На прво место

Дали Заев и Филипче се уценети да ги промовираат уставните измени во корист на Бугарија?

Додека официјална Софија со години испраќа пораки со кои се оспоруваат македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет, Венко Филипче упорно се обидува да ги увери граѓаните дека, наводно, нема причина за загриженост.

За него, очигледно, националните отстапки не се проблем, туку политичка алатка. Наместо јасно и недвосмислено да ги осуди ваквите бугарски позиции, тој ги релативизира, ги омекнува и создава простор тие постепено да бидат прифатени како нешто нормално.

За Филипче, како и за Зоран Заев пред него, нема црвени линии кога станува збор за македонските национални интереси. Нема прашање што не може да се стави на маса, нема позиција што не може да се омекне и нема достоинство што не може да се жртвува доколку се процени дека тоа може да донесе политичка корист.

Истата матрица веќе еднаш беше применета. Под изговор на европска иднина, Македонија беше туркана во отстапки што оставија длабоки последици врз државните и националните позиции. Уставот беше отворен, а државата беше доведена во ситуација да докажува нешто што никогаш не требаше да биде предмет на преговори – своето име, својот јазик, својот идентитет и својата историја.

Кога еден политичар одбива да го види она што го гледа цел народ, тогаш прашањето не е дали е доволно информиран, туку чии интереси избрал да ги брани.

Таквата политика не е европска визија. Таа е или политичка наивност, или свесно отворање пат за нови условувања и нови уцени.

Наместо да ја брани својата држава, Филипче ја обвинува Македонија дека создавала вештачки конфликти со соседите. Тоа е старата матрица на СДС – вината секогаш да се бара дома, а никогаш кај оние што вршат притисок.

Според оваа логика, Македонија е виновна затоа што ја брани својата вистина. Македонскиот народ е виновен затоа што не сака да се откаже од себе. Граѓаните се виновни затоа што не прифаќаат политика на национално обезличување.

ВМРО-ДПМНЕ, заедно со народот, нема да дозволи истото сценарио повторно да се реализира преку Венко Филипче. Македонија не смее повторно да биде внесена во процес во кој однапред се знае дека секоја отстапка ќе биде претворена во ново барање, а секој компромис во нов услов.

Сè почесто се наметнува прашањето: дали ваквото однесување е резултат на политичко убедување или постојат и други причини поради кои Заев и Филипче толку упорно ги застапуваат ставовите што одговараат на бугарските барања?

Дали станува збор за политичка заслепеност, погрешна проценка или за нешто многу посериозно?

Тоа е прашање на кое тие им должат одговор на македонските граѓани. Бидејќи кога станува збор за идентитетот, јазикот, историјата и достоинството на државата, молкот никогаш не е одговор.

Најново од: На прво место

Македонски историски и црковен календар – 16 август

16 август 1872 – Ѓорѓија Пулевски го најавува својот учебник На 16 август 1872 година, додека работел како учител во Кукуш, Ѓорѓија Пулевски објавил известување за подготовка на учебник по граматика на македонското наречје. Пулевски е една од најзначајните личности во развојот на македонската национална, јазична и историска мисла во XIX век. Во своите дела […]

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на […]

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево се гради со силна динамика

Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок во кампот кај Извор, посветен на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Николоски информира дека работите на терен се одвиваат со силна динамика, при што надлежните институции и изведувачите работат на решавање на сложените инженерски предизвици. […]

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА за изјавата на српскиот претседател г. Александар Вучиќ

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и […]

Додека Филипче и Заев одмораат на Егејот, СДС шири дезинформации и страв

Додека Венко Филипче и Зоран Заев одмораат на Егејот, очигледно решиле политиката да ја водат преку ширење дезинформации и создавање страв и несигурност кај граѓаните. Ширењето непроверени информации за исправноста на водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче не смеат да си играат со довербата на јавноста и со чувството на сигурност кај […]

Македонски историски календар – 15 август

Петнаесетти август во македонската историја е поврзан со организирањето на македонското револуционерно движење, со Илинденското востание, со истакнати македонски дејци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и со трагични страдања на македонското население. 15 август 1865 – Роден е војводата Стефан Ролев Во селото Врбени, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, е роден […]

Водата во Гостивар може да се пие

Водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење, соопштија надлежните по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, информираше дека забраната е укината и дека граѓаните повторно можат да ја користат водата за пиење и за приготвување храна. Сепак, на жителите им се препорачува […]

Злата и Цветко – љубовта што загина во последната одбрана на Крушево

Александар Стеванов Битката кај Слива, 12 август 1903 година Понекогаш историјата не ја пишуваат само големите војводи и судбоносните битки. Ја пишуваат и обичните луѓе — оние чии лични соништа засекогаш останале под урнатините на големите историски пресврти. Таква е приказната за Злата Велева Богеска и Цветко Стојчев Коруновски, двајца млади луѓе од селото Селце, […]

To top