Коментари

НА МАКЕДОНИЈА И ПРЕТСТОИ БУРНА ПРОЛЕТ, А БОГА МИ И БУРНО ЛЕТО

Martin Trenevski 1

1martin1 

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 191)

На  Македонија и претстои многу бурна пролет, а Бога ми и лето! Ова може да се очекува од секојдневните изјави и најави и од домашните, но од странските политичари и дипломати акредитирани во Скопје. Главна тема што доминира е инсистирањето на странците, но и домашните властодршци – промена на Уставот на Македонија и вметнување во преамбулата на Бугарите како државотворен народ. Се разбира, во тој пакет се споменува и вметнување на Хрватите и Црногорците во нашиот Устав што воопшто не е спорно бидејки тие се интегрирани во македонското општество како рамноправни граѓани и придонесуваат за доброто на целиот народ, Но вметнување на Бугарите, што од Брисел ни ставија на знаење дека е услов без кој не се може (што е без преседан во историјата на ЕУ) за стварен почеток на преговорите за членство во ЕУ – е тоа е веќе многу сериозен проблем за пошироката македонска јавност!

Видовме и своевидна најава за трауматичниот политички (и не само политички) пероид што претстои до ноември годинава, кога е зацртано дека треба да се реши проблемот со промена на Уставот на РМ, и кога завршува првата фаза на таканаречениот скрининг процес од што ќе зависи почетокот или непочетокот на преговорите за членство во ЕУ. Велам најава (небаре фалеа уште фанфари па се да биде “на ниво”, е и конференцијата на Советот на амбасадори што се одржа на 12 јануари во Скопје. Настанот беше отворен со говор на Претседателот Стево Пендаровски, па следеа заменикот премиер Бојан Маричич (учесник со “Шарената револуција” што ја турна легално и од народот избраната влада на Никола Груевски), па Амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, потретседатлаката на владата Славица Грковска, амбасадорката на Шведска Ами Јаин, заменикот амбасадор на САД Ерик Мајер, амбасадорот на Франција Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп, амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ, амбасадорката на Романија Адела Моника Аксинте, чешкиот амбасадор Јарослав Лудова и неколкумина домашни амбасадори и политичари. Со еден збор елитен состав очигледно педантно одбран за да не убедува  нас – домашните амбасадори и други присутни во оправданоста на искажаните нивни пораки за неопходноста за промена на македонскиот Устав. Неизбежна тема беше кај сите говорници и корупцијата во Македонија на сите нивоа како најголем проблем за побрзата интеграција на земјата во ЕУ.

Единствен од присутните кој реагираше во презентираните визии на панелистите бев, за жал само јас За корупцијата се послужив со онаа, народната: “Рибата смрди од главата”, при што најдирекно посочив дека корените на корупцијата треба да се бараат во највисоките ешалони на власта, а како пример го споменав случајот со издавање на 214 македонски пасоши – меѓу останатите и на босовите на црногорската, неаполската, турската, па дури и Бразилската мафија. Потоа шверцот со дроги во којшто се вклучени и високи функционери од македонската полиција и сл.

Отворено се изјаснив против промена на Уставот од повеќе причини. Пред се, без преседан е во меѓународни рамки земја, наш сосед, а членка на ЕУ да те приморува насила да го мениме Уставот заради нејзин ќеф, а што ни се наметнува како главен услов и во таканаречената преговарачка рамки за Македонија да може да почне преговори за членство во ЕУ. Па дури тоа и ако се случи, (далеку било) допрва ќе следат притоци, уцени, убедувања, подмитување и други методи со кои се служи меѓународната заедница за да ги оствари своите зацртани цели, а ние немаме ама баш никакви гаранции дека преговорите ќе течат успешто! Особено не, како што се најавува за пропагандни цели, дека демек имало шанси тие преговори да завршат успешно до 2030 година што, според мене, е невозможна мисија (mission impossible).

Дека сум во право што сум против вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот се покажа и деновиве со ушт една голема провокација (за која надлежните воопшто не реагираа) од поголема група Бугари кои искористија годишнината од смртта на Тетовчанката Мара Бунева (која сред Скопје го уби српскиот генерал Прелиќ во дваесеттите години од минатиот век) да извикуваат пароли “Македонија е бугарска”, “Бугарија е од Црното море до Охрид”. Бугарија најавува формирање на бугарски клубови во дваесетина македонски градови, а вметнување на Бугарите во уставот би значело и можност тие да формираат и политичка партија и да излезат на избори па и во нашето Собание да ни говорат и на бугарски јазик.

Со други зборови, она што Бугарите не успеаја да го остварат на бојно поле (Санстевафска Бугарија), да си го реализираат со политички средства со помош на ЕУ и Стејт Департментот!?

За жал, се чини за бугарското сцеранио, сега институционално подржано од ЕУ, се чини дека стои и нашиот стратегиски партнер – САД. Американската амбасадорга Анџела Агелер неодамна лично отиде во седиштето на ДУИ во Мала Речица, што е без преседан! Не знаеме што разговарале таму, но претпоставувам дека ги убедувала да се обединат сите албански партии застапени во Собранието за да гласаат за промена на Уставот. Тоа, впрочем се потврди на средбата во Тирана на премиерот Еди Рама со водачите на албанските партии – со исклучок на Беса, а заклучокот од таа средба многу јасно го искажа Али Ахмети од ДУИ кој во повече наврати беше категоричен, па прозвучи дури и заканувалки, за неопходноста од промена на Уставот!

Би ги запрашал и креаторите на политики во Брисал и во Вашингтон: што ако се случи по нив лошата (!?) варијанта, т.е. неприфаќање на рамката за преговори за члнство на РМ во ЕУ? Се закануваат дека ќе ги прекинеле постапките со Македонија, и…? Ќе остават црна дупка на политичката мапа на Балканот и ќе овозможат пенетрација на влијаанието на екстремниот ислам и руското влијание??? Бидете поодговорни господо и извлечете поуки од она што се случува во Украина бидејки проблемите од нашиов регион многу лесно може да ви дојдат кај вас, дома!!!

Единствен спас од ова грдо и за нас поразувачко сценарио за бришење на Македонците како нација (тоа е целта на нашите соседи за што одработуваат ЕУ и САД, а небаре сме нивни сојузнициу во НАТО!?) е опозицијата да ги повлече своите пратеници (вкупно 44 од 120), да изнуди предвремени избори и избор на нова влада.

Христијане Мицкоски, како лидер на опозицијата ти си на потег!!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top