Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 106

Martin Trenevski 1
1martin1 КОЈ КЕ СЕ ФАТИ ЗА МЕЧОТ…
1. Е мои драги Македонки и Македонци – каде и да сте по светов!? Што доживеавме од оваа злосторничка власт во Републиката: еден инплант во македонското национално тело, во форма на министер за правда (Бојан Маричич) со акт на споменатото министерство  з а б р а н у в а (!?) користење на придавката Македонски, Македонска и именката Македонија!!! Да небеше вистинита оваа забегана до лудило работа (види го актот со забраната приложен подолу), немаше да поверувам дека такво нешто може да не стрефи!? Но, за жал, сепак не стрефи!
121mail 

Термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, кратенката „ПЈРМ“, во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација од никого, стои во споменатото решение против нова невладина организација што барала регистрација, а не е финансирана од државата!

  Барањето да го содржи зборот Македонија во називот на здружението е одбиено како неосновано, стои во решението од Министерството за правда од ноември 2020 година врз основа начлен 9 од Законот за здруженија и фондации според кој „зборот Македонија и зборовите изведени од него, како и неговите кратенки можат да се содржани во името и организацијата само со одобрение на Министерството за правда“
   Министерството за правда ваквата одлука ја донело, наводно, врз основа на измените во Уставот како резултат на капитулантскиот Преспански договор. Но, во него нема член во кој се забранува употребата на зборот Македонија во институции што не се финансираат од државата, од буџетот!!! Дека е така, истото го потврди и поранешната министерка за правда Рената Дескоска која е децидна дека нема законска пречка во името на невладина организација да стои и името или придавката Македонија/македонска…

  Веднаш по лансирањето на оваа будалаштина, уследи лавина негативни реакции и осуди од сите страни. Професорката Јасна Котевска отворено му порача на министерот Маричич “тој не може да ми забранува да ја користам придавката МАКЕДОНСКИ”.

  Најостра осуда пристигна и од водечката опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ која одлуката на министерот за правда ја нарече “срамна и фашизоидна” и претставува понижување на македонскиот народ и граѓаните во Македонија и земјава со ваква власт (власта на Заев, забелешка МТр) служи за потсмев!!! ВМРО-ДПМНЕ оцени дека “ова што го прави Зоран Заев преку Бојан Маричич е дебакл и понижување на македонскиот народ и граѓаните на Македонија и служи ва потсмев”!
   Некои македонски медиуми со право запрашаа: што е следното? Дали Зоран Заев и неговата братија ќе ја забранат и македонската химна каде во неколку наврати се споменуваат термините “Makeдoниja”,   “Makeдонци “? Далеку било, но од овие типуси на власт се може да се очекува за да се додворат на длабоката држава која ни го смисли и преку домашните извршители-измеќари го спроведува на дело сценариото за елиминација и бришење на македонците како нација!!!
   Предвремени избори сега, веднаш за конечно да се отарасиме од сегашниве узурпатори на властта која упорно ништи (доследно спроведувајки ја платформата на длабоката држава) се што е македонско.

2. Извесен бугарски професор Кирил Топалов – метузалем и воспитаник од ТодорЖивковската ера, член на фамозната мешовита Комисија за историски прашања ја нарече неодамна Македонија “Северна Кореја на Балканот”!? Причина за ваквиот излив на бес и нетрпеливост за професорот-метузалем била “жестоката цензура” и “жестокиот тоталитаризам” во Македонија.
    Не знам дали на професорот-метузалем во потсвеста му е времето во кое и самиот стекнал такви искуства на жестока цензура и тоталитаризам, или е носталгичен по истото, та нам ни импутира такво нешто!? Колку за потсетување на проф. Топалов, кога тој ги стекнал тие искуства на цензура и тоталитаризам ние сепак живеевме во неспоредливо понапредно општество за кое бугарите беше далечен и неостварлив сон.
   Професоре-метузалем, се трудам да ги разберам вашите фрустрации, но не можам да ви помогнам. Свесен сум дека ќе ви треба подолго време (најмалку повеќе децении) за да сватите дека Сан-Стефанските соништа со коишто сте опчинети и вие и многумина други во Бугарија што мислат како вас, се само соништа, но време е да се освестите и да ги погледате реалностите околу вас и вашата земја. Сега како ”европјани” (демек: граѓани на ЕУ), ред е да се однесувате како европјани и барем малку да научите и да примите од вашите ЕУ-сограѓани – Скандинавците, што значи толеранција и добрососедство.
3. Односите помеѓу Европската Унија, кон која тежнееме и ние, и Руската Федерација толку многу се заладени што никогаш не биле на така ниско ниво!
   Заложби за воведување строги санкции на Русија слушнавме не само од Брисел, туку и од Берлин и други метрополи од земјите членки. Поводот да ти бил: апсењето и затворската казна на рускиот опозиционен лидер Алексеј Навални. На заканите од Брисел многу децидно одговори рускиот МНР Сергеј Лавров кој на ЕУ-јастребите им порача дека Русија на санкциите од ЕУ што би ги погодиле нивните многу чуствителни и важни економски гранки, ќе одговорат со прекин на односите помеѓу Русија и ЕУ.
   ЕУ е еден конгломерат во кој некои земји од поновите членки (особено оние од поранешниот Источен блок како Полска, Балтичките земји) притискаат за што построги санкции кон Москва, не водејки сметка дека Русија сепак е меѓу позначајните економски партнери на ЕУ – особено кога станува збор за снабдување со енергенси – гас и нафта). Има поединци кои се залагаат дури и за воена разврска (!?) со Русија. На ваквите им се чудам на умот. Имено, една работа се декларациите и резолуциите со осуда, но сосем друга  (крајно опасна) е и помислата за воена пресметка. Можеби ваквите изјави се инспирирани од јастребите во новата администрација во Вашингтон? Којзнае!?
   Русија денес не е Русија од времето на Јелцин – тоа јастребите, или поточно јастребчињата во Брисел и европските метрополи треба добро да го знаат. Од друга страна, Путин многу јасно даде на знаење дека секој воен напад на Русија ќе значи одговор од нивна страна со нуклеарно оружје! И, што потоа? Свесни ли се јастребите/јастребчињата каде не водат нивните бесмислени заложби, пред се за нивниот сопствен народ, но и за човештвото во целост!?
   Некои во Брисел како да ја заборавиле или не ја ни чуле заклетвата на Александар Невски што е многу актуелна кај русите особено денес:”Кој ќе се фати за мечот – од меч ќе погине”.
Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top