Коментари

Марија Кукубајска : За денот на жената

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Кукубајска 

Во спомен на убиената партизанка Вита Поп – Јорданова. Извадоци од ракописот за младинскиот роман ВИТА, 1969, од Марија Кукубајска   

ПРЕДГОВОР

Генерал МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ, академик, МАНУ, 1973, Скопје

Во обемната  книжевна продукција со тематика од нашето револуционерно минато, односно од НОВ, еволуцијата и прогресивното движење на нашите народи пред и во текот на втората светска војна, романизираната биографија „Викторија”  преставува автентичен прилог во уметничко-документарната литература наменета пред се’ за младинско-детска возраст. Вредностите на идеите и идеалите на револуционерната свест, ентузијазмот и посветеноста на целите на борбата и револуцијата, од ослободувањето до денес, имаат масовен број толкувања во сите жанрови на нашата книжевност, книжевно-историска и револуционерно-идеолошка тематика. Романсираната биографија за Викторија Поп-Јорданова е еден од не така честите примери обработен од автор роден по војната, кој наполно се соживеал со времето и настаните на НОВ и Револуцијата.                                                                                                         Фактот што поетесата Марија Кукубајска го има завршено ракописот во својата деветнаесетта година,  додека податоците, сеќавањата и документарниот материјал го има собирано, анализирано и обработувано уште од својата школска возраст, од VI одделение, 1965, укажува на раната творечка и идејно-морална осознаеност и инспирираност на оваа наша од тогаш напредна младинка со рано пројавен поетски талент.                                                                                                                                             Улогата на авторот во презентирање на податоците се изразува во успешната примена на комбинирани методи, жанрови и стилови, при што уметничката трансмисија на историографската материја е постојано присутна, најзабележително во оние поглавја каде поетската имагинација на авторот слободно ги интерпретира и доживува автентичните мигови (трагањето на мајката по посмртните останки на својата ќерка-борец, како и миговите од убиството на Викторија од страна на контра револуционерните формации на Скопска Црна Гора).                                                                                                                                                                        Го делам општо прифатеното мислење дека примерите од споменатата тематика и со издржани книжевно-естетски мерила, па со тоа и романизираната биографија „Вита“, конструктивно и креативно ќе ја вршат својата улога во прогресивното формирање на нашата млада генерација, но и во нејзиното инспирирање за почит, долг и сопствен придонес во изградбата чија жртва беше и Викторија Поп-Јорданова.   (Скопје, 1973)

ВОВЕД

Марија Кукубајска, поетеса, преведувач, 1973, Штип

Сеќавањата за животот на Викторија (Вита) Поп – Јорданова (7 февруари 1924 –  6 ноември 1943) ги собирав и средував во ракопис од мојата 14-та до 19-та година. Ракописот го завршив 1969 година. Од тогаш до сега го имаат читано, во целост или во делови, Јордан Поп – Јорданов, Ацо Шопов, Коста Наѓ, Томе Момировски, Перо Коробар, д-р Владо Ивановски, д-р Васка Донева, Мијалче Иванов, Марија Пикова и тројцата рецензенти: акад. Михаило Апостолски, генерал, Борис Вишински, писател и Трајко Донев, директор на Историскиот архив во Штип. Длабоко сум им благодарна за овозможените податоци и соработката.

Посебна благодарност изразувам и до бројните соборци на Викторија Поп-Јорданова, луѓе кои ја познавале или среќавале од најраните години, преку нејзината младинска политичка и културна активност, се’ до револуционерната кулминација на нејзината борба за национална слобода на Македонија, и нејзиното убиство 1943 година.                                                                                                                      

Обработката на минатото и историјата во која младиот автор не учествувал, бараше посебно внимание во зачувување на точноста. Наидував на епизоди кои, 20 години по убиството на партизанката Викторија од албанските Балисти, останале недоволно рассветлени. Тоа го надминував со истражувања и споредби на сведоштва во текот на моето петгодишно собирање на материјалите. Мојот младински занес со идеалите на човекот и народот: слобода, мир, напредок и човекови права, бараше да споредувам – што ги водело младите активисти во комунистички движења за промени на  „власта“, што ги инспирирало да се жртвуваат како партизани, и што ги менувало властите да се свртуваат против сопствениот народ – во име на народот и демократијата.        

Ако со овој труд од стотина страни, се надевав пред мојата полнолетност да придонесам во милионите страници на борбеното и мирно-временско градење на човековите вредности и достоинства, сега, по оформување на текстот, убедена сум  дека постојат непрегледни можности за следнитте млади автори, и учесници во ослободителната војна, објективно, а со сопствени видувања, да го пренесуваат тој дел од минато на Република Македонија, во име на минатото и иднината, во име на одбрана на универзалните права на самостоен и независен развој меѓу народите на светот.

СОФИЈА ПОП – ЈОРДАНОВА

Тажалка на храбрата мајка по својата ќерка, партизанката Викторија Поп – Јорданова, убиена од Балистите, 1943 година, на Карадаг, Скопска Црна Гора. Напишана е од Софија Поп – Јорданова, Кошевалиска, подржувач на борбата за ослободување на Македонија од бугарскиот окупатор и храбра мајка на четири деца, меѓу кои и на академик Јордан (Јоцо) Поп – Јорданов.

МОЖДА

Растурено, запретано,                                                                                                                    на череп глава – коса турав,

очи местев, уста нема,

ребра редев, нога ставам, друга нема…                                                                                                                                                 

Со црвен покривач те покрив,                                                                                                          таго моја, чедо мило, очи лични…                                                                                                                               

Можда…можда се нејзините очи лични благи мили оште свежи били, можда и устата оште свежа била, со насмевка нежна, и косата кадифена и снагата стројна, права горда. Можда да се оште свежи били и пламенот и љубовта и полетот за младината нејна мила, можда сета она да је оште свежа била… Можда гарваните издалека гракали и зверовите се спремали. Доловите јачели. Студеното утро плакало над неја, ветерот свирел зловешти думи. Можда човекот идел со матика и лопата.

Мајката, и синот кој бил претепан во затворот, жив го пречека и раздрагано го прегрна. Фризира се, набели, нацрви и запеја од радост за Јоцето. За момент се заборави. Одеднаш страшна и остра болка срцето ми сви, мисли црни набујаа што ли је со Викторија. И можда човекот со матика и лопата мрачно и тужно кај неја е бил, и можда… и можда…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top