Коментари

Александар Џеповски : Меси не е Бугар ниту Албанец туку да ти бил Русин.

Dzeposki

1Dzeposki

Се јавија повеќе историчари од Мадрид до Владивосток, дупло повеќе научници и тродупло повеќе аналитичари кои дојдоа до едногласен заклучок дека Меси е Русин и точка. 

Сите докази на Бугарите па дури и на Албанците паднаа како кула од карти кога се изврши анализа на крвта на овој фудбалер а падна и наредба од Бајден и Америка да го направат било што само не Русин, барем не во овој момент и до крајот на војната во Украина. Сето тоа може да има голема инспирација за Русите и православниот свет па затоа им се даде шанса на Бугарите и Албанците како и секогаш да си присвојуваат што им душа сака а во овој случај ете и Меси. 

Живееме во време кога се е можно и фантазијата е реалност и сето тоа спонсорирано од Хазарите преку Ватикан. Колку повеќе лажеш толку повеќе си некој фактор се разбира доколку си смртоносно вљубен во демократијата што ја нуди и дава фалената Америка. Има само еден услов а тоа е да си склон кон менување име и да се откажеш од мајка, татко и фамилија за полесна фатаморгана во иднина. 

Стоичков не успеа да го откорне бугарскиот корен на Меси а Косовците Шаќир и Џака џабе толку си ја коцкаа главата во Катар против Србија  Прадедото на Меси бил познат месаџија на леб во Москва и кога му пристуде од сибирската зима во Моска си фати џенем, почна да си бара чаре и заврши во Аргентина. 

Ете вака би изгледала шемата на откивањето на Америка, преку препознатливи бургии и фазони со девизата кому иде.Така успеваа Грците, Бугарите, Албанците и сите денешни признати земји во Европа.

АКО МОЖЕЛО СО ЛАЖЕЊЕ ДА СЕ СТИГНЕ НЕКАДЕ ТОГАШ СВЕТОТ ЌЕ ИМАШЕ ДРУГА СМИСЛА И ДИМЕНЗИЈА А МАКЕДОНИЈА НЕМАШЕ ДА ПОСТОИ НИ ЕДНА СЕКУНДА … ДО КОГА ВАКА, САМО ГОПОД ЗНАЕ. 

Среќна нова 2023 година!

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top