Коментари

Тихомир Каранфилов : Националното прашање на Балканците

Tihomir Karanfilov-001

1Tihomir

Тихомир Каранфилов : Националното прашање на Балканците

„За нечистата дипломатска игра за националните прашања од страна на владејачките класи, ни даваат многу поучна слика настаните во Македонија, најважниот објект за освојување од нивна страна. За таа земја, Србите претендираа како природен излез кон Белото Море преку долините Морава и Вардар. Грците бараа неопходна заднина за нивното долго крајбрежје. Бугарските реакционери ги испраќаа Србите зад Дунав и на Јадранот, Грците на островите, а Македонија ја чуваа за себе како неопходна област за нејзиниот економски развој… Покажуваа и спореа дека Македонија национално припаѓа на секој еден од нив. За да се оправда таа теза, тие пуштија голем апарат за национална пропаганда. А големите сили, чии интереси се уште се испреплетени тука, ја ставија во дејство верската пропаганда, едните заштувајќи го православието, други католицизмот, трети протестантизмот.“ – пишува Елински во својата статија „Националното прашање на Балканците“( Националния въпрос на Балканите, Македонска мисъл кн. 9-10, год. 1, 1946)

Македонскиот народ денес повторно се соочува со невидена агресија врз негоиот идентитет, јазик и култура. Се повторуваа аспирациите на соседите од минатото за македонската земја. Тие заеднички, со посретство на надворешни сили делуваат против македонскиот народ.

Историските искуства од пред повеќе од еден век говорат дека доколку не се заузди овој обединет фронт против Македонците, истите играчи од почетокот на минатиот век со дејствијата кои со своите спонзори ги превземаат, кога тогаш ќе резултираат во нова балканска или светска војна. Во тој контекс, за да се потсетиме на минатото, ви ја пренесуваме статијата „Националното прашање на Балканците“, објавен во органот на Македонскиот науен институт во Софија, во која авторот под псевдоним Елински пишува:

„Балканските национални држави се рожба на навлегувањето на капиталистичките односи во стопанскиот живот на балканските земји, на возникнатите национални движења над горната економска основа и на влијанието на идеите на Француската револуција, кои владееле во таа ера, како и на стремежите на големите сили да ја ослабат Турција, правејќи си свои сметки во световната освојувачка политика.

Она што уште на прв поглед остава впечаток кога се разгледува ова прашање е фактот дека создавањето национални држави на Балканот не е покриено ниту со националните принципи, ниту со потребите за капиталистички развој на тие држави. Сакам да кажам дека голем дел од нацијата, која ја сочинува секоја од овие држави, остана надвор од нејзините граници и тие граници беа премногу тесни за да можат да обезбедат просперитет за еден капиталистички развој.

Осакатеното решавање на тоа прашање се должи на интервенција на надворешни сили. Бабица при раѓањето на тие држави беа големите сили кои имаа интерес да ја уништат Турција, но немаа интерес да ја заменат со моќна држава, со шанси за едно целосно независно постоење. Тие имаа интерес од едни мали држави кои ќе служат како пиони во нивната светска игра и се растргнати од противречности меѓу себе, барајќи излез за повеќе воздух под балканското небо.

Навистина, историјата не ни дава јасна слика за тоа како балканските држави, во нивните напори да создадат подобри услови за нивниот капиталистички развој, секогаш се обидуваа да се потпрат под чадорот на некоја голема земја, да ја комбинираат својата балканска освојувачка политика со светската освувателна политика на голема земја.

Во која насока можеа да бараат проширување малите балкански држави, што беше неопходно за нивниот капиталистички развој и за решавање на нивните национални проблеми?

Пред да одговорам на тоа прашање, веднаш треба да забележам дека за балканските држави овие две прашања, за проширување и за националните граници, никогаш не се поклопувале, дека второто секогаш му било подредено на првото и тие сè уште барале решение со нивната националност, или создаваа историја на свој начин, кога требаше да го оправда завладувањето на некоја точка неопходна за процут на нивната економија. Поради ова, во основата на таа политика не лежи националната правда, туку стремежот кон хегемонија на Балканот.

Два пата имаше за правилен економски развој на балканските држави: патот до федерација и патот на уништување на еден за да се издигне друг т. е. патот на федерацијата и патот на хегемонијата. Првиот беше одбран од демократските сили на Балканот на чело со работничкото движење и македонското национално револуционерно движење на Гоце Делчев. Вториот беше патот на реакционерната буржоаска средина на чело со монархиските институти, поддржан и поттикнат од меѓународната реакција и особено, во последните децении, од германските империјалисти.

Работното движење во тоа време беше премногу слабо за да се обедини и да ги води масите. Покрај тоа, тоа многу го потценуваше националното прашање, не ја гледаше неговата улога во животот, не го гледаше својот сојузник во националното движење и сосема наивно го замислуваше прашањето за власта како прашање исклучиво на парламентарна борба и развој.

Во која насока хегемонистите под водство на монарсите го бараа проширувањето?

Капиталистичкиот развој и државното национално формирање на Балканот се движеше од периферијата кон центарот. И тоа беше сосема природно и разбирливо. Како резултатот на тоа се создадоа три балкански држави. Србија, Грција и Бугарија на периферијата, а во центарот останаа под Турција Тракија, Албанија, Тесалија и главно Македонија, која се граничи со трите. Најслаба точка за проширување беше Турција и затоа напорите на балканските држави беа насочени во таа насока. Затоа, Македонија стана центар во кој се испреплетуваа противречностите на балканските држави и монета за разменување во рацете на големите држави за влијание меѓу балканските држави.

Патот на хегемонистите беше еден и не можеше да биде п друг. Тоа беше патот на раздорот и војните. Но, сепак пред очите на народот, хегемонистичката идеја и патот на војната беа покриени со национална облека. Тие никогаш отворено не зборувале за хегемонија, никогаш не зборувале за освојувања, туку веднаш за национално обединување. Во тајните архиви, сепак, се наоѓа не еден документ, кој зборува за хегемонија, а во опиеноста од успехот, не еднаш се зборуваше за освојување на територии со страно население.

Паралелно со тој хегемонистичката политика на реакционерите и царевите, се развиваа и националните движења за ослободување од поробените народи во Турција и Австрија. Имаше моќно движење на Крит, Тесалија, Албанија, преку Дунав и особено во Македонија. Неизбежно, тие национално-ослободителни движења се судрија со освојувачката политика на реакционерните и монархистичките клики, што всушност беше судир меѓу идејата за национална слобода и идејата за хегемонија меѓу културниот развој на народните маси и економските аспирации на владејачките класи. Реакционерните монархистички кругови вложија големи напори да ги зауздат овие движења, да ги усогласат со нивните аспирации и на тој начин да ги оправдаат овие вториве дипломатски пред надворешниот свет и да подготват психолошки основи кај сопствените народи за да ги впрегнат да ги влечат своите реакционерни вагони. Тоа значи да се прикрие трговијата со национални прашања и да се истури голема доза националистички опиум во националните чувства на масите. За тоа многу им помогна шарената национална слика на Балканот, заплеткувањето на националистите во нив, големата блискост на славјанските јазици и неизживеаната улога на верските прашања.

За нечистата дипломатска игра за националните прашања од страна на владејачките класи, ни даваат многу поучна слика настаните во Македонија, најважниот објект за освојување од нивна страна. За таа земја Србите претендираа како природен излез кон Белото Море преку долините Морава и Вардар. Грците бараа неопходна заднина за нивното долго крајбрежје. Бугарските реакционери ги испраќаа Србите зад Дунав и на Јадранот, Грците на островите, а Македонија ја чуваа за себе како неопходна област за нејзиниот економски развој. Сепак, тие не ги покажуваа своите економски потреби. Прикажуваа и спореа дека Македонија национално припаѓа на секој еден од нив. За да се оправда таа теза, тие го пуштија во од големиот апарат за национална пропаганда. А големите сили, чии интереси се уште се испреплетени тука, ја ставија во дејство верската пропаганда, едните заштувајќи го православието, други католицизмот, трети протестантизмот. Понатаму, кога Македонците преку својата револуционерна организација ги отфрлија сите тие фактори и почна да се борат за себе, кон таа пропаганда преку училиштата и црквите се приклучи и вооружена пропаганда преку нивните чети. И македонскиот народ се соочи со вооружена борба со сите балкански и световни реакционерни фактори. Се повторуваа војните на македонско тло и конечно на обединет фронт на сите реакционерни фактори против македонскиот народ. Тој обединет фронт резултираше со борба против младотурската револуција, а уште појасно во балканската војна.“

(Продолжува)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top