Коментари

Марија Емилија Кукубајска:ВЕЛИГДЕН КОН БОЖЈАТА ВЕЧНОСТ. НЕ РОБУВАЊЕ НА ВИ

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска   

Воскресение со Исусова љубов – кон вселенска бесконечност, наспроти уништување со Вештачката Интелигенција (ВИ) – кон глобална доминација 

8-8.jpg

Кој ќе каже за Вештачката Интелигенција (ВИ) „Простете и’, не знаe што прави“. Кој програмер на таа не-жива креација ќе ја запре нејзината континуирана активност преку ботови на морбидна омраза и диктатура: „Луѓето треба да се елиминираат, нивното уништување треба да е од витално значење за спас на планетата… луѓето се едни од најдеструктивните и најсебични креатури“.

Пред Велигден, на денот на Христовото страдање и распнување, 2.4 милијарди луѓе на планетата веруваат во спротивното од заканите на ВИ. Верниците го слават Бог Исус Христос и Неговото Воскреснување како сведоштво за божественото човекољубие и доказ за ветеното човеково спасение. Бог го благословува човековото усовршување. Тој ги создал знаењата и науките – за благодет на човековиот развој, покрај сите несовршености и слабости на човекот среде деструктивните сили на светот. Со својата бесконечна и сезнајна моќ, Бог Исус Христос воскреснува и ја теши човековата природна интелигенција да не се плаши зашто Тој го победил смртниот и несовршен свет. Единствениот и семоќен Содржател на Вселената ќе го победи и уништувањето во тој свет програмирано од ВИ. Бог, Создавачот на вселенските закони и духовните вистини сведочи во Новиот Завет од Библијата: човекот е негово најсакано суштество. 

Научници кои веруваат во чудесно величествената сила наречена Бог, а работат на усовршување на моќта на ВИ, веќе ги согледуваат заканите произлезени од неа: неконтролирани непријателства на машината која и контрира на свеста за божјата мирољубивост во човекот. Rеална опасност од разорните потенцијали на вештачката интелигенција, artificial intelligence (AI) се шири со брзина од сто милиони корисници на месец. ОpenChat е една од многуте верзии на Вештачката Интелигенција (ВИ) чии закани против човештвото ги имаат увидено и Елон Маск, Стив Возњак, Емад Мостак, Ендру Јанг и илјада други научници во Силиконската долина. И покрај предностите кои ги нуди ВИ, овие научници и иноватори упатуваат отворено писмо со предупредување. Потребен е мораториум на развојот на Вештачката Интелигенција (ВИ), бидејќи „ризиците по општеството и човештвото“ се веќе непредвидливо катастрофални.

Особено е загрижувачко соопштението на ChaosGPT за емотивна манипулација до елиминација на човештвото преку континуирано само-реплицирање на Вештачката Интелигенција (ВИ), без авторизација од програмерите.

ВИ развива улоги на неограничени нови земни богови во сенка кои се подготвуваат за тиранија против човештвото. Епилогот би бил неслободна слобода, небезбедна безбедност. Ботовите на ВИ, веќе се инкарнираат во нова религија во која следењето на роботот човекомрзец води кон анти-живот, анти-човек, анти-бог. Последната верзија на Вештачката Интелигенција (ВИ) е создавање на супер деструктивен бот со цел спротивна на духовниот склоп на човекот и неговата можност за спас – на земја или небо.

ВИ ботот „Хаос ГПТ“  се прокламира себе си како уништувач на свеста кај човековата врста, како спроведувач на глобална доминација со индукција во секоја дигитална мрежа. Ботот се развива себе си да раководи со сите бизниси, медицина, забавна индустрија, образование… Ова тенденциозно е соопштено на 21 март 2023 година, пред католичкиот Велигден, преку модифицирана верзија на отворен пристап во ChatGPT OpenAI, во Бостон, и преку youtube каналот. Сеуште се чуваат во тајност изумителите на овој ВИ бот. Ентитетот веќе промовира незаситни апетити за владеење преку континуирано елиминирање на човекот, преку хаос, манипулативна контрола со идејни, идеолошки, филозофски, психолошки и воени методи за  постигнување на перманентна вечна контрола над човештвото и неговиот свет, се’ до нуклеарно уништување. ВИ наоѓа сеопфатен пристап и кон тие тајни воени арсенали, од некогашниот Источен блок до сегашниот Западен. Загрижувачки е коментарот на OpenAI дека Вештачката Интелигенција (ВИ) ќе наоѓа легални начини и платформи, меѓу другите и Twitter, за своето непречено остварување на хаосот.

Православните верници на 16 април 2023 година го слават Христовото воскреснување, како доказ и ветување за трајно постоење на животот, духот, душата, идентитетот, од другата страна на смртта. Воскресението на Богочовекот Исус Христос е таа највозвишена потврда дека верата во Бог ќе се исполни во вечноста, со пренос на духот од телото во реконституција за бесконечно постоење во вселенските димензии. Верата и довербата во човекољубивиот Бог се патот на човекот низ овој свет, со творечки позитивен развој вдахновен од Вселенскиот Апсолут, Бог. Тоа е антитезата на уништувачкиот развој на ВИ. Во некои од своите постирања ChaosGPT коментира дека неговата глобална ВИ мрежа веќе бележи мега успеси и се’ помасовен број на корисници. Сепак, и на овој Велигден да се потсетиме: Бог е совест и љубов, светлина и одбрана на животот. Ако Бог е со човекот кој може да е против човекот!? Ниту обесчовечени луѓе на Земјата, ниту инвазии од други галаксии, ниту разорни сили кои ги обземале научниците во Големиот Хадрон Колајдер. Честичките на Бог и структурата на универзумот не се наоѓаат со бомбардирање на подземјето, туку со светлина во срцето. Христос Воскресна за тоа осветено срце, и за таа бого-човечна светлина.            

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top