Коментари

Секоја промена на Уставот и името на МПЦ – ОА е акт на велепредаство!

Mane_6

1Mane1 Мане Јаковлески

На почетокот на мај 2022 година Вселенската патријаршија донесе одлука со која Македонската правослвна црква – Охридска Архиепископија ја призна за канонска црква. Истиот месец, по Вселенската патријаршија и Српската православна црква ја призна афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. По укинувањето на Охридската архиепископија во мај 1767 година, ова значеше остварување на вековниот сон на многу генерации Македонци. Тоа беше резултат на повеќедецениска борба, прво за возобновување и потоа за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА). Но тоа не и крај на борбата за името.

Спорот со Грција за името на македонската држава се преслика и на црковен план. Грчката православна црква (ГПЦ) веднаш по Вселенската патријаршија и СПЦ го призна канонскиот Устав на МПЦ – ОА, но уште тогаш Синодот на Атинската архиепископија изрази сериозна загриженост поради користењето на името „Македонска православна црква“. ГПЦ признавањето на МПЦ единствено го гледа со промена на нејзиното име во Охридска архиепископија.

Од друга страна, Бугарската православна црква (БПЦ) во декември 2022 година која го призна томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ – ОА, не се согласи со даденото име, бидејќи смета дека таа е наследник на Охридската архиепископија. Синодот на БПЦ, наместо Охридска архиепископија, БПЦ најави дека ќе го користи име како „Црква во/на Република Северна Македонија или нешто слично.  

Очигледна е намерата на ГПЦ и БПЦ, по промената на името на државата, да се избрише и се што во земјата е со национален македонски предзнак. Односно тие тежнеат да присвојат се што му припаѓа на македонскиот народ, нешто што со децении нивната пропаганда се обидува да направи.

За да не навлезат во спорот со името, некои православни цркви избраа свои варианти на името со кое ќе ја именуваат македонската црква. На почетокот на годинава, Романската православна црква врз основа на томосот издаден од СПЦ го одобри признавањето автокефалност на МПЦ – ОА под името „Архиепископија Охридска и Северна Македонија, со седиште во Скопје“ . Светиот синод на Црквата на Чешката Република и на Словачка пак одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“.

Различното именување од страна на Вселенската патријаршија, ГПЦ и други православни цркви, очигледно доведе до различни ставови и во Светиот синод на МПЦ – ОА. Некои владици категорично се против МПЦ да се именува само како Охридска архиепископија, а некои немаат ништо против, со оглед дека Охридската архиепископија е со вековна традиција и длабоки корени на овие простори.  

Дека постојат неуедначени ставови меѓу владиците покажува и неодамнешната одлука на трочлениот синод на МПЦ – ОА да не сослужува со архиереите, монасите и свештенството на Афтокефалната Православна Црква на Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието. Иначе ваквата одлука е делокруг на работата на Пленарнот полн состав на САС на МПЦ – ОА и се смета дека ваквата одлука е донесена под притисок на Московската патријаршија, а на штета на сопствените интереси. Иначе, Светиот синод на Руската православна црква, во август 2022 година, ја призна под целосно име МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква.   

Вознемирени од неединството и притисоците кои се вршат врз Светиот синод на МПЦ – ОА, верниците од црковната општина „Св. Троица“ од Келн, Германија донеле декларација која треба да се испрати до сите македонски црковни општини за да ја потпишат македонските верници со цел да се поддржи МПЦ – ОА за да спречи можноста под притисок да се смени Уставот и името на МПЦ – ОА. Тие во објавата порачуваат дека никој нема право да го менува името, Уставот и достоинството на МПЦ – ОА, бидејќи тоа е антихристијански и антиисториски, а  во декларацијата за МПЦ – ОА стои дека за велепредаство ќе го смета секој обид на Светот синод за промена на името и Уставот.

Македонските владици мора да бидат обединети во одбраната на статутот и името на МПЦ – ОА. Не смеат да се откажат од македонското име, ниту од името на Охридската архиепископија. Имено, македонското име со векови го краси православниот народ на територијата на Македонија уште времето на апостол Павле. Со отврлање на ова библиско име – Македонска православна црква, а задржување само на името Охридска архиепископија, значи дека целосно се откажуваме од името и го зголемуваме територијалните апети на Бугарија,

Секоја промена на Уставот а со тоа и името на МПЦ – ОА е акт на велепредаство. Односно било каква промена на името на македонската православна црква значи велепредаство на македонските национални интереси. Тоа е исто како што го направи коалицијата на власт СДС и ДУИ со промената на уставното име, а за кое велепредство историјата ќе им пресуди.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top