Коментари

Свекрва : Единствен начин Македонците да преживеат е оваа неспособна власт да биде заменета!

1svekrva copy copy copy copy

11svekrva

Власта предводена од СДС и ДУИ постојано се обидува да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за да се извршат измени во Уставот кои според нив водат кон ЕУ. Во меѓувреме, земјата постојано се соочува со низа закани: закани за вето од соседот доколку Бугарите не влезат во Уставот, закани поделба на земјата ако не се промени Уставот, закани за поставени бомби во училиштата, закани од банкрот на државата поради прекумерни задолжувања, неможност од исплата на плати поради хакерски напади и т.н. Сето ова наликува на развиени сценарија кои треба да влеат страв кај македонскиот народ за „доброволно“ да прифати обезличување на државата.  

По неуспешните обиди на власта да ја убеди опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да гласа за измени во Уставот, како и поради немоќта да се повторат уцените или да се купат преставници од опозицијата во Собранието,  како што се направи за промена на името, денес се случуваат низа настани кои можат да имаат влијание на јавноста да прифати нешто што мнозинството не го посакува. 

Имено, поради хакиран систем доцнат платите на вработените во здраството и исплатите на други корисници на Фондот за здравствено осигурување. Јакиот шум кој се создаде со овој сајбер напад врз ИТ системот на ФЗО, го покрива звукот од тркалањето на карпата позади брегот кој поради неспособноста на власта да се справи, може да ја распарча земјата. 

Чудно е како власта има дозволено една институција како што е ФЗО да нема бекап, од каде лесно би се вратиле податоците за кратко време. Чудно е што по сите развиени сценарија за сајбер тероризам власта дозволи една ваква институција да биде доведена во ваква ситуација, што преставува закана за безбедноста на земјата.  

Некој навистина треба да поднесе одговорност за настаните во ФЗО. Но не само да бидат жртвени јагниња, туку владата треба да си поднесе оставка. Ако не се способни да заштитат таква една институција, тогаш како ќе ја заштитат државата.  

Власта предводена од СДС и ДУИ, ако нема друга цел, покажаа тотална неспосбност не само во превенција, туку и во справување со последиците од секаков вид на ризици и опасности по животот и материјалните добра. Тие треба да си заминат веднаш, зошто како би се справувале со поголеми кризи предизвикани од климатски промени, пожари, поплави, земјотреси и т.н.  

По пандемијата со корона вирусот, земјотресот во Турција отвори многу дилеми за употреба на биолошко и друг тип на оружје за постигнување на геостратешките интереси на поедини земји. Така на пример, долго време постојат тенденции да се развијат тектонски оружја кои би предизвикале земјотреси, вулкани, поплави и лавини. Пред крајот на СССР, постоеле програми „Меркур“ и „Вулкан“ кои испитувале такво оружје. Многумина се прашуваат дали тоа е вистина или не, дали вакво оружје постои или не, и каде светот оди.

Иако денес, за нас се е во рамките на научна фантастика, наголемо се зборува за постоење на климатски оружја и дека земјотресот во Турција било дело на машина „Тесла“ која ја имаат некои западни земји. Теоретичарите на заговор велат дека истата била употребена за активирање на акумулираната маса  на линија на раседот, со цел да влијае врз Турција, Сирија и Иран, заради руско-украинскиот судир.  

Ако тука има и малку вистина, тогаш како оваа неспособна власт може да излезе на крај со разни видови на закани кои постојат, а уште повеќе што Македонија се наоѓа на гео-политичкиот расед, т.н. линија на огнот, кој поради триењето на поредокот од Истокот и Западот секогаш може да го активира.

Од земјтресот во Турција видовме само оние згради кои биле солидно изградени, по сите стандарди, останале здрави, додека сите кои биле речиси без темели биле срушени. Тоа значи дека ни Македонија тешко може да опстане ако темелите поставени на Првто заседание на АСНОМ се поткопани од оваа власт. 

Единствен начин Македонците да ги преживеат сите евентуални земјотреси на Балканот е оваа неспособна власт да биде заменета со нова која ќе изврши целосна санација на темелите на државата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top