Коментари

Ламбе Арнаудов: МАЛАТА МАТЕА ПОРАЧА: ТАТКОВИНАТА НЕ Е ФАТАМОРГАНА!

lambe-arnaudov

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

Не така одамна, во едно грозно и траорно време кога познатиот озлогласен силувач Зоран Заев, заедно со неговата дива орда, беснееше, се изживуваше и ја обесчестуваше младата раскошна убавица МАКЕДОНИЈА, за жал и негова роднина од прво колено, охрабрен на тој неприроден ИНЦЕСТ од педофилите од блудницата Вавилонска, кои не само што мирно гледаа туку срамно онанираа и се задоволуваа врз трагичната судбина на невината и чедна девојка Македонија, се помолив на ГОСПОД, нашиот ЗАШТИТНИК.

ГОСПОДЕ! Гледаш, стотици и стотици години пред твоите Рајски порти е голема гужва од млади силни кршни и убави момчиња кои заради својата единствена и никогаш непреболена љубов кон својата татковина МАКЕДОНИЈА не ни помислувајќи на друга овоземна љубов го положиле својот млад живот пред олтарот на честа и за слобода на МАКЕДОНИЈА.

Врати ни ги тие што сé уште се пред твоите Рајски порти да ја довршат започнатата света мисија, и пак потоа уште повеќе прочистени, заради избавувањето наше долу за земјата, ќе се врата при ТЕБЕ!

Сега сум убеден, ГОСПОД ми ги услиши моите молби.

3Lamb

На 24 април, 128 години од загинувањето на големиот син, охридскиот војвода ХРИСТО УЗУНОВ и неговите ЕДИНАЕСЕТ МИНА соборци, присуствував можеби на најсветлиот настан во мојот живот.

3lamb3

Многуброен народ со должна почит и благодарност за нивното несекојдневно за многумина нејасно и неразбирливо, и без малу единствено во светот демонстрирање на изблик на патриотизам, родољубие, решителност и безгранична љубов кон својата ТАТКОВИНА, восхитени од честа оддадена од многуте делегации и извонредната програма на младите ученици од Основното училиште “ХРИСТО УЗУНОВ“ од село Другово, со прекрасни беседи посветени и со благодарност и огромен пиетет кон делото, од наставничките по историја и македонски јазик, парастосот од свештеникот, се вивна во бескрајот и заработи вечност, малата седмо одделенка МАТЕА СТОЈАНОСКА.

3la2

МАТЕА СТОЈАНОСКА, убаво симпатично крхко девојче со невиден набој на патриотизам во себе и длабоко внедрена љубов и родољубие, со своите лични и поетски и литературни творби, не фрли сите присутни во транс што го исполни сиот тој простор и ја разбуди и последната најмала заспана клетка на чувството на патриотизам и ни го разгори со блескава топлина и светлост да го носиме секогаш со себе, но и да го пренесуваме на другите.

Прекрасно поврзано, вистинска композиција на делото на нејзината умешност како признат голем литерат со вешто вметнување во право време и вистински момент цитати од ловороносецот ГРИГОР ПРЛИЧЕВ, вујко на ХРИСТО УЗУНОВ, нé воодушеви сите присутни, но и им одржа општа лекција на предавниците за нивниот срам и изгнасен образ што цел живот нема да го заборават и сите македонски води нема да ги измијат.

Не ни помислувам да бидам плагијатор на оригиналната безвремена МАТЕА. Тоа е просто невозможно.

Затоа не ги прераскажувам или цитирам, нека останат така чисти како што е чист духот на тоа МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ. Но, топло им препорачувам на сите да се обидуваат да дојдат до текстовите сега веќе можам слободно да кажам одите и химната на опстојот наш МАКЕДОНСКИ, ако за ништо друго барем заради нашето доизградување.

Ве уверувам дека кристално јасно ќе разберете:

ТАТКОВИНАТА НЕ Е ФАТАМОРГАНА!

ТАТКОВИНАТА Е МАКЕДОНИЈА!

Што побргу тоа го сфатиме и појасно разбереме толку подобро за сите нас.

Прифатете ја подадената рака на Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и народен трибун господинот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кој сé што затекна, сака и ќе успее да сочува, но и секој што ќе дојде ќе биде добредојден, исто последниот кој дошол, како и првиот.

Укажувањето негово дека ова не е само борба негова и на ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата, туку борба на сите МАКЕДОНЦИ, борба на сите честољубиви граѓани, борба која сигурно ќе ја добиеме зошто е предводена од храбри луѓе, намерите се чесни и најважно од сé борбата ја води народот за свој опстанок, а НАРОДОТ никогаш не изгубил ниту една војна!

Придружете се! Семето на злото што го посеа Зоран Заев сé уште дава горки плодови.

ВМРО-ДПМНЕ го испрати во историја него македонскиот Борџија дојде друг клон негов и уште една сега уште побрутална дива орда налик на насилните филмови од Сем Пекинпо, бричени измастени табуретки и насадени силиконски чудовишта, спротивност на природата.

Сега е моментот да завршиме и со нив и да почнеме нормално да живееме, да победи природата.

Тоа ни го порача ХРИСТО УЗУНОВ и неговите соборци.

Кога тргна изливот на чест, слава и благодарност, ТИЕ дојдоа меѓу својот народ и ни оставија три важни пораки.

Првата:

Среќни сме, благодариме на МАТЕА И НЕЈЗИНИТЕ ДРУГАРЧИЊА, наставници, народ и делегации дека не сме заборавени но уште посреќни сме што ДНК-то што го посеавме и понатака ‘рти, раѓа, се шири и распространува.

Втората:

Среќни сме што го разбравте конечно и чинот на светата наша саможртва.

Се решивме да изгориме од СОНЦЕТО а не да се топиме како свеќи.

Третата – најважна:

Пред доброволно да се преселиме во Царството вечно сите ние поминавме робии со тешки пранги на рацете и букагии на нозете. Тоа за нас не беше ништо.

Оковите иако железни се кинат и се кршат.

Ропството на СРЦЕТО е најтешко. На него и околу него нема железни окови и затоа нема што да скинеш или скршиш. Ропството на срцето е вечно и не поминува.

Затоа не дозволувајте никогаш да ви го заробат СРЦЕТО.

СЛОБОДНОТО СРЦЕ Е СЛОБОДНА ТАТКОВИНА. АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top