Коментари

Ламбе Арнаудов: Декларацијата за независност беше првото исполнето ветување кон македонскиот народ од страна на ВМРО-ДПМНЕ

lambe-arnaudov

1 LambeЛамбе Арнаудовна на трибината „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“

355010113 823995212415740 6161967821932221915 n

Вториот ден после конституирањето на првиот парламентарен состав, ја имав честа да ја поднесам Декларацијата за независност на Република Македонија, тоа беше шок во Собранието и почнаа игрите и интригите како да се спречи тоа. Се трудеа на секој начин да не сопрат, но тоа што ние пред народот го ветивме дека ќе се бориме за независна и самостојна држава, не попуштавме пред притисоците кои се редеа кон ВМРО-ДПМНЕ и кон мене, немаа избор ја ставија на дневен ред и се изгласа, изјави Ламбе Арнаудов, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот на денешната трибина „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.

Арнаудов истакна дека тоа беше првото исполнување на ветувањата од ВМРО-ДПМНЕ и можеби најзначајно.

– Ја поставивме ВМРО-ДПМНЕ во симбиоза со македонскиот народ, нераскинлива врска која ќе трае додека македонската држава е биде направена под терк на народот, рече тој.

ВО однос на основањето на партијата како што посочи Арнаудов, се започнало од дијаспората каде патриоти  Драган Богдановски, Гојко и Мане Јаковлевски, Владо Транталовски, а тука заедно Борис Змејковски, Дијана Транталовска започнале да организраат подготвителна база како ќе изгледа ВМРОД-ДПМНЕ.

– После овој ден денешен еруптивно тргнаа националните чувства и беа поставени идеалите и целите на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на суверена и независна Македонија. Почнавме да ги организираме сите тела онака како што беше предвидено во уставот на историското ВМРО-ДПМНЕ, потоа се формираа тела и на следните парламентарни избори убедливо победивме и направивме држава која со сите нишани и атрибути беше подобра од сега, изјави Арнаудов.  

33 godini vmro-dpmne 74

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top