Коментари

Свекрва : Нови закани за Македонците!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

На почетокот на јануари премиерот на Албанија, Еди Рама, се сретна со лидерите на албанските политички партии од Македонија во Тирана. На оваа средба присуствуваа претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи. Учесниците тогаш изјавуваа дека нема потреба да се злоупотребува на оваа средба бидејќи се разговарало за заеднички судбини, анализа на состојбата во Македонија и Албанија и нивната заедничка иднина во ЕУ. Не цели два месеци потоа, некои од учесниците на средбата лицитираат со создавање на „Заедница на албански општини“ во Македонија.

Веднаш по излегувањето на Алтернатива од власта, беше објавено соопштение во кое беа повикани ДУИ, АА и Беса заеднички да побараат „Заедница на  албански општини“ по примерот на Косово, каде меѓународната заедница инсистира на формирање  „Заедница на  српски општини“. Некои албански аналитичари пак говорат дека наместо да се следи примерот на Косово, треба да се следи примерот на Србите во Босна, односно да се побара „Албанска Република“ во Македонија.

Иако постојат разлики околу предлогот на Алтернатива, а од ДУИ ќе соопштат дека тоа било „Патетично, антиамериканско и антиевропско барање кое оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско“, искуството укажува дека работат синхроно и спроведуваат договорена програма.  

Дали постои нова Тиранска платформа по која работат албанските партии во земјата, времето наскоро ќе покаже. Треба да се оддржи жешка средба меѓу Белград и Приштина, за нормализирање на односите, при што САД и ЕУ стојат зад примена на договорите потпишани претходно, што подразбира и формирање на Заедница на српски општини. 

Меѓутоа, секогаш кога соседите се договараат, а меѓународната заедница посредува, тоа го прават на штета на македонскиот народ и држава. Наместо зачувување на мирот и стабилноста, овие договори најчесто водат кон разнебитување на Македонија.   

По името сега на пат сме да го изгубиме идентитетот, јазикот и културата. Се крчми и историјата, а еден народ без историја нема иднина.  

За жал во тоа кумуваат и македонските партии во власта. Имено, основа за размакедончување на државата беше промената на името, Преспанскиот договор и Договорот за доврососедство со Бугарија, зад кои стојат СДС и ДУИ.  

Албанците своите барања ги темелат врз пописот извршен за време на пандемија, кој иако не ја дава правата слика, тие тврдат дека се 1/3 од населението. Така, потпретседалот на ДУИ Изет Меџити, смета дека повикот на Алтернатива е добар и дека „ ако можат Србите да добијат заедница со 4 проценти застапеност на Косово, зошто не би можеле Албанците во Македонија со застапеност, според него, 30 проценти“.

Иако ваквите барања преставуваат опасност од нови етнички тензии и поделби,  за тоа време СДС и македонските партии во власта упорно молчат и дозволуваат целосно разнебитување на земјата.

Единствен спас за земјата се предвремени Парламентарни избори.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top