Коментари

Свекрва: Ми заплакало селото Ваташа

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Ден кој никогаш нема да можат да го избришат од меморијата на македонскиот народ!

На 16 јуни 1943 година, за време на Втората светска војна, бугарскиот фашистички окупатор, на денот на роденденот на цар Борис,  стрела 12 младинци во Ваташа. Злосторот бил извршен во рамките на бугарската офанзива против македонските партизански единици на Третата оперативна зона.

За време на офанзивата од 7 до 16 јуни која беше изведена од три бугарски полка и полициски одреди под команда на полковникот Љубен Апостолов, покрај младинците од Ваташа,  биле стрелани уште околу 50-60 селани (Шивец, 4, Мраморец 5, Дреново 4, Грбавец 5 и др.).

За жал, иако поминаа 80 години од овој злочин, Бугарија не најде сили да се извини, како што не најде сили за се извини ни за холокаустот на Евреите во Македонија.

Одредени политичари сакаат овој злостор да го избришат од историските читанки. Но тие забораваат дека никогаш нема да можат да го избришат од меморијата на македонскиот народ. Овој настан вечно ќе се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација, како и преку документите од тоа време.

Во статијата (извештај) објавена во весникот на Поверенство на Главниот штаб  на НОВ и ПО на Македонија бр. 2 од септември 1943 година за настаните од овој период пишува:

„ …Македонските партизани во тиквешијата за кусо време со своите смели удари по окупаторската полиција, војска и контрачетниците ја спечелија љубовта на својот народ. Лжливата пропаганда на окупаторот за партизаните падна пред делата на партизаните. Окупаторската власт не успеја да го раздвоји народот. Контра-четите ги прајат само издајниците и најдолниот свет. Затоа се нафрли на партизаните со своја сила, 3 полка војска и големи одреди на полиција.

Партизанските единици со вешти маневри му зададоја губитци на непријателот и избегнаа заобиколуванјето, наслонувајки се на поткрепата на сиот народ. Окупаторот не успеја да ги разбије и уништи партизаните, затоа се нафрли на мирното население. Зверствата и грозотилоците што ги напраја окупаторите се равни на оние што ги прајат германските разбојници во окупираните области на Совјетскио Сојуз. Еве ги фактите:

Сите трла, плевни и колиби во полето Праведник се изгорени од војската. Има разрушени куки со бомби во селата Шивец, Ресава, Ваташа и др. Стрелани се 50-60 селани (Шивец, 4, Мраморец 5, Дреново 4, Грбавец 5 и др.). По врф това на најзверски начин, на имениот ден на бугарскиот цар Борис, се убијени 12 души од село Ваташа меѓу кој ученици и деца од 14-16 г.

Они се изнижани со куршуми от картечници па после сечени и дупени со ножој, на некој им се вадени очите, сечени рацете (Васо Аджи Јордановски). Во Кавадарци се стрелани 5 души. Една жена од нив (на 50 г.) е страшно мачена па после убиена. Во Неготино се стрелани 4 души. Во Кавадарци и Неготино вршени се еднодневни блокади.

Низ участаците имат поминато над 100 души, от кој се многумина ужасно претепани. Тука се редат свет од двата пола и најразлична возраст од 14 до 65 години. Интернирани се 35 души од Кавадарци, Неготино и селата. Меѓу интернираните има машки и женски от 15 до 65 години [родители на партизани, мирни селани и граѓани, свет од „Илинденците” и „Бојците”(Се однесува на организацијата „Борци от фронта”, во кои беа мобилизирани и Македонци) и невини младинци]. Имотот на партизаните и интернираните е ограбен.

Бидејки и на овие зверства главниот кривец беше полковникот Апостолов (Љубен Апостолов од Крива Паланка, командант на 56-тиот полк во Велес–добро запомнете го за денот на одмаздата) со неговиот полк, мајките на избиените Ваташани дадоја клетва: „Уште еднаш да си ги дадиме синовите на бугарската војска која ни ги тепа децата и мажите, никогаш”.

… Окупаторска(та) власт ја скри ролата на војската од Велес, Прилеп и Битола (по еден полк) но то не му спречи на крвавиот цар Борис да го награди зверот Апостолов со орден за неговиот успех во избивајнето на мирното население. От овој терор, зверства и грабежи во Тиквешијата незадоволно и огорчено е сето население. Војската и полицијата, ги ограби сосем селаните, ги остави без сирене, мас, јајца, овни и јаганци, све издигнале, без да платат и еден лев.

Бугарските фашисти си ја спечелија вековната омраза от Тиквешкото население. Селанец на кого му запалиле плевната и дигнале овните во името на сето население вели: – „се нека изгорат, ама пак ке помагаме, и најодзад ке му го видиме тилот на окупаторот”. Непријателот е поразен. Народот победи.

Колку е народот приврзан за светата борба за слободата и колку ги цени паднатите жртви-борци героји, покажуват 40 дневниот помен на 12 стрелани Ваташани на кој учествувале преку 2.000 души, сиот народ. 

Жртвите се тешки, но не омалодушават ами терат напред за одмазда и победа. Еден татко на убиен младинец на поменот јасно и громко извикал: „Не е време и нема фајде да плачиме, свет, ние треба да му отмастиме на непријателот, и ќе му отмастиме”! Тоа е клетва на секој Македонец, патриот, на сиот народ.! ЌЕ ОТМАСТИМЕ! 

Денот на победата денот на одмаздата е близок, запомнете ги имињата на Апостолов, Калчев (Атанас Калчев, водач на контрачета во Тиквешко)и на сите виновници за злодејанијата и зверствата на нашиот народ.

Сврши 15 дневната офанзива на окупаторот безуспешно со жртви по него 30 мртви и 50 ранети. Партизаните победија. После офанзивата и теророт народно-ослободителните партизански одреди, пополнети со нови снаги, со масовно влагане на народот, очеличени, маршируват во големи единици на Македонската Народно-ослободителна војска.

Окупаторската власт е изгонета од планинските села. Стравот на окупаторските чиновници му влезе во коски. Шумари и полицајци барат премештаји. Се разгрштаа народните сили. Не е далеку денот кога и последниот фашистички окупатор ке биде истеран от нашата света со крв полеана Македонија. Слава и чест на загиналите борци! Да живејат македонските народно-ослободителни партизани! Долу крвавиот терор! Надвор окупаторот од Македонија! Да живеј слободна Македонија! Напред во победа!“

-(ИА, КПМ. Т. II. к. 1, стр. 385 – 387;„Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том втори, Скопје 1981, стр. 332 – 334).

Две години по масакрот во Ваташа, Народниот суд на Народна Република Македонија ги осуди на смрт водачите на акцијата: полковникот Љубен Апостолов, капетанот Борис Жеглов, поручникот Костов и Петко Опреков.

Новата бугарска влада на Димитров ги предаде на југословенските власти за да им се суди како фашисти.

Апостолов се изјасни за виновен и за сите други злосторства за кои е одговорен за време на војната, но за масакрот во Ваташа, тој го отфрли обвинението наведувајќи дека на списокот на млади е наведено дека тие се партизани заробени во шумата, а не извадени од нивните домови.

По војната, на местото каде што беа стрелани младите беше подигнат мал споменик. Нивните останки набрзо биле ексхумирани и пренесени на друго место. Спомен костурницата беше свечено откриена на 11 октомври 1961 година. Местото на пукањето беше уредено како спомен-парк на површина од 7 хектари, а во него беа засадени 12 јаворови како симбол на 12-те застрелани младинци.

За настанот испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.

https://www.facebook.com/watch/?v=192366750190310

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top