Александар Џеповски
Овој празник поточно востание против Бугарската окупаторска фашистичка чизма станува се поголем и поатрактивен до тој степен што колку повеќе лаат и фалсификуваат Бугарите, толку посветол и поголем е денот 11 Октомври.
Да се разбереме, Македонците се кренаа на 7 Јули 1941 против Германците кога Александар Урдаревски – Станко ги нападнаа германските борбени авиончиња стационирани во Скопска Црна Гора и не доби благослов како прв востаничен ден поради неблагословување од КПЈ.
Кога Бугарските фашисти влегоа во Македонија иако добија дозвола само да бидат пасивни и неми посматрачи во Македонија, револтот на Македонскиот народ со благослов од КПЈ беше искажан во Прилеп и Куманово на 11 Октомври 1941.
Престојот на окупаторите фашисти беше проследен со кукавички убиства на Македонските млади патриоти кои стануваат вечни Македонски херои како Вапцаров, Вера Циривири, Неделковски, Стив Наумов и стотици други како и невините деца од Ваташа … борбено секоја битка ја изгубија кукавиците татарофашисти како и предходно сите битки и војни од Србите.
Секоја педа земја каде стапнале бугарските фашисти на македонската почва е предизвик и повик за сите идни генерации да не потклекнуваат и да бидат немилосрдни на секој нивни чекор да ја окупираат Македонија од кои последен обид е бугарски пасош како прозор и влез во ЕУ.

МАКЕДОНИЈА БИЛА СЕКОГАШ САМО НА МАКЕДОНЦИТЕ И ИМЕТО МАКЕДОНСКО ОСТАНАЛО И ОСТАНУВА ВЕЧНО САМО КАЈ НАС МАКЕДОНЦИТЕ. НАС НЕ НИ ТРЕБА НИКАКВА ДОДАВКА ИЛИ ОДЗЕМАЊЕ НА ЕДНА БУКВА, НИ ТРЕБА САМО ДА ЈА САКАМЕ, ЧУВАМЕ И НЕГУВАМЕ НАШАТА КРВ МАКЕДОНСКА БЛАГОСЛАВЕНА ОД БОГА.
ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 11 ОКТОМВИ НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, КАДЕ И ДА СТЕ.
АМИН !!!