Коментари

ШТО И ЗАМЕРАМ НА МАДАМ ФОН ДЕР ЛАЕН

Martin Trenevski 1
1martin1
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
Деновиве бевме почестени со посетата на високата дама од белиот свет, припадничката на старата германска аристократија и во моментов вршителка на големата и одговорна функција Претседателка на Европската Комијија, Мадам Урсула фон дер Лаен. Секако дека e привилегија и високо ги цениме посетите на вакви угледни гости, но моите чувства за оваа посета се некако помешани, сомничави и во голема мерка негативни!
И во изјавите на Мадам фон дер Лаен, но и во протоколот што ја организира нејзината посета, гледам сериозни пропусти што јасно го отсликуваат во голема мерка арогантниот и омаловажувачки однос на званичен Брисел кон нас како држава, но и како народ на којшто – како од ракав, во деведесетите години од минатиот век, на пример, му се упатуваа бројни комплименти како народ и земја што многу придонесуваат за мирот во регионот, земја што е важен партнер на Западот и сл.
Еве што и замерам на Мадам фон дер Лаен:
Пред се одсуството на такт и сенс за неопходноста да се сретне со лидерот на опозицијата! Па таа Европа, а и други од страна, постојано ни држат лекции за демократија со почит и на разномислечките, т.е. на опозицијата, а види сега, токму Претседателката на Европската Комисија доаѓа во дводневна посета на нашата земја, а не го прави тоа што ни попуваат од Брисел, т.е. да се сретне и со лидерот на опозицијата и од него, од права рака, да чуе како тој, а според анкетите и 80% од нашите граѓани гледаат, на пример, на – просто силеџиското настојување за промени на Утавот на РМ со прифаќање на преговараццката рамка што уценувачки ни ја наметна ЕУ и тоа во стилот “Земи, или…..”!
Наместо да се сретне со Христијан Мицкоски, Мадам фон дер Лаен го посети лицето Стево Пендаровски, демек претседател на државата кој, во суштина, е безгласна буква во нашиот систем и обична фигура без реално значење и влијание. Напротив тој е само продолжена рака на власта и аминувач на ставовите на владеаќката коалиција без да има свој став по речиси ниту едно прашање од општествениот и политичкиот живот во земјата! Несреќавањето на високата гостинка со лидерот на опозицијата, Мадам фон дер Лаен го оправда со зборовите, демек, кога патувала во разни земји обично се срекавала со првите луѓе според уставот на земјата што ја посетува!? А тоа што опозицијата во Македонија ужива двојна па и поголема полупарност од актиелната власт (и да не зборуваме за непопуларноста на претседателот), за Мадам фон дер Лаен и составувачите на нејзината програма на активности за време на посетата на РМ, се чини како да не е важно!?
Но, во ваквата постапка како да има и порака токму за лидерот на опозицијата од Брисел во смисол “не сме задоволни од вас и вашите тврди ставови за неприфаќањето на преговарачката рамка и промена на Уставот на РМ”, и сл, што пак треба да е стимул за опозицијата да опстои на позицијата за  н е п р и ф а ќ а њ е  на уценувачки наметнатата преговарачка рамка за почеток на преговорите за членство во ЕУ!
Како и да е: високо позиционираните белосветски политичари и други посетители и емисари кои извршија права инвазија на нашата земја изминативе месеци еднаш веќе ќе треба да сватат дека Македонија не е смеса што можат да ја месат кога ќе им текне и како ќе им текне и дека во земјата има разумни луѓе кои не се мират со етноцидот што ни го подготви длабоката држава и ни го нуди во обланда за наводен почеток на преговори за евнтуално членство во Европската Унија што, можно е никогаш и да не се оствари!!! А ние, со евентуална промена на Уставот на РМ (далеку било) по диктат однадвор (!) да се чудиме што не снашло од бугарската инвазија и хистерија шти со сигурност ќе следи потоа на се и сешто што е македонско!
Не. Мадам фон дер Лаен, тоа нема и не смееме да го дозволиме! Вие утре ке си заминете од таа функција, а следната година ќе има избори за Европскиот Парламент, ќе дојдат нови луѓе – прагматичари, а не политиканти како Вас и слични Вам што им кројат судбина на други за да ги задоволат шовинистичките пориви на две Ваши членки – нам соседи, за ништење на македонската нација и се што е наша доблест, а што го создале претходните генерации и е наш, македонски продонес за европската и светска цивилизација! Со тоа и  конечно (како што замислила длабоката држава од обете страни на Атлантикот), да се стави крај на таканареченото Македонско прашање!!! Средете си ги работите пред се во сопствениот двор, таму во Брисел, каде се сепоочигледни незадоволствата што растат кај повеќе ваши членки! Мавнете го тој глупав систем на одлучување со консензус и конечно поодговорно однесувајте се кон регионот на Западен Балкан кој – сакале или не, сепак е дел од континентот Европа, но кој лесно може да стане кризно жариште заради вашиот, мислам на ЕУ во целина, игнорантски однос. Впрочем, тоа – да ве потсетам, го видовме многупати во минатото!
Мадам фон дер Лаен, повелете една година на летување во древниот Охрид, дојдете и на фестивалот Охридско културно лето лично да се запознаете со вредностите и културното и цивилациското наследство на Македонија, што некои членки на ЕУ настојуваат да си го присвојат и тоа преку тнр. уставни промени и усвојување на вашата (на ЕУ) фашизоидна преговарачка рамка!
2. Забеганите во национал-шовинизам албански партии никако да се соземат и постојано измислуваат нови невозможни и неприфатливи барања. Деновиве претседателот на партијата “Беса” Хилал Касами искажа една глупост дека емитувањето на државната химна на Република Македонија за нив (за албанците) било неприфатливо и во училиштата каде наставата се одвива на албански јазик, тоа би можело да се прави, според него, само со емитување покрај македонската и на албанската химна!?
Овој млад политичар очигледно некои лекции од политиката не ги научил и за да се додворува на албанските гласачи го истресе тоа што го истресе. Химната на една држава е еден од атрибутите на државноста, заедно со грбот и знамето на државата и тука нема мешање на баби и жави. Албанската химна е химна на државата Република Албанија и во Македонија може да се емитуава с а м о  при државни посети на висико ниво, а дома, албанците во Македонија нека си емитуваат туѓи химни или било што друго по нивни избор.
Така, градолачалниче на Тетово, г. Касами, испадна политички неписмен и време е да се преиспиташ пред да изнесуваш во јавност вакви и слични глупави идеи.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top