Коментари

Александар ДОНСКИ : ПОШТЕНСКА КАРТИЧКА ОД ВРЕМЕТО НА ГОЛЕМОСРПСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ АДРЕСИРАНА СО „МАКЕДОНИЈА“

Donski111

1Donski

Александар ДОНСКИ : ПОШТЕНСКА КАРТИЧКА ОД ВРЕМЕТО НА ГОЛЕМОСРПСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ АДРЕСИРАНА СО „МАКЕДОНИЈА“ 

Познато е дека за време на големосрпското владеење (кралска Југославија) во вардарскиот дел на Македонија (1918 – 1941 година), врз Македонците биле правени обиди за денационализација, при што македонскиот јазик бил забранет, презимињата биле менувани со задолжителното „иќ“ на крајот.

Македонија официјално била преименувана во „Вардарска бановина“, а често пати била нарекувана и како „Јужна Србија“.

Настаните од тоа време и отпорот што го пружале Македонците против таквата состојба воглавно се добро познати во нашата историографија, па овде нема да се задржуваме на нив. Во оваа прилика, меѓутоа, ќе посочиме на еден интересен наод токму од тоа време. Се работи за поштенска картичка која Македонецот Ангел, кој бил на отслужување на воениот рок во југословенската војска во Славонски Брод, ја испратил до својата сестра Марија во „Царево Село“ (денешно Делчево).

1dokl12

Она што паѓа во очи се два детали од картичката кои како да му пркосат на времето во кое картичката била испратена.

Како прво, иако картичката е испратена на 10 ноември 1921 година, (што значи речиси цели три години по создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (кралска Југославија), презимето на неговата сестра е пишано како „Симеонова“, а не „Симеоновиќ“ како што било задолжително во склад со тогашната денационализаторска политика.      

Како второ и најинтересно е тоа што во нејзината приемна адреса не е пишана „Јужна Србија“ или „Вардарска бановина“ туку дословно пишува–Македонија! 

Секоја чест за смелоста на Ангел кој на ваков начин (иако војник далеку од Македонија) дрско се спротивставил на тогашната денационализаторска политика, а фактот што картичката (веројатно со негова фотографија) сепак стигнала до неговата сестра, може да укаже на претпоставката дека и во поштата на Македонија (но и Хрватска) од тоа време имало смели луѓе кои ја спровеле и доставиле ова картичка.         

Упатувам благодарнст до г-ѓа Роса Гапева од Штип која ми ја достави оваа картичка, која била сопственост на нејзиниот внук Горан, кому испраќачот Ангел од Делчево му бил дедо.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top