Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 104

Martin Trenevski 1

1martin1 МАКЕДОНИЈА ГО ПРОБИ ДНОТО 

1. Глаголичавата (брзозбореста) министерка за одбрана Радмила Шекеринска, во чиј мандат Македонија стана членка на НАТО на 19ти март 2020, од самиот прием во полнопавно членство во Алијансата, заради нејзина и некадарност на одговорните во земјава се соочува со многу сериозни проблеми! Воедно и угледот, но и довербата на Република Македонија во очите на членките на Алијансата за време на нејзиниот мандат се срозани до степен на неверување!?

    Самиот ритуал на свечен прием на нашата земја во членство со кревање на македонското знаме пред седиштето на Алијансата во Брисел помина без македонски амбасадор и воен претставник! Додуша донекаде оправдано: иако беше именуван, амбасадорот не можеше да ги заврши формалностите дома, заради пандемијата со Корона 19 вирусот.

    Но невидена бламажа е одбивањето на Алијансата да му издаде НАТО безбедносен сертификат на нашиот кандидат за воен претставник (Освен дипломати, Декегацијата на РМ во НАТО ја сочинуваат и претставници на Армијата на РМ и Министерството за одбрана што ги предводи воен офицер со висок чин, најчесто полковник или генерал), а што во секој поглед е невиден скандал!

   Шекеринска се обиде со бројни изјави и интервјуа по медиумите во РМ да го минимизира случајот, при тоа изрече такви небулози што укажува дека таа или не ја сваќа, или свесно настојува да ја намали димензијата на проблемот. Првата небулоза: Шекеринска изнесе тврдење дека, според неа, не било страшно воен представник да не добие НАТО безбедносен сертификат и тоа со тезата: “та кандидатот не сторил криминал или нешто слично”! Радмила, министерке, таков документ како што е безбедносен сертификат, во случајов НАТО не издава заради сомнеж заради криминал или сличен престап, туку дека твојот кандидат, воедно и на Пендаровски кој го потврдил твојот предлог, е сомнежот дека тој е соработник со странска известителна служба, преку која постои можност НАТО класифицирани информации со ознака “top secret” (врвна тајна) да завршат кај некоја глобална сила – воен противник на НАТО!!! Но што е најстрашно, во меѓувреме проблемите уште повеќе се усложнија бидејки се покажа дека дури четири генерали на АРМ не се подобни за НАТО безбедносен сертификат поради основан сомнеж дека се соработници на странски тајни служби! (Како појаснување: процедурата за добивање на безбедносен сертификат “топ сикрит” во Македонија трае најмалку шест месеци (го издава ДБКИ), а за добивање на НАТО безбедносен сертификат се ангажирани врвни известителни служби и агенции не само на НАТО, туку и на земјите членки!!!)

   И наместо да се извини и да изрази жалење заради инцидентот (Интересно е што нашиов кандидат за воен претставник сепак добил македонски безбедносен сертификат!?) министерката се изрезили со уште една небулоза тврдејки дека: недобивањето НАТО безбедносен сертификат:”Не значи дека кандидатот е одбиен”!? Да се крстиш и да не веруваш! Женава или не ги разбира работиве, или се обидува да ја симне одговорноста од себе за настанатиот многу сериозен скандал! Па кандидатот за воен претставник (во нашиов случај тој е со чин полковник), без потребниот безбедносен сертификат не ќе може ни да влезе во седиштето на Алијансата – освем доколку некој од внатре, кој веќе поседува НАТО безбедносен сертификат, не го покани на кафе или на ручек во ресторанот за гости, а камо ли да присуствува на состаноци каде воените претставници на членките во Алијансата вршат анализи на безбедносни проблеми или се планираат воени операции и интервенции!

   Во Македонија политичари за сторен гаф не знаат за чинот оставка и во конкретниов случај сосема сигурно Шекеринска ќе настојува на инцидентот да падне прашина и таа да си ја спаси кожичката. Но последиците и тоа како долго ќе се чуствуваат, пред се поради крајно нарушената и речиси изгубената доверба кон нас во очите на НАТОвци!.

   Како поранешен амбасадор на РМ во НАТО се сеќавам кога беше актуелен приемот на Црна Гора како 29та членка на Алијансата. Најголема пречка и причина за загриженост кај НАТОвци беше токму  сознанието што преовладуваше во Алијансата дека најмалку половина од црногорските безбедњаци соработуваат со нивни колеги од тајните служби во Белград, а на тоа во Брисел се гледаше како директен линк со Москва! Како се надмина оваа ситуација едноставно не знам (Црна Гора во меѓувреме стана членка на НАТО), но очекувам дека минисерката Шекеринска, владата која потврдува и претседателот кој со свој потпис потпишува агреман за уоатување во мисија, следниот пат да предложат офицер-професионалец, кој достојно ќе ја претставува својата земја Република Македонија, а не некој партиски верен кадар кој, како што се покажа во конкретниов случај, работел и за туѓу известителни служби!

2. Минатата недела беше изречена пресуда за учесниците во петкратното убиство кај Смилковското езеро, што беше повод за бурни демонстрации на роднините и симпатизери на учесниците во убиствата, етнички албанци, низ улиците на Скопје, а полицијата реагираше дури и со оклопни возила. Иако злосторот беше извршен на 12ти април 2012 година, главните актери- извршители на убиствата Агим Исмаиловиќ и Алил Демири сеуште се на слобода, на Косово, кое упорно одбива да ги предаде на правдата во Македонија!? Зоран Заев со неговиот личен пријател Рамуш Харадинај повеќе пати тврдеа дека меѓу Македонија и Косово “нема отворени прашања”, но косоварите упорно не сакаат (или несмеат!) да ни ги предадат двајцата злосторници.

   Во повеќе наврати пишував колумни, исто така објавив прилог и во мојата книга “НЕЗАБОРАВНИК” на оваа тема. Имено, сите детали околу овој злостор се познати, освем клучниот: КОЈ Е МОТИВОТ за сторениот злостор!? Зошто некој туку така, без причина, би сторил таков злостор да убие во егзекуциски стил пет невини млади луѓе кои на нивна несреќа се нашле во погрешно време на погрешно место? Моето професионално искуство во новинарството, политиката и дипломатијата, но и професионалната интуиција ми укажуваат дека можеби единствен евентуален мотив за злосторот е самитот на НАТО што се одржа во Чикаго еден месец по злосторот кај Смилковското езеро, во мај 2012 година. Имено, најчесто повторуваната мантра на НАТОвци беше “проширувањето”, “проширувањето”, “проширувањето” со прием на нови членки! Македонија, според сите НАТО критериуми и оценки на нивните воени експерти се ценеше дека одамна е најподготвена земја-кандидат за членство во Алијансата! Но, бидејки некои членки (Грција во прв план) не даваа благослов (согласност) за прием заради името на нашата земја, го измислија инцидентот со цел да предизвикаат меѓуетнички конфликт со албанците и тоа да биде оправдување Македонија де не добие покана за членство (западот с е к о г а ш  игра на картата на создавање меѓуетнички проблеми во Македонија кога сака да спречи наш напредок на меѓународен план! Инцидентот во кумановско “Диво насеље”, е директен пример за тоа!!!). 

   Токму заради ова сметам дека е многу битно Демири и Халиловиќ да бидат испорачани на правдата во Македонија, но лично се сомневам дека некогаш ќе се случи тоа бидејки постои можност со тоа да се открие и  н а р а ч а т е л о т  на злосторот којшто би можело сега да е наш стратегиски партнер!?

3. E драги мои, доживеавме и вакво нешто:Грција се понуди “да ни биде олеснувач за решавање на разлките помеѓу Бугарија и Македонија”!? Колку и да звучи неверојатно, вакво нешто изјави деновиве грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас. Според него, Грција била “силен подржувач на европските перспективи на Балканскиот полуостров и западниот Балкан, а особено на нашата земја и Албанија!?”

    Ваквата изјава предизвика навистина вистински шок бидејки никој не побарал таква услуга (!) од Грција, и голема непознаница е што се смислиле мудреците во Атина! Немам никаков сомнеж дека ќе ни понудат – вп византиски стил, да направиме нови отстапки и концесии од наша страна кон бугарите (но и некои “детали” што на сегашната гарнитура на власт во Атина им недостасдуваат во Договорот од Нивице) со кои заедно ја делеа Македонија во  Балканските војни. Дај Боже да грешам, но постојано треба да ни биде на ум познатата изрека на Виргилиј:”Не им веруј на Данајците /Грците/, дури и кога ти носат подароци” (Timeo Danaos et dona ferentes).

   Засега нема никаква реакција ниту од Скопје, ниту од Софија на грчката иницијатива, а се надевам дека актуелната македонска власт нема туку така, неодговорно – во нивен стил, да се залетаат на понудата од Атина.

4. Со власта на Зоран Заев Македонија дефинитивно го допре, па дури и го проби дното по степенот на корупција во земјата! Според извештајот на агенцијата за следење на корупцијата во светот Транспаренси интернешнл, Македонија е покорумпирана и од Колумбија на нарко-босот Пабло Ескобар и го завзема 111то место најкорумпирани земји во светот! Корупцијата кај нас доживеа невиден пораст особено по 2016та година по доаѓањето на власт на владата на Зоран Заев! Странски инвестиции нема, животниот стандард континуирано опаѓа, образованието и здравството се распаѓаат, а за атер на соседите злосторничката власт на Заев го смени името и Уставот на државата, се откажа од нашите сонародници во соседството! Листата на гревови кон сопствениот народ на овој рурален тип Зоран Заев и неговите подржувачи во власта е предолга.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top