Коментари

Ако е Гоце Бугар, тогаш Левски и Ботев се Срби

1Dzepovski1

1Dzepovski1

Ако е Гоце Бугар, тогаш Левски и Ботев се Срби а Зорба Македонец.

Доколку ги почитуваме и спроведуваме вистините на нашите ценети комшии од кои Антиката Македонска припаѓа  на Грција , средновековната на Татарите и најновата на кој како ќе стигне, тогаш и тие ќе мора да играат по истиот терк и да ја спроведуваат истата логика и на нивна штета. 

Правото име на Левски беше Васил Кунчевиќ Левски, на Раковски – Сава Попович Раковски и тие заедно со Христо Ботев беа Српски питомци … исто како што Гоце нели бил Бугарски питомец. Значи, питомци и се школувале на Српски јазик чесно и достојно. 
Славниот Зорба за кој се сними филм како епски Грк боем последните 20 години живееше во Скопје каде почина и гробот негов се наоѓа во градските гробишта во Бутел. Аналогно на сето ова и логиката на ценетите Грци испадна дека Зорба е Македонец.
Кога на целата ова каша попара ќе го додадеме и фактот дека ете и 8485 Албанци се изјаснија и гледај чудо се чуствувале како Бугари, па дури си регистрирале друштво и клуб албанско бугарски…е тука веќе стигнавме до зенитот на онаа народната мисла – дури сега знам дека ништо не знам. 
Слободно може да кажеме оти во минатото луѓето одеа да си бараат чаре по печалби, во комшиските дворој, но денес пасошот и  лесната пара се голема магија во која комшиите наши златни и те како знаат да ги употребат за свои цели и глупости. 
Тргнаа луѓето по памет на натемаго па царува лесната коруптивност и продавање на душата за некое евро.
СВЕТОТ Е ВО ГОЛЕМА КРИЗА НЕ ОД МАТЕРИЈАЛНА СТРАНА ТУКУ ОД УМСТВЕНА СТРАНА И ТУКА ПОПРАВЕН ИСПИТ НЕМА, ПА ЗАТОА ГОРНИОТ ЌЕ СУДИ…Е ПА ЌЕ СУДИ, ВИ КАЖА И ВЕ ОПОМЕНА ВО КНИГИТЕ НЕГОВИ. СО СРЕЌА ДА СИ ГО НОСИТЕ. 
АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top