Историја

Како современата историографија го обликуваше ликот на Александар Македонски

Славе Катин

Од Драјзен до Тарн – научните толкувања што го претворија Александар во една од најистражуваните личности во светската историја

Еден од поактивните научници кои во поново време се занимавале со ликот и делото на Александар Македонски забележал:

„Ние сите ја интерпретираме големата драма на Александар во прифатливите услови на нашето искуство и во нашите соништа.“

Оваа мисла потсетува на ставот на германскиот историчар Теодор Момсен, кој напишал:

„Оние што живееја низ историските настани, како мене, почнуваат да гледаат дека историјата не е напишана и направена ниту без љубов, ниту без омраза.“

Токму ова сознание објаснува зошто секоја генерација историчари создава нова слика за Александар Македонски, обликувана од сопственото време, политички околности и интелектуални стремежи.

Драјзен и почетокот на модерното проучување на Александар

Современото научно проучување на Александар Македонски вообичаено се поврзува со 1833 година, кога германскиот историчар Јохан Густав Драјзен ја објавил својата прва биографија за големиот македонски владетел.

Драјзен бил ученик на германската историографска школа од XIX век, која ги поставила темелите на модерниот критичко-историски метод. Истовремено, тој бил и човек длабоко вклучен во политичките процеси на своето време.

Живеел во период кога Прусија се издигнувала како водечка германска држава и силно се залагал за обединување на германските народи под пруско водство. Особено активен бил во револуционерната 1848 година, кога станал член на парламентот и се обидел политички да придонесе за германското национално обединување.

По неуспехот на тие идеи, Драјзен се повлекол од активната политика и повторно се посветил на историските истражувања, пишувајќи за древната историја, но и за германското национално прашање.

Александар како обединувач и двигател на нова епоха

Под влијание на сопствените политички убедувања, Драјзен развил специфична концепција за Александар Македонски.

За него, постојаните конфликти меѓу грчките градови-држави не претставувале клучен двигател на историјата. Вистинската пресвртница, според неговото толкување, настапила со појавата на Филип Македонски.

Драјзен го претставува Филип како голем обединувач на Македонија и Елада, а Александар како владетел кој ја проширил цивилизациската мисија на тогашниот свет. Во неговото дело Александар се појавува како светско-историска личност што затвора една епоха и отвора нова, многу поширока и повлијателна.

На тој начин, идејата за големата нација и големиот водач станува централна историска тема во неговото толкување.

Пела

Драјзен и поимот на елинизмот

Особено значајно е што токму Драјзен го вовел и објаснил поимот „елинизам“.

Според него, освојувањата на Александар довеле до создавање нов културен простор во кој се испреплетиле грчките и ориенталните традиции. Овој процес оставил силно влијание врз развојот на медитеранската цивилизација во вековите што следувале.

Концепциите на Драјзен биле изложени толку убедливо што станале основа за речиси сите подоцнежни истражувања посветени на Александар Македонски.

Развојот на класичните студии

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век вниманието на историчарите се префрлило кон развојот на специјализирани научни дисциплини.

Во тој период забрзано се развивале папирологијата, палеографијата, нумизматиката и епиграфијата. Илјадници ракописи биле собирани, систематизирани и објавувани, а старите текстови биле ревидирани со најсовремени филолошки методи.

Истовремено биле создадени обемни речници, енциклопедии и библиографски прегледи што им овозможиле на научниците многу подлабоко да ја проучуваат античката историја.

Британските и германските универзитети станале главни центри на оваа научна активност и создале богата документарна основа за нови истражувања за Александар Македонски.

Хелмут Берве и систематизацијата на изворите

Значаен придонес дал германскиот историчар Хелмут Берве, кој во 1926 година ја објавил својата капитална студија „Александриски просопографски основи“.

Во ова дело биле собрани и систематизирани сите познати личности што се појавуваат во изворите за Александар. Истражувачите добиле можност на едно место да ги пронајдат сите достапни податоци, цитати и критички осврти за секоја личност поврзана со македонскиот владетел.

Една година подоцна започнало и објавувањето на монументалната серија „Фрагменти од грчката историја“ под редакција на Феликс Јакоби, која содржела бројни новообработени извори од времето на Александар.

Вилијам Тарн и идејата за братството меѓу народите

Нов пресврт во истражувањата донел британскиот историчар Вилијам Тарн, еден од највлијателните проучувачи на елинистичкиот свет во XX век.

Во своите дела Тарн ја прифатил основната идеја на Драјзен за Александар како двигател на историјата, но ѝ додал и нова хуманистичка димензија.

Според неговото толкување, Александар не бил само освојувач, туку владетел што се стремел кон зближување на различни народи и култури. Тарн сметал дека обидот за интеграција на Македонците и Персијците претставувал еден од првите историски обиди за создавање поширока заедница заснована врз соработка и меѓусебно почитување.

Во оваа визија Александар се појавува како владетел кој настојувал да создаде свет во кој луѓето би биле поврзани не преку присила, туку преку заеднички интереси и разбирање.

Токму поради ваквите различни толкувања, Александар Македонски останува една од најфасцинантните личности во историјата – владетел чиј живот и дело и денес продолжуваат да предизвикуваат научни дебати, нови истражувања и различни историски интерпретации.

Александар Трети Македонски и неговото место во светската историја, според книгата на Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин.

Најново од: Историја

Злата и Цветко – љубовта што загина во последната одбрана на Крушево

Александар Стеванов Битката кај Слива, 12 август 1903 година Понекогаш историјата не ја пишуваат само големите војводи и судбоносните битки. Ја пишуваат и обичните луѓе — оние чии лични соништа засекогаш останале под урнатините на големите историски пресврти. Таква е приказната за Злата Велева Богеска и Цветко Стојчев Коруновски, двајца млади луѓе од селото Селце, […]

Убиството на големиот стратег Филип Втори Македонски

Блискоста меѓу Александар Македонски и Аристотел била голема, а нивната духовна врска продолжила и подоцна, за време на походите во Азија. Посебно внимание му посветувале на античката грчка литература, уметноста и на научните прашања. Од особено значење било богатството од поезија со кое Аристотел ги запознал своите ученици и му овозможил на Александар темелно да […]

Документ од 1929 година: Македонците својот јазик го нарекувале „македонски“

Српскиот научник проф. д-р Радослав Грујиќ сведочи дека ниту во Прилеп, меѓу луѓе што завршиле бугарски училишта, не го слушнал одговорот „бугарски“, туку дека тие биле свесни за разликите меѓу македонскиот и бугарскиот говор Проф. д-р Радослав М. Грујиќ (1878–1955) бил српски историчар, православен теолог, универзитетски професор и член на Српската академија на науките. Од […]

Грчки и западни извори за населението во Егејска Македонија

Вистината не се брани со пропаганда, туку со извори, документи и факти. Во време на интернет, дигитални архиви и вештачка интелигенција, сè потешко е да се сокрие она што со децении било премолчувано — а уште потешко да се фалсификува историјата. Прашањето кој живеел и кој живее во Егејскиот дел на Македонија не треба да […]

Како беше променет етничкиот состав на Егејска Македонија: војни, преселби и асимилација

Најдлабоката промена се случила меѓу 1912 и 1949 година, преку војни, договорени размени на население, колонизација, протерувања, бегалски движења и асимилациски политики. Важно е да се нагласи дека османлиските статистики населението најчесто го делеле според верата, црковната припадност и јазикот, а не според денешното сфаќање на националноста. Поради тоа, грчките, македонските, бугарските и други историски […]

Историјата на Мала Преспа

Мала Преспа е историско-географска област во југозападниот дел на Македонија, распослана покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Нејзиниот најголем дел денес се наоѓа во Република Албанија и е опфатен со Општина Пустец. Иако со државна граница е одвоена од останатиот дел на Македонија, областа со векови претставува единствен природен, историски и духовен простор со Преспа. […]

Мудроста и духот на античките Македонци низ старите изреки

Античка Македонија оставила длабока трага во историјата на Европа и на древниот свет. Под водство на владетели како Архелај I, Филип II и Александар Македонски, некогашното регионално кралство се издигнало во водечка политичка и воена сила, а неговата војска стигнала сè до Египет, Средна Азија и Индија. Покрај сведоштвата за војните, освојувањата и државничките потфати, […]

Букурешкиот договор – поделба на Македонија без гласот на Македонците

На 10 август 1913 година, по Втората балканска војна, без гласот на Македонците и без нивни претставници на преговарачката маса, во Букурешт била исцртана новата политичка карта на Балканот. Букурешкиот договор претставува еден од најтешките настани во поновата македонска историја. Со него Македонија била поделена меѓу соседните балкански држави, а македонскиот народ бил целосно исклучен […]

To top