Коментари

На Брисел не и е потребна нефункционална држава

1DOOM

1DOOM Македонска нација

Мора да има правда за сите

Шарената револуција и слоганот „нема правда нема мир“ беше настан кој ја одбележа 2016 година и кој ги донесе СДС и ДУИ на власт. Но наместо правда тие донесоа неправда, наместо мир, тие донесоа немир, наместо борба против криминалот и корупцијата го зголемија нивото на ова општествено зло, наместо реформи создадоиа нефункционална, поделена и понижена држава.

Примерот со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа, како и најавата дека оваа листа ќе се прошири, само покажа дека криминалот и корупцијата како канцер ги зафатила сите сегменти од живот.

Во изминатите години челниците на ДУИ и СДС создадоа нефункционална држава.

Клиентелистичкиот режим му овозможи на „главата на октоподот“ да ги пушти своите пипци во сите сегменти на општествениот живот. Корупцијата и криминалот го зафатија секој сегмент од општествениот живот, метастазираа во извршната, судската и законодавната власт. 

Сето резултира со распад на образовниот, здравствениот, економскиот систем на државата и т.н.. Ваквото однесување на власта која од функционална, создава нефункционална држава, преставува велепредаство или врвно злосторство против народот и државата. 

Во тој контекст, по смена на уставното име, може да се сведе и постојаното барање на ДУИ и СДС да се изврши промена на Уставот за да влезат Бугарите во него, за да земјата ги започне преговорите за членство во ЕУ. Меѓутоа, ако се тргнат барањата на Софија и Атина, со нефункционални институции, СДС и ДУИ сами ја блокираат евроинтеграцијата.

На Брисел не и е потребна нефункционална држава, која не може да ја контролира својата територија, земја во која царува криминалот и корупцијата.

ЕУ нема да ги отпочне преговорите за членство на земјата дури и да се извршат бараните промени на Уставот. ЕУ како и САД постојано ја мониторира земјата и не би сакала да има проблеми и да ги троши своите ресурси на нефункционална земја.

Но неминовно се поставува прашање:

Како е можно ЕУ и САД да доволат ДУИ и СДС да создадат ваква нефункционална држава?

Дали тоа значи дека ним им одговара една ваква држава за да ги спроведат своите агенди!? Изгледа – не!

Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, а тоа како и односот кон настаните на Косово, укажува дека Вашингтон полека ја менува плочата.

Време е повторно да се изградат руинираните институции во кои граѓаните немаат доверба.

Челниците на СДС и ДУИ се свесни дека државата е нефункционална. дека демократијата е руинирана, дека незнаат да управуваат со земјата и дека се кочница за евроинтегративните процеси.  Во таков случај, од морални причини, најдобро е  да поднесат оставка за да земјата на предвремени избори ги избере оние кои можат да ја извлечат земјата од дното во која е втурнаа.

Време е да се санираат институциите во кои работаат партиските неедуцирани и некомпетенти кадри кои не сакаат ниту да работаат, ниту да одговораат на потребите на граѓаните и државата.

Не смее повеќе да се дозволи системот на државата да се гради врз основа на лични интереси. Мора да се воспостави ситем во интерес на сите граѓани во државата. Мора да се врати довербата во институциите, мора да има правда за сите!

Час поскоро СДС и ДУИ да си заминат од власта, истата да и ја остават на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ за таа да може што побргу да започне да работи на воспоставување на функционални институции, односно функционална држава.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top