Коментари

Ние Mакедонците не сме ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку просто Македонци

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Говорот на омраза предизвикана поради негирањето од Софија, во последните неколку години постојано се зголемува. Освен на социјалните мрежи, постоечките тензии меѓу двете земју најмногу се почуствуваа на фудбалскиот меч меѓу Македонија и Бугарија кој неодамна се одржа во Скопје. Македонските навивачи ја исвиркаа бугарската химна и ги навредуваа бугарските играчи, што би било за осуда ако ова беше повеќе спорстки, а не политички меч.

Причини за ваквото однесување на Македонците има многу, а најмногу е негирањето на македонскиот идентитет.

Според теоријата на Софија секој славјански народ си има свое име, а името на територијата не може да стане национално. Така и славјаните во Македонија, не можат да го користат името на територија и откако целосно ќе им се одземе правото да го користат македонското име, тие ќе бидат преставени за чисти Бугари делумно „србизирани“, поради делувањето на српската пропаганда пред 1913 година и потоа во рамките на СХС и Југославија. Отука Софија не случајно инсистира да ја престави историјата на Македонците до 1944 година како бугарска и бараат Бугарите да влезат во Уставот на Македонија, пред Македонија да ги започне преговори за влез во ЕУ.

Затоа бугарскиот претседател Румен Радев, не случајно за време на престојот на македонскиот претседател Пендаровски на Софија, не случајно беше дециден кога рече дека официјалното отпочнување на преговорите за членство во ЕУ ќе се случи тогаш кога Македонија ќе ги вметне Бугарите во Уставот и дека двете земји мора да најдат заеднички јазик за историјата.

Очигледно Софија смета дека Македонците се неоформена маса македонски славјани, кои можат многу лесно со уцена за влез во ЕУ, да им ја превземат историјата и јазикот и да им го одземат идентитетот, преставувајќи ги како Бугари.

За да ја заокружат оваа приказна, Софија оди дури до таму, да со закана за вето за влез во ЕУ, бара од властите во Албанија, а и од Косово, да признаат дека имаат бугарско малцинство на нивната територија. Односно сакаат на Европа да и докажат дека ако во Албанија и Косово има бугарско малцинство, тогаш неминовно мнозинството во Македонија се Бугари.

Ваквото однесување на Софија, постојаните правокации од страна на бугарските политичари, кои континуирано негираат постоење на македонски народ и македонски јазик, дека Македонците се Бугари и македонскиот јазик е западнобугарски дијалект, потоа барањето повеќето македонски синови од времето на Самуил па се до Гоце Делчев да се престават како Бугари, како и отварањето на бугарски клубови во земјата со имиња поврзани со бугарската фашистичка окупација на земјата и со геноцидот на македонските Евреи за време на Втората светска војна, презивикува огромен револт кај Македонците.   

Говорот на омраза најмногу шредизвикана со негирањето од страна на Софија, во последните неколку години постојано се зголемува. Освен на социјалните мрежи, постоечките тензии меѓу двете земју најмногу се почуствуваа на фудбалскиот меч меѓу Македонија и Бугарија кој неодамна се одржа во Скопје.

Македонските навивачи ја исвиркаа бугарската химна и ги навредуваа бугарските играчи, што би било за осуда ако ова беше повеќе спорстки, а не политички меч.

Коментарите во Бугарија и останатите балкански земји беа полни со осуда за неспортското навивање на македонските навивачи. Но сите како да забораваат на вековната негаторска политика на Софија кон Македонците, на Санстефанскиот сон и територијалните аспирации на Бугарија кон Македонија.

И покрај големата толеранција на Македонците, таквата бугарска политика може да роди само омраза! 

Што очекуваа Бугарите дека ќе бидат пречекани со цвеќе после сите увреди и уцени кон Македонија нанесени особено во последните години. Ниту за време на Втората светска војна Македонците ги дочекаа Бугарите како ослободители, ниту пак денес може да се гледа на нив како кон браќа!      

Софија ако сака нешто да се промени во односите на двата народи, нивните политичари мора да покажат поголема мудрост, мора да го прекинат Санстефанскиот сон. Софија мора да се ослободи од идеологиите на минатото.      Исто така, нивните историчари треба да се свртат кон науката, а не кон политиката.

Македонија е земја со древна култура и никој нема да успее да ја искорени и на пустината да ги утврди своите интереси. Македонија ќе ги преживее сите несреќи, зашто уште не се исчезнати јунаците во Македонија.

Ликовите на светите Кирил и Методија, на светите Климент и Наум Охридски на синовите на Македонија им служат како порака дека и за Македонија ќе дојде светлата иднина кога таа обединета ќе влезе како рамноправен член во семејството на ЕУ.

Едноставно, Македонецот повеќе пати низ историјата кажал:

“Ние Mакедонците не сме ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку просто Македонци.“  

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top