Коментари

Александар Џеповски: Колку песни испеале Бугарите и Грците за Македонија а коку самите Македонци

1Dzepovski1

1Dzepovski1 Александар Џеповски

Колку песни испеале Бугарите и Грците за Македонија а колку самите Македонци ? Како едните така и другите си прават бајрам со паметот наводно Македонија е нивна, кај јужните од антиката до среден век а кај источните од среден век па се така до  денес. Сведоци сме на многу песни Македонски стари и нови едноставно снимени во Бугарија и оп, страчка нема врачка па одма станаа бугарски со тапија.  

Што се однесува до оригинални песни со тема и збор Македонија едноставно кај нив нема ниту една туку по некоја така срамежлива и скриена некаде направена по нарачка и скриена некаде во некои фиоки недостапно до јавноста од пусти срамови и јадови и без никаква идеја и основа. 

Просто кажано доаѓаме до заклучок колку што имал Јул Бринер влакна на главата толку имаат Грците и Бугарите песни за Македонија. Но колкав е бројот на песни за Македонија на Македонците ? Колку што има жители целата планета, песни што ги знаеме и не знаеме ама знаеме само дека Македонија е секогаш број еден тема, инспирација и мотив кај секој еден Македонец од почеток на светот па до денес и ќе трае бесконечно овој феномен. 

Колку само се наежува кожата кај секој Македонец кога ќе се спомне името Македонија и Македонец во секоја песна, со солзи во очите и воздишки во гардите !!! Дали истиот феномен го има кај Грците и Бугарите и за една единствена секунда ? Апсолутно големо НЕ ни во сон ни на јаве. 

ЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА И ФАКТОТ КОИ СЕ ЈАВУВААТ КАКО ГОЛЕМ ФАКТОР ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПРИПАЃА САМО НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕКА ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ САМО СЕ ГЛУПИРААТ И ВЛЕГОА ВО ИГРА ВО КОЈА ТОТАЛНО ГУБАТ И СЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО ОКУПАТОРИ И НЕГАТОРИ ШТО САКААТ ДА ПИЈАТ МАКЕДОНСКА КРВ. НО ГОЛЕМ Е ГОСПОД И ЌЕ ГИ СРЕДИ СИТЕ РАБОТИ ШТО НИЕ СМЕ ГИ ИСПУШТИЛЕ И ФРЛИЛЕ НА СТРАНА. 

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top