На прво место

ВМРО-ДПМНЕ има непроменет став за европскиот пат на Македонија, уставните измени мора да бидат последно барање за членство во ЕУ

На одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, што вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, порача дека партијата останува доследна на идеалите со кои е формирана пред повеќе од три децении и продолжува да се залага за развој на демократските вредности во самостојна и независна Македонија.

Во изјава за Алфа телевизија, Стојаноска истакна дека иако денешните околности носат нови предизвици, ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од своите темелни определби и визија за иднината на државата.

„Денес се соочуваме со нови предизвици, но секако дека не забораваме како започнавме, кои беа идеалите и секако дека со нив треба да ја газиме и иднината. Европскиот пат е зацртан и во статутот на нашата партија, од нејзиното формирање до денес. Европските реформи што од нас се бараат треба да се спроведат, но истовремено мора да ја кажуваме вистината за Македонија и за неправдата што Бугарија сака да ни ја наметне, а која, за жал, беше прифатена од СДС и ДУИ додека ја предводеа Владата“, изјави Стојаноска.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен и непроменет став кога станува збор за европската интеграција на државата и дека без поддршката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да се реализираат нови уставни измени.

„Ние секогаш и секаде го кажуваме нашиот став и нема промена на нашиот став, бидејќи сите се свесни дека без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во која било комбинација во Парламентот, не може да се случат повторни уставни измени. Нашиот став е јасен – уставни измени со гаранции дека вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде конечно и последно барање од страна на Бугарија, а не прв чекор по кој повторно ќе се отвори бескраен процес на нови условувања на патот кон Европската Унија“, истакна Стојаноска.

Според неа, Македонија останува цврсто определена за членство во Европската Унија, но процесот мора да се темели на почитување на националното достоинство, државните интереси и јасни гаранции дека европската перспектива нема да биде предмет на нови билатерални условувања.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top