Коментари

Документ од 1903 година: Султанот му честита на Фердинанд за акцијата против македонските комитети

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Веснички и дипломатски извештаи од времето на Илинденското востание покажуваат дека османлиските власти и европската јавност правеле јасна разлика меѓу Бугарија и Македонското прашање.

Во јавноста ретко се споменува еден интересен историски факт од 1903 година, кој фрла поинаква светлина врз односите меѓу Македонија и Бугарија во времето на Илинденското востание.

Според тогашни извештаи објавени во британскиот печат, меѓу кои „The Times“ и „The Illustrated London News“, како и во дипломатски документи од тој период, Турскиот султан му изразил благодарност на бугарскиот кнез Фердинанд за мерките преземени против македонските комитети.

Во еден од извештаите се наведува: „The Sultan of Turkey has thanked Prince Ferdinand of Bulgaria for arresting the Macedonian Committees.“

Во превод: „Турскиот султан му се заблагодари на бугарскиот кнез Фердинанд за апсењето на македонските комитети.“

Според историскиот контекст, оваа формулација може да се разбере и како: „Султанот му изрази благодарност на кнезот Фердинанд за преземените мерки против македонските комитети.“

Историски е потврдено дека за време на Илинденското востание во 1903 година бугарската влада на кнезот Фердинанд не интервенирала во корист на македонските востаници. Напротив, Софија преземала мерки за ограничување на активностите на револуционерните организации и за спречување на поширок конфликт на Балканот.

Особено е значајно што во тогашните дипломатски и новинарски извештаи јасно се прави разлика меѓу Бугарија, бугарската држава и македонските комитети. Македонија се третира како посебно политичко прашање, а не како дел од Бугарија.

Токму затоа овие документи претставуваат интересно историско сведоштво за начинот на кој меѓународната јавност и османлиските власти го разбирале македонското прашање на почетокот на XX век.

Писмото и тогашните веснички извештаи отвораат и едно логично прашање: ако Македонија и Бугарија биле исто политичко и национално прашање, зошто османлиските власти и западниот печат јасно правеле разлика меѓу бугарската држава, кнезот Фердинанд и македонските комитети? Самата формулација во документите покажува дека Македонија била третирана како посебно политичко прашање, а не како составен дел на Бугарија.

Доколку Македонија и Бугарија беа ист народ или како што денес тврдар мрднатите татарски јаничари дека нашите дедовци се изјаснувале за Бугари, зошто тогаш убивале ” Бугари ” и многу и помагале на Турците ?

Втора работа што привлекува внимание е во тој момент лудакот со тапија Фердинанд е едноставно Кнез а подоцна самоиницијативно се прогласува за Цар. Тоа ти е исто како неписмен човек да се прогласи за Академик или Доктор на науки и светот да го признава и почитува како таков. Исто така Принц германски па со име Католичко никогаш и никаде никој во Македонија не спомнал или да се гордеел барем 1 секунда.

Самиот тој Фердинанд беше тутурутка и сместен во лудница затоа што се занесе дека тој го победи цел свет и западниот свет му носеше платени глумци да имитираат странски дипломати кои доаѓаа да му се поклонат за големото херојство и невидени совети со кој тој лично и никој друг го освои цел свет и како таков сите му се покоруваат и му беа наводно премногу благодарни.

Фала Му на Бога што сè уште има кој да внимава и да реагира навреме кога е потребно. Во спротивно, само Тој знае до каде би стигнало човештвото во своето талкање.

АМИН !

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top