Коментари

Писмо на Д.П. Георгиев Беровски до Босилков, претседател на комитетот „Единство“ во Горна Џумаја

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Македонија се наоѓа под силен притисок за да ги внесе Бугарите во Уставот. Под закани за вето на интеграцијата во ЕУ, како и за влошување на идните односи со меѓународната заедница, владеачката коалиција на СДС и ДУИ без да внимава на националните интереси, насила се обидува да ги протурка уставните промени. Со овие промени, Бугарите кои не признаваат постоење на македонски народ и јазик, и кој Македонија секогаш ја гледале во рамките на Бугарија ни помалку ни повеќе треба сега да влезат во македонскиот устав како државотворен народ.

Од самите почетоци на современата бугарска држава, која е поврзана со Бугарската егзархија (1870), Априлското востание (1876), Цариградската дипломатска конференција (1876), Руско-турската војна (1877-1878) и Санстефанскиот мировен договор (3.03. 1878), Бугарите го саботираат секој обид на Македонците за создавање на независна и самостојна македонска држава и се борат за приклучување на Македонија кон Бугарија.

Постојат повеќе документи кои говорат за бугарската политика кон Македонија и македонскиот народ, Меѓу нив е и писмото кое го испратил  Д.П. Георгиев  Беровски началник на Штабот на Македонското востание, до К.П. Босилков, претседател на комитетот „Единство“ во Горна Џумаја (сега Благоевград). Ова писмо е одраз на незадоволството што ги зафатило македонските востаници што го кренаа Македонското (Кресненското) востание во 1878 година од политиката на благотворителните комитети во Бугарија спрема востанието и востаниците. Имено, додека македонските востаници се бореле за независност во определувањето на целите на востанието и во неговото раководење, дотогаш благотворителните комитети  како експоненти на интересите на бугарската боржуазија настојувале на повеќе места во Македонија да предизвикаат краткотрајни судири за потоа да ги искористат како доказ за оправдување на својата политика за приклучување на Македонија кон Бугарија.

Во писмото од 25 октомври 1878 год. кое од с. Влахи Димитар Поп Георгиев го испратил до К.П. Босилков, пишува:

„Надежта што ја имавме  гледаме дека се губи. Според тоа гледаме дека вие само си играте со нас. Трошоците само се прават, а своето внимание го насочувате каде што не е потребно, а нас не оставате без никаква помош. Луѓето што беа потребни со оружје овде Вие ги задржувавте по неколку дена и ги испраќавте кој знае каде. Впрочем, за своја должност сметам да ви кажам дека ако продолжат тие работи, јавете ни барем искрено за да знаеме што да правиме. Ваша должност е, мислам, да ни помагате со средства, а од војничка страна, Вие треба да сте просто гледачи.

Како што гледаме дека Комитетот напросто си игра со овие работи, ние ќе бидеме принудени да почнеме по нашински, но одговорноста за крвта на невините ќе падне врз Вас. Затоа ве молиме да ни одговорите позитивно или негативно за таа работа.

Најпосле можете да кажете во што е работата. Работата, Г-да, е дека не ни испраќате редовно и на време пушки и куршуми. Ни испраќате невооружени луѓе, а ние овде немаме фабрика за да ги вооружиме. И пак Ви велиме дека во спротивен случај ние ќе го употребиме тоа средство за кое Вие и другите комитети ќе одговарате пред народот и пред Бога.

За Разлог не е време да мислите за востание. Совесно размислите со каква сила сакате да се отвори толкав круг (фронт). Еве Вие одобривте и за Паланка да испратат неколку чети. За Бога, помисливте со испратените од Вас први и последни 60 пушки колку чети се создадени?…

На македонското востание началник на штабот Д.П. Георгиев, секретар М.П. Каранфилов [Г. Кацаров и Ив. Кепов, Документи од Кресненското встание от 1878 год. – Сб. БАН Кн. 36 (1940), стр. 49 (док. 75)]“  

Несогласувањето на македонските востаници со ваквата политика на благотворителните комитети ќе доведат до тешки судири во кои на подмолен начин ќе биде убиен првиот човек на востанието војводата Стојан Карастоилов. Всушност тоа е и почеток на „врховистичката акција“ на бугарската боржуазија во ослободителната борба на македонскиот народ.    

Ваквата антимакедонска политика на Софија, со мали исклучоци (1945 – 1948), лесно се следи за време на Илинденското востание (1903), двете Балкански војни (1912 и 1913), Првата (1914 – 1918) и Втората светска војна (1941 – 1945). За време на востанието и војните кои се одвиваа на територијата на македонскиот народ Бугарија не помогна за воспоставување на македонска држава. Напротив, за време наа Балканските војни земјата беше распарчена, а во Првата и Втората светска војна територијата на Македонија беше окупирана од Бугарија.

Во текот на Втората светска војна македонскиот народ сам се ослободи и создаде своја држава. И денес, Софија која не го признава македонскиот народ и македонскиот јазик, која сеуште има територијални претензии, зарем има лице да бара Бугарите да бидат дел од Уставот, како тие да учествувале во создавањето на оваа држава.

Не, без разлика на притисоците на меѓународната заедница, Бугарите не смеат да бидат дел од Уставот на Македонија, се додека Софија не го признае македонското малцинство во Бугарија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top