите во Бугарија видоа како Грција го користи своето членство во ЕУ за да изврши притисок врз С. Македонија и тие одлучија да ја спроведат истата стратегија. Но, времето за малтретирање на С. Македонија заврши, потенцира Пердју. Според него, “прашањата за историјата и јазикот не се доволно значајни за да ги оправдаат непријателските односи меѓу двете земји. Факт е, Македонија е суверена држава, и ниту една држава нема право да принудува друга нација да ја менува својата историја. Историчарите и експертите нека ги расчистуваат контроверзните точки, а Софија треба да ја поддржи, а не да ја блокира кандидатурата на С. Македонија за ЕУ. Сè друго е кусогледо“, изјави Пердју за Дојче Веле.
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top