Коментари

Мане Јаковлески : Време е да се утврди минимална пензија!

1Mane

1Mane3

Јавноста треба да го крене својот глас и да потсети дека е време за утврдување на минимална пензија

Власта постојано се фали дека еден од врвните приоритети им е континуирана грижа за животниот стандард на луѓето, особено оние најранливите. Во тој контекст, покрај замрзнување на цените на одредени прехрамбени производи, владата најави зголемување на минамалната плата на 20.150 денари и на просечната пензија од 17 666 на 19 150 денари. Меѓутоа, никој од власта не зборува колкава е минималната пензија и дали овие пензионери и покрај најавеното зголемување ќе можат да се изборат со зголемените цени. Едноставно, висината на најниските пензии се недоволни за пристоeн живoт. Сето ова упатува дека е потребно систем за утврдување на најниска пензија, како што е утврдена минималната плата.  

Власта предводена од СДС и ДУИ е најнеспособната влада од осамостојување на државата. Покрај распродажбата на националните интереси, во неспособност да испорача резултати таа постојано се фали со некакви половични решенија. Меѓутоа, носењето на популистички решенија (при економска, енергетска и др. кризи), не го подобруваат стандардот на најранливите и најсиромашните категории на граѓани како што се голем дел од пензионерите. 

Во тој контекст, власта постојано го нагласува зголемувањето на просечната пензија, но избегнува да говори колкава е минималната пензија и колкаво ќе биде зголемувањето кај оваа категорија. Драстични се разликите меѓу минималната и највисоките пензии. Овие разлики со процентуалното зголемување само ќе се зголемат, но нема да им овозможи на примателите на најниска пензија достоен живот.   

Со септемвриското зголемување на пензиите во минатата година од 6.8 %, пензионерите со највисока пензија добија покачување од околу 4.000 денари, додека најсиромашните пензионери само 700 денари. Поради зголемување на цените на енергенсите владата во зимскиот период ги помагаше примателите на најниски пензии. Односно, тие што имаа пензии до 11.525 денари четири месеци примаа по 1500 денари, а тие што примаа до 14.000 денари шримаа четири месеци по 750 денари.  

И наместо овие средства да станат редовни или пак да има линеарно зголемување од минимум две илјади денари, со овогодишното мартовското усогласување пензиите се зголемуваат процентуално со 8.4 % со што разликите меѓу најниската и највисоката пензија ќе се зголемат. Едноставно најниските пензии минимално ќе бидат зголемени, со што примателите на овие пензии нема да можат да се справуваат со високите цени.

Во земјата има околу 330.000 пензионери. Од нив, околу 89.000 примаат пензија до 12 000 и околу 86 000 до 16.000 денари. Што значи дека скоро половина од пензионерите се на работ на сиромаштијата. Ако се имаат во предвид овие бројки, дали некој од власта се прашува како највозрасните меѓу кои можеби се и нивни родители, ќе го протуркаат месецот за да купат храна, откако ќе ги платат режиските трошоци и лековите? Дали некој од власта размислува дали овие пензионери имаат доволно за пристојна живеачка? 

Уште минатата година во октомври, преставници на оваа власт за да ги смират пензионерите, говореа од потреба за воведување на систем за минимална пензија. Исто така, пред јавноста говореа дека во 2023 година ќе се разговара на оваа тема, но иако веќе изминува првиот квартал од годината, воопшто никој не го покренува ова прашање. 

Во услови кога цените на основните продукти се зголемени, власта мора да размисли за зголемување на најмалите пензии со кои на пензионерите ќе им се овозможи пристоен живот. Односно треба да размисли воведување на минимална пензија како што е минимална плата.

Меѓутоа, во борбата за политичко преживување и за тендери, власта нема време за пезионерите.

Додека власта ги троши парите за рекламирање колку е „успешна“, нивните решенија не можат да ги задоволат потребите на голем дел од пензионерите. Затоа јавноста треба да го крене својот глас и да потсети дека е време за утврдување на минимална пензија.

Сигурно е дека минималната пензија не може да биде 20.000 денари, односно колку и минималната плата како што некои бараат, но ако не се рачунаат трошоци за превоз, тогаш минималната пензија би требало да биде некаде околу 17-18.000 денари.  

Пари за зголемување на пензиите има, ако се спречат непотребните лугсузирања ва владата. Но што се чека? Очигледно е дека власта сака да го искористи овој адут пред избори, за да го купи ова бројно гласачко тело! Меѓутоа, СДС и ДУИ мора да знаат дека без разлика на се, нејзиното време истекува и дека треба да направи барем едно добро дело за време на нивното владеење–да им ја зголеми пензијата за достоен живот на своте татковци, мајки, баби и дедовци!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top