Александар Џеповски
Замислете која багра е тоа и со која намера сакаат тоа да го спроведат. Ова се пуфки, народно кажано, на Ванчо Михајлов на времето во замена за бизниси и капитал на ВМРО да бидат само негови, да не плаќа данок и да не биде гонет за сите убиства што ги изврши во име на бугарскиот – германски топук Фердинанд.
За да има Македонски Бугари во Македонија, би требало Бугари да доаѓале на времето, да заседат и да фатат корени во Македонија. Ние ете имаме маала на Роми, Власи, Албанци, Турци, Евреи … ама ни еден квадартен метар со еден единствен Бугар староседелец ниту сме виделе ниту ќе видиме во Македонија. Затоа пак за Македонци во Бугарија може филмови маратонски и епопеи да направиме следните 200 години.
Македонци од секаде од Македонскиот полуостров емигрирале во новото кнежество Бугарија 1878, од налетите на Отоманлиите во надеж дека е фер земја и замена за Македонија, како и децата бегалци од граѓанската војна, Македонски фамилии од Егејот… сето тоа е доказ за огромно Македонското население во Бугарија.
Сето ова ни дава за големо право да ги наречеме за шизофреничари од прва класа сите Бугари кои измислуваат и бараат некакви си Македонски Бугари во Македонија кои воедно ги пишуваат и промовираат сите овие глупости во Википедии, потплатуваат енциклопедии, корумпираат Амбасадори и влади … со која цел, земање туѓа земја преку перење мозок, преку негирање име, црква, јазик, историски личности и целата славна историја ?
ВО ИМЕ НА ПРАВДА И БОГА НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАСТАНЕМЕ И ПРИЗНАВАМЕ НЕКАКВИ СИ МАКЕДОНСКИ БУГАРИ НИТУ ПАК ЕВТИНИ ДОКТРИНИ ОД ВАНЧО МИХАЈЛОВ И ФЕРДИНАНД. ВРЕМЕ Е И ГОСПОД ДА СИ ГО КАЖЕ СВОЕТО.
АМИН !!!