Коментари

Мартин Тренески: ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 103

Martin Trenevski 1
1martin1 Мартин Тренески
МАКЕДОНИЈА – ГЕОПОЛИТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИ
1. Сегашнава власт во Македонија одамна не добила таква критика (море би рекол шамарчина(!), како што го направи тоа отворено, но и критички сосема издржано и аргументирано, амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје Дирк ван Коп. Неговата Екселенција Амбасадор отворено ни порача дека наместо со жалопојки заради ветото од Бугарија, треба да се сконцентрираме на реформите во сопствената земја за да работиме барем да се приближиме на стандардите и нивото на развој во земјите членки на Унијата.
   Ван Коп во прв план ја посочи корупцијата во Македонија и ја дефинира како “состојба на умот во целото општество”! Звучи застрашувачки, зарем не!? Болно е кога еден странец ви посочува дирекно, но искрено и добронамерно – нема сомнеж, дека корупција има во јавните набавки, има и на највисоко ниво, кај градоначалниците, судиите….. 
   А што мислат нашите властодржци? Дека странските дипломати во Скопје се дојдени за туризам и не следат и не гледаатг што се счучува во општеството и дека се е сведено на барање и давање рушвет, т.е мито!? Не случајно е речено дека “Рибата смрди од главата”. Ако за риба ја сметаме Македонија, тогај главата е секако кланот З.З (Зоран Заев)!!! Ја присвоија (демек приватизираа) пола Струмица; голем дел од производството на марихуана и масло од марихуана е под нивна контрола (најавуваат приход од 250 милиони евра оваа година од извиз на овој “артикл”!? Но, ни тоа не им е доволно та се зборува дека се дирекно инволвирани и во превземањето и експлоатацијата на рудникот за злато Иловица кај Валандово. За жал, иако ЕУ укажува на ваквото криминално однесување на “главата”, отаде Атлантикот (длабоката држава) им гледа низ прсти и се чини дека им е дозволено се, само да ја реализираат нивната концепција за рекомпонирање (читај: разнебитување) на Македонија.
     Посебна приказна се градоначелниците во Македонија. Не сите, се разбира! Но има случаи каде  не поминува ниту еден тендер, а определен градоначелник да не си зацрта процент за себе, без разлика за каква набавка или услуга се работи. Државната комисијата за спречување на корупоцијата најави дека ќе испитува одредени конкретни градоначелници и потеклото на нивниот имот, но не сум убеден дека многу бргу ќе разбереме нешто конкретно од нивните истраги.
   Бројни беа предупредувањата и од Франција на амбасадорско ниво, минатата година за невиденото ниво на корупција  во Македонија но не гледам дека некој во земјава многу се потресе и се корегира во однесувањето заради “состојбата на умот во општеството”, што би рекол холандскиот амбасадор.
     Е па, драги мои, затоа ќе си тапкаме во место уште многу долго – додека трае сегашнава состојба на умот, ваква – каква што е!
   Како своевидно охрабрување, Амбасадорот Ван Коп ни порача да не се оптеретуваме премногу со блокадите од Бугарија, туку да се посветиме целосно на реформите бидејки, според него,  прашањето не е дали Македонија ќе стане членка на ЕУ, туку кога!?

2. Вандалските пориви на владеачката сутуктура во Македонија, не престануваат! Овој пат еден пример на локално ниво. Скопската приградска општина Сарај му се намерачила на спортско-рекреативнниот центар со вештачкото езеро Треска, што се наоѓа на територија на општината.

    Типично за власта и веќе видено безброј пати во изминативе неколку години додека се на власт, Владата, градот Скопје и општината Сарај си играат пинг-понг со надлежностите околу прашањето: кој е надлежен за одржување и стопанисување со комплексот!? Во сиот овој галиматијас никој, ама баш никој не ги прашува за став граѓаните, а токму тие се потполно со право, најповикани да дадат одговор на сите прашања.
    Да се потсетиме: спортско-рекреативниот комплекс со езерото Треска е изграден во далечната 1978 година за да можат скопјани, а се разбира и секој друг намерник, да се ладат од пеколните летни горештини што се карактеристични за Скопје. Но што е најважно, езерото и целиот комплекс околу него со ресторани, паркинзи, тушеви и сл, е граден со пари од граѓаните, со самопридонес! Сите ние кои бевме во работен однос таа далечна 1978 година (и јас како млад новинар почетник) одвојувавме по една цела месечна плата за да се финансира изградбата на комплексот со вештачкото езеро Треска! Финализираниот проект беше повеке од успешен и секојдневно, во летните месеци, тој беше преполн со капачи и рекреативци Во езерото се одржуваа и пливачки натпревари и трки со кајак на мирни води, со еден збор: проектот беше полн погодок.
    Но со тек на време, езерото го испразнија – небаре за да го чистат од отпад и никогаш повеќе не го наполнија. А по територијалната поделба и формирањето на општината Сарај, сега таа сака да стави рака на целиот тој комплекс, но (како што неофицијално кружат информации во јавноста) не за да стопанисува со него, туку за некој да гради голем трговски центар и други објекти!?
   Компкестот со езерото Треска со одлука на влада, без да ги прашаат граѓаните кои практично се акционери бидејки со свои пари го граделе, бил доделен на општина Сарај, а таа сега во улога на газда се намерачила очигледно добро да се офајди (финансиски), се разбира, претворувајки го во градежно земјиште за гринфилд инвестиции!? А скопјани? Па кој ги прашува нив? Во општина Сарај претежно живее Албанско население и во познатиот стил заради “мир во куќа” се поизвесно е дека овој пат ќе се жртвува овој своевиден рај за рекреација на скопјани!
   До кога, прашувам?
   До кога вакво самоволие и само ќе се руши, а за овие скоро четири години на власт и дваесетина милијарди евра вкупен буџет не се изгради ниту еден капитален проект, освем неколку тротоари и улични ќошиња. И се намерачија да ја рушат на култната Универзална сала – симбол на светската солидарност по катастрофалниот земјотрес 1963 година, но по бурната реакција на граѓаните, засега не ја чепкаат. Скопскиот градоначелник ја продаде новата прекрасна зграда за Градското собрание покрај Вардар, а Собранието со сите негови служби и денес сеуште чмае во мизерните бараки во градскиот парк уште од времето на земјотресот  1963.
   Кога сме кај граѓаните, па нив исто така никој не ги праша и кога се приватизираше и Телекомот. Своевремено, за да добиеш телефонски број требаше да уплатиш 1.000 германски марки, но кога се приватизираше никој таа работа не ја ни спомена!
3.  Многу контроверзниот Закон за попис помина во Собранието, а незадопволството и реакциите на голем број граѓани и партии вклучувајки ја и Црквата (МПЦ-ОА) е се поголемо. Власта она што го науми, односно што го зацрта во законот, е одлучна да го спроведе и овој пат на сметка и на штета на мнозинскиот македонски народ. Не помогнаа протестите, па дури ни пораката од Брисел, од ЕУ, дека треба да се земат во предвид забелешките на опозицијата. На апелите за непризнавање и бојкот на пописот васта најавува парични казни од 200-300 евра, па дури и затвор!? А Али Ахмети, коалиционен партнер на Заев, соопшти дека Албанци во Македонија морало (?) да ги има најмалку 25%, а како аргумент наведе дека “Албанците раѓале многу деца”!? Ахмети дури испадна и “поскромен” во предвидувањата од длабоката држава која во своето сценарио за разнебитување на Македонија има зацртано дека Албанци во нашата земја, според нив, би требало да се 30%. Сега законот е кај Стево Пендаровски кој небаре се консултирал со стручни лица, но сепак го потпиша овој, според многумина спорниот закон, со што истиот стапи на снага.
   Сега опозицијата е на потег и најавува собирање на најмалку 10.000 потписи, со што би го оспорила овој контроверзен и пред се штетен закон.
4. Конечно силен крик на загриженост стигна од МАНУ. Претседателот, академик Љупчо Коцарев искажа став според кој Преспанскиот договор (Договорот од Нивице) и Договорот за пријателство со Бугарија: “Се недостоинствени за граѓаните на Македонија и дека Македонија е центар за регионална дестабилизација како последица на геополитичките игри на големите сили кои ја претвораат во поле на своевиден експеримент”.
    Тој дури изрече една застрашувачка проекција дека:”бродот наречен Македонија полека но сигурно тоне” и заради внатрешните превирања во земјата. Според Коцарев, Македонија, за жал, во последните неколку години, постепено стана центар на регионалната дестабилизација во голема мера поради внатрешните политички превирања, невладеењето на правото, неспособноста и ароганцијата на домашните политички елити, корупцијата на сите нивоа, криминалот, но и алчноста.
     Бевме први во регионот по многу прашања, но, за жал, денес на Македонија се гледа само како геополитичка лабораторија на експерименти на светските фактори за модели за стабилизација, соживот, и институционална трансформација, конмстатира Коцарев!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top