Коментари

Александар ДОНСКИ : НА ИКОНИТЕ СВЕТИ ДИМИТРИЈА СОЛУНСКИ Е ПРИКАЖАН КАКО ГО УБИВА БУГАРСКИОТ ЦАР КАЛОЈАН!

10309

10309

Денешните малубројни македонски бугаромани  (етнички Македонци, кои го прифатиле турко-монголскиот етноним „Бугари“) знаат по нешто од македонската историја секако гледана од бугарски аспект, но ако ги прашате да ви кажат нешто од бугарската историја (на пример да ви ги набројат „нивните“ турко-монголски бугарски ханови или да ви посочат податоци за роднинските врски помеѓу Бугарите и Татарите – кои врски се сериозно поткрепени од бугарски и татарски историчари), ќе видите дека немаат поим од сето тоа. Значи, се прават „Бугари“, а немаат поим од бугарската историја.

Ако бугарските историчари ја негираат и напаѓаат македонската историска вистина, тогаш ние треба на ист начин да дејствуваме против бугарската историографија каде има голем број „дупки“, нелогичности, па дури и смешни толкувања. На пример, како е  можно денешните Бугари, кои во најголем дел припаѓаат на белата раса, да тврдат дека нивните етнички предци (турко-монголските Бугари на хан Кубрат и Аспарух и нивните наследници Паган, Токту, Омуртаг, Цок, Телец и други како нив) да припаѓаат на жолтата раса? Значи станува збор за две различни раси! Тоа е исто како кога некој денешен белокож Швеѓанец би тврдел дека негов прв крвен предок е црнецот Кунта Кинте од Африка (со целата почит кон сите раси).

Тоа навистина е смешно, но денешната бугарска историографија токму тоа го тврди без да даде одговор на ова едноставно прашање. На тоа поле ние треба да напаѓаме пред меѓународната јавност, а не само да се правдаме зошто сме Македонци.         

Пред  да поминеме на основната тема на овој текст, потребно е да дадеме уште неколку дополнителни објаснувања. Наспроти апсурдните тврдења на бугарските шовинистички историчари дека Македонците и Бугарите во Средниот век биле „еден народ“, фактите и историските податоци говорат за војна и за непријателство помеѓу овие два одделни етникума.    

Да го земеме на пример  покрстениот бугарски цар Симеон (893 – 927). Тој исто така бил припадник на турко-монголските Бугари, т.е. припаѓал на жолтата раса. Негов пра-прадедо (по таткова страна) бил злогласниот бугарски хан Омуртаг, познат по неговата изјава објавена во Четаларскиот натпис во која тој вели дека „ќе ги убива Словените се додека свети сонцето и тече реката Тича“. Ова секако е уште еден траги-комичен апсурд во бугарската етногенеза – денешните жители на Бугарија себеси во голем дел се сметаат за „Словени“, а се гордеат со  турко-монголскиот етноним „Бугари“, т.е. со етничкото име на ханот кој ги убивал нивните крвни предци Словени!         

За царот Симеон, постојат историски извори според кои тој им на­несол многу страдања и на Македонците. Цариградскиот патријарх Нико­лај Мис­тик за нав­­легу­вањата на бугарските војски во Македонија воз­будено кон­ста­ти­рал:

… Кога си припомнувам за толкавиот број разрушени хра­мови, манастири и домови, за убиените епископи, за силуваните де­вици, за измачуваните монаси – како можам да се надевам дека Бог ќе го заборави сето ова?        

За пустошењата од страна на војските на бугарскиот цар Симеон Лав Ѓакон во својата Историја (ГИБИ, т. 5. стр.179) ќе запише:

Во месец септември, втор индикт, Симеон Бугаринот пов­торно настапил со својата војска против Цариград. Притоа ги оп­љач­­кал Тракија и Македонија, каде се опустошил и разурнал. (По­детално за ова кај Сариса Параос, в. Народна Волја, Благоевград, февру­ари 1998, стр.6).         

Византискиот историчар Симеон Логотет, за разурнувањата на на­шата земја од бугарскиот цар Симеон, го напишал след­ното:

Во месец сеп­тем­ври бугар­скиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги оплени Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија се и ги исекоа овошките.         

Овде сами по себе се поставуваат прашањата: чија земја униш­тувал турко-монголскиот Бугарин (со крстено име) Симеон и чии жени силувале припадниците на неговите војски? Зарем тие си ги силувале сопстве­ните сонароднички доколку наводно ние Македон­ците сме биле етнички Бугари?         

Постојат и други вакви сведоштва, кои во интерес на просторот ќе ги оставиме за некоја следна прилика.         

Македонија и Македонците страдале од Бугарите и за време на т.н. „Второ бугарско царство“ (за чиј етнички состав исто така има што да се напише).

Посебно познат по несреќите што му ги донел на македонското население бил владетелот на оваа држава Калојан (инаку, Куман по етничката припадност). Заради  злоделата што ги из­вр­шил во Тракија и во Македонија, Ромеите го нарекле Скили-Јован (Куче-Јован).. За неговите злодела врз македонскиот народ Вла­дислав Граматик од Рилскиот манастир напишал:

Тој Калојан при секое враќање од борбите што ги водеше против Ромеите, ја пустосеше македонската земја и извршуваше многу жесто­кости врз населението. Засолништата им ги рушеше до темел, а многу народ одведе во пленство и го пресели преку Дунав.    

И овој документ е објавен во бугарска книга (Петар Ников: Ма­те­риа­ли за средновековната историа на  Блгариа – ПСп, кн. 55-56, с. 250, цит. според Сариса Параос), а од него гледаме де­ка Калојан не го забо­равил стариот азијатски оби­чај да плени народ и да ги води плениците далеку од своите родни огништа.           

Во врска со походот на Калојан во Македонија и во Тракија, византискиот писател Никифор Григора запишал:

Македонските и тракиските градови беа целосно уништени, откако претходно доживеаја многу несреќи ту од Латинците, ту од Бугарите и Скитите. Уште што ли не им направија на хрис­тијаните овие крвожедни народи… (В. Златарски: Историа  на  блгар­ската држава през Средните векове, 3, 266).

Во Дејанијата на Свети Димитрија исто така постои сведош­тво во врска со пустошењата на бугарскиот цар Калојан во Маке­донија:

Тогаш владетел на Бугарите бил Калојан…Тој, откако ја преб­родил цела Македонија, ги опустошил сите области, до темел ги срушил основ­ните крепости, пљачкосувал и го испустил и го преселил целото население покрај брегот на реката Дунав – со еден   збор, го престорил во пустина секое место што го нападнал. Потоа тој незадржливо се упатил против Солун, заедно со својата војска, која била побројна и од морскиот песок и која се состоела од Бу­гари, Кумани, Татари, Хазари…(Христоматиа по историа на Блгариа, Софиа, 1964, с. 273).

Значи, бугарскиот цар Калојан ја пустошел Македонија и ги убивал Македонците со својата војска, од која големото мнозинство (покрај Бугарите) биле нивните  роднини, т.е. турко-татарските пле­миња: Кумани, Татари и Хазари.

Кога сме кај уништувањата на Македонија и на Македонците од времето на цар Калојан, да кажеме уште еден интересен податок. Име­но, познато е  дека во 1207 година овој цар презел опсада против Солун. За вре­ме на оваа жестока опсада Македонците од Солун, и старо и младо, со сите сили го бранеле својот град. Додека мажите војувале, жените се деноќно бдееле во црквите, молејќи го свети Димитрија Солунски да им помогне. Токму кога се чинело дека градот ќе падне, Калојан бил убиен под неразјаснети околности. Ова солунчаните го примиле како дело на свети Димитрија. Оттогаш на фреските и на иконите во Македонија и пошироко  свети Димитрија се слика со долго копје, јавнат на коњ, како го пробо­дува бугарскиот цар Калојан.         

Овие податоци се објавени и во хагиографското предание каде се прераскажани од рускиот митрополит Димитриј Ростовски (1651 – 1709). Според раскажувањето на митрополитот Ростовски, свети Димитрија се појавил во 1207 година во логорот на бугарскиот цар Калојан, кого го  прободел со копје и така го убил. Оваа сцена е позната како „Чудото на уништувањето на цар Калојан“ и таа станала популарен елемент во иконографијата поврзана со свети Димитрија.         

На официјалната веб-страна на големата црква „Свети Димитрија Солунски“ во Москва (Русија) во врска со сето ова читаме:

„Непремостлива пречка за ширење на империјата на  Калојан било антибугарското расположение во Македонија и Тракија. Калојан се обидел да ја смени оваа состојба во освоените територии со помош на својот меч и репресија. …Во 1207 година за време на опсадата на Солун, под мистериозни околности тој починал. Преданието ни кажува дека во шаторот во кој лежел Калојан се појавил Димитрија Солунски и го прободел со своето копје. Легендата пренесена од Роберт де Клари, според која Свети Димитрија го прободел царот со копје, подоцна станала еден од честите мотиви во иконографијата на Димитрија Солунски – Свети Димитрија јавнат на  коњ чие копито го гази Калојан, кој лежи на земја додека Димитрија го прободува со копје… Еден ден по убиството на Калојан, Бугарите ја прекинале опсадата на Солун и со телото на својот воен командант заминале во Трново. Подоцна, во Русија, жителите на руските градови, кои биле под непријателска опсада, го повикувале на помош Свети Димитрија од кого барале да го убие непријателот, исто како што тоа го направил со царот Калојан“.

1Donski Александар ДОНСКИ

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top