Коментари

Предпразничен монолог: До Мис Стоун, од госпоѓата Катерина Македонска

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Предпразничен монолог: До Мис Стоун, од госпоѓата Катерина Македонска

1miston

Стани, другарке стара, партнеру во доброто против злото. Дојди, види Мис Стоун, ќе препознаеш ли кои се новите тирани на овој страотно оттуѓен, одново раскинат, тајно завојуван свет!? Ти со Јане Македонски и дружината негова, се молеше за слобода и правда. Ќе ги разбиреш ли и денес непријателите на ослободителите? Лажни богови одново владеат со народот? И сега ја арчат и парчат Македонија, од сите страни ја делкаат. И по 122 години од твоето сведочење за Бог на Балканот, арамии се нафрлаат, не од каде месечината се раѓа, туку од каде лажно сонце пржи и распаѓа се’, иако сепак ќе паѓа завиено во свое знаме на темнината. И сега, ново наострена, прастара завист, со безбожни армии јава, лукаво, пакосно. А јас, со правнуците искачена на светски мегдан, со стар вокабулар ти пишувам, со алгоритми на вистината современа, и трајна. Ти беше запатена од запад да шириш нова верба од твојот свет, во нашиот прастар, прв христијански, македонски народ на Европа.   

И по најнеправедни војни во 20ти век, дојди, увери се дали човештвото се устрои по ветуваниот најдобар тек!? Ќе препознаеш ли нова борба за доброто на светот, за светото на Македонија, ќе се бориш ли сега и самата ти против ново ропство што не запоседна, да не погуби. Гледаш ли? Мојот народ и земја и сега го окупираат, а во име на човечноста! Ќе биде ли храбра совеста на твојот свет, да им пренесе на водачите од другата страна на Големата Вага, дека Голема Лага овде мери само за свој интерес, не по човечни и не по Божји вредности. Голема кражба ја врти и вие Македонија, ја запрашува со коктел-болести, ја соли со отровна пепел, ја погребува во глобални експерименти, а од преживеаните прави робови на хибридна лигатура, демократска диктатура.      

Ќе бидеш ли и сега, во име Бога, на страна на правдата? Дали вистината сеуште не е истината во твоето срце, зашто токму во твојот свет – срцето, свеста отпочна обезбожување. Ќе можеш ли и денес да кажеш, без да излажеш пред Вселената и пред освестената планета, дека не си непријател на човековите права, дека си како и некогаш – лојален пратеник во собранија на светот, верна на човечноста – ако таа е со вечноста исконска, ако не е синтетизирана, девастирана, демонизирана од доминации. Стани, Елен Стоун, биди чесен гостин на потомството на Македонија, на Пиринскиот Цар Сандански, на народот на светскиот Гоце Делчев Македонски. Заедно, без страв да славиме празник на универзалниот, космичкиот триумф  на Богочовекот Христос, да се уверуваме дека трагедијата не’ учи на истрајност, помирување во разликите, мир во слободата … Воскресение.

Заедно, одново да бидеме соборци за правда, иако сега наводно бескрвни биле арените на победените, а наводно непобедените – крвави сцени местат за најнова македонска апокалипса. Големи риби одново се мрестат тука, ги голтаат, распарчуваат помалите. Наводно големите риби вештачки интелигентно зборуваат, убедуваат дека во суштина ги штитат малите. Но, ние мудрите знаеме: нема мали народи ни мали земји, туку само мали луѓе, малоумници, малодушници, малограѓани, малтретирачи, малверзатори со човекови и природни и историски богатства.

Гледам и јас, и на тебе не ти е добро веќе, ти се смачува од ненаучени, извитоперени лекции за Каин против Авела. Некогаш ти нас не’ убедуваше да веруваме во доброто потекнато од твојата страна. Сега, кога одново е отворена македонската рана, ти подавам рака, мис Стоун, соземи се, стани, види, ние и денес сме овде, храбар, умен, убав народ, а од вештачки монструми прогонуван. Но, ќе преживееме, после челични чекичи и стари кремен камени наковални. Продолжуваме да докажуваме вистина умртвувана од агресори, но зачувана во записи по небесни енциклопедии без облаци и без самраци. Доаѓа нашето здраво, златно време, неодвеано од светски ветерници, зачувано во сончева моќ, против смртоносна ноќ на Ѕверката што допрва ќе паѓа во сопствени кругови на хаосот. А ние и нашите борци за сопствена градина под сонцето, во хор на ослободените – ќе пееме за одбрана на Македонија, и ќе бдееме од сите светски страни. За Македонците, со сите други народи – напред! Кон нови договори за безусловно постоење. А наоколу, и понатаму, и насекаде – судири нечија сувереност ќе бодат, и дигитални, абнормални војни ќе се водат со науки и уметности на убедувањето. Но, Македонија ќе остане ненадмината матрица на моќта на докажувањето дека Е – македонска, античка, старословенска, и нова, светска.    

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top