Коментари

КОИ СЕ ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО – ДПМНЕ?

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 5

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 5

КОИ СЕ ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО – ДПМНЕ? 

Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија).Драган Богдановски беше претседател на ДООМ до 1977г.

Сигурно е едно, да не беше Драган Богдановски и да немаше ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија ) немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ.

На основачкото сообрание на 17.06 1990 година му претходеа средби на Драган Богдановски како иницијатор за формирање Партија, во Берлин и Минхен.

Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна исправа.

Богдановски никогаш не изразил желба да биде Претседател на ВМРО-ДПМНЕ – ако искажеше таква намера сигурно дека ќе беше, затоа што негова беше идејата за формирање Партија. Ниту пак изрази желба да биде Премиер на Владата на Република Македонија.

За функцијата Претседател на Република Македонија? ДА, Богдановски се надеваше дека ќе биде предложен и избран за Претседател на Македонија.

Да беше жив КОСТАДИН ДИНЕВСКИ- ДИНКАТА, (македонски десидент, кој лежеше во затвор 4 години за „непријателско“ организирање) близок пријател и истомисленик на Богдановски, лично тврдам дека Тој ќе беше првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

КОЈ ИМА ПРАВО ДА КАЖЕ ДЕКА Е ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ?

-ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ;

-УЧЕСНИЦИТЕ НА СРЕДБИТЕ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН;

-СИТЕ КОИ БЕА ВО САЛАТА 25 МАЈ – ДОМ НА МЛАДИ НА 17.06.1990г.;

-СИТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ ОДБОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВМРО-ДПМНЕ ВО: МАКЕДОНИЈА, ЕВРОПА, АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДА;

-СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ОСНОВАЧКИТЕ СОБРАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1990 ДО 1994г.

-ОСНОВАЧИТЕ НА ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ;

-СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ НА МИТИНЗИТЕ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА;

-СИТЕ КОИ СО ЗБОР И ДЕЛО ЈАВНО И НЕДВОСМИСЛЕНО ДЕВЕДЕСЕТИТЕ ГОДИНИ ЗАСТАНАА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.

СИТЕ ПОГОРЕ НАБРОЈАНИ ИМААТ ПРАВО ДА СЕ НАРЕКУВААТ ОСНОВАЧИ И ВЕТЕРАНИ.

Може да полемизираме кој колку има придонес за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, но никој апсолутно никој поединец не би смеел да каже, Јас сум основачот или идеологот на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто? Одговорот е едноставен – еден човек сам не може да формира Партија и да придонесе за својата држава без колективен амгажман.

ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш, АМИН!

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 1

Фотографии од Киро Кипроски

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top