Коментари

Во Македонија е потребна примена на шведскиот парламентарен модел

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski Рубинчо Видое Јованоски

Пред неколку години, поточно на 8-ми септември 2022 година, прославивме 31 годишнина од независноста на Република Македонија и следствено на тоа воведување на пазарна економија во секојдневниот живот од една и парламентарна демократија од друга страна.

Но, многу по толку години независност 2-та политички субјекти (СДСМ и ВМРО ДПМНЕ) од македонскиот политички блок и неприкосновениот ДУИ и помалите политчки партии од албанскиот блок да признаат пораз било да се работи за парламентарни, локални, претседателски избори или за референдумски изјаснувања.

Овде предничат неспособниот за отслужување на воен рок Димитар Ковачевски – Таќе и неговите поданици.

Овде посебен осврт на трите референдуми од осамостојувањето на Република Македонија до денес имено, во 2004 година челниците од редовите на СДСМ го повикааособено своето членство и непоределениот политички електорат  да не излегуваат на референдумот за тогашната територијална поделба на Република Македонија со зборовите “некои прашања не заслужуваат одговор“.

ВО 2018 година, поточно на 30 септември на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија, а инициран од потпишувањето на предавничкиот договор т.н. Преспански договор со довчерашениот премиер , а сега премиер во сенка и со диригентско стапче Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас го повикаа електоратот сега да излезе во што е можно поголем број оти според нив се работело за македонската иднина која ќе биде во семејството на лицемерната ЕУ.

За првиот референдум излезноста беше задоволителна за кукавичката политика на тогашното раководство кое владееше со СДСМ и следствено на тоа момчињатаобоени во плаво референдумот го прогласија за успешен.

За разлика од 1-от, на 2-от референдума истите тие поданици на чело со Таќе, командувано од момчето од Муртино го повикаа членството да излезе и да гласа за промена на уставното име на нашата држава.

Резултатот беше неисполнување на цензусот и следствено на тоа ДИК го прогласи истиот за неуспешен.

За жал, плавит емомчиња не го послушаа гласот на своето домицилно население и го променија името на Република Македонија.

Сега, иронијата да биде уште поголема сегашното поднесено барање за референдум од страна на ВМРО ДПМНЕ за т.н. Француски предлог, а кој истиот се однесува на асимилаторската политика на нашиот источен сосед кон нашата држава, спикерот на парламентот Талат Џафери истиот не го пушти на расправа на матичните собраниски комисии.

Последен репер за непризнавањето на пораз на Таќе  е прогласување на победа на вонредните локални избори во Центар Жупа каде се натпреваруваше само еден кандидат од актуелната позиција како и во Маврово и Ростуше каде кандидатот победи конечно благодарение на излезноста и следствено на тоа исполнувањето на изборниот праг од тамошното домицилно население.

Потврда дека актуелната позиција дека ја губи власта е гласањето за советници во градскиот совет на Општина Тетово каде ВМРО ДПМНЕ прослави победа против СДСМ со 2:1, и во албанскиот политички кампус ДУИ загуби од неговиот опонент БЕСА.

И, за овој пораз СДСМ измисува нешто што не држи место во една парламентарна демократија.

Овде сакам да направам една споредба со наши избори и неодамнешните изборни соочувања на шведскиот електорат.

Како излезност на гласачкото тело со импозантни 84,2% актуелната премиерка Магдалена Андерсон губи 3 мандати во однос на 176 на опозициониот блок предовен од Улф Кристерсон, и веднаш наредниот ден го обавестува спикерот на парламентот дека дава оставка на премиерската функција.

На крајот Таќе Зоки и вашите поданици смогнете сили и признајте барем еднаш пораз како вашиот мецена Бранко Црвенкоски кој кога загуби на парламентарни избори го призна поразот со зборовите “народот е во право и кога донесува гршна одлука“.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

Новина и довчерашен одбојкарски судија

Од Прилеп

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top