Коментари

Регентот на Бугарија за македонскиот народ и македонската држава

129031

129031 Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

На 9 септември 1944 година, со решение на НК на ОФ, Тодор Павлов  бил назначен за регент на Царството Бугарија.

Борци од Народноослободителната македонска војска и активисти од средините на револуционерната македонска емиграција во Бугарија се обрнаа кон г. регентот на Бугарија Тодор Павлов, со молба да одговори на прашањето за неговиот личен однос како и на односот на бугарскиот народ кон ослободителното движење на македонскиот народ и кон новата Македонска држава. Еве го одговорот на г. регентот Тодор Павлов, на така поставеното прашање (извадок од „Работническо дело”,  21. X. 1944 год):

„- По долги, упорни и крвави борби, македонскиот народ најпосле му покажа на 2 август о.г. на целиот свет, дека правото за самоопределување на народите не се дава, а се извојувува. На денот на историскиот Илинден, во древниот манастир „Прохор Пчински”, верните синови на беспримерно истраданиот и херојски македонски народ ги поставија гранитните темели на слободната Македонска држава, која влегува како рамноправен член во новата демократска федерална Југославија.

Се разбира дека македонскиот народ наполно ќе ми поверува ако му кажам, дека неговата радост поради неговата голема победа и оправданите негови надежи за блескава иднина на неговата нова држава ги дели најискрено и братскиот бугарски народ.

Бугарскиот народ… со својата беспоштедна борба против великобугарскиот шовинизам, …има најискрена желба не само да ги исправи сите досега сторени, главно по вина на неговите управници, грешки и престапи кон македонскиот и српскиот народ, туку и да направи се што е потребно за циментирањето на цврстите темели на братскиот сојуз со новата демократска федерална Југославија, за соработка со другите балкански народи и со Англија и Америка, како и за вечната дружба со својот ослободител,  големиот руски народ“.

Кој е Тодор Павлов?

Во продолжение на текстот стои.  „Роден во Македонија, но порастен во Бугарија, авторот на овие редови беше воспитан во духот на идеите на Димитар Благоев, Ботев, Гоце Делчев и Георги Димитров, та затоа ја следел секогаш со најжив интерес славната борба на македонскиот народ за ослободување, како и неговите видни усилби за создавање на нова македонска култура, па, според своите сили, каков што е случајот и со големиот македонски поет Венко Марковски и др,, се обиде да даде свој скромен придонес кон тоа историско дело на македонскиот народ“.. .

Обидувајќи се нешто повеќе да дознаеме за Тодор Павлов, истражувајќи ги интернет страниците наидуваме дека: Тодор е  роден во 1890 година во Штип. Неговиот татко Димитар, познат како Штипјанин бил учител, автор на духовни напеви и црковен певец, еден од најдобрите во Штип кон крајот на XIX и во почетокот на XX  век. Тодор Павлов се образувал на Софискиот универзитет, каде дипломирал  во 1914 година на насока филозофија и педагогија. Потоа предавал како учител во Казанлак (1914-1919), Лом, Ихтиман и Белата црква.

Во 1919 година станал член на БКП. Во 1922-1923 година бил главен уредник на прокомунистичкиот весник „Младеж“. Во летото 1923 година бил уапсен, но подоцна ослободен. Во 1924 година, тој беше избран за раководство на легалната Партија на трудот и за Централниот комитет на илегалната Комунистичка партија. По нападот во црквата „Света недела“ на 16 април 1925 година, бил уапсен и осуден на 12 години затвор. Во 1929 година бил амнестиран и ослободен.               

Во 1932 година емигрирал во СССР и станал професор по дијалектички материјализам на Институтот „Црвениот професор“ во Москва. Во 1936 година се враќа во Бугарија и се посветува на новинарската дејност. Во периодот 1941-1943 година бил интерниран во концентрациони логори. На 9 септември 1944 година, со одлука на НК на патриотскиот фронт и декрет на владата е назначен за регент на Кралството Бугарија. Како регент, тој ги користи сите права што се застапуваат во Уставот на Трново, вклучувајќи го и назначувањето и разрешувањето на високиот команден штаб на армијата.

Долго време по Втората светска војна Тодор Павлов ќе зазема значајни места во бугарското општество. Умира во 1977 година.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top