Коментари

Александар Џеповски: Македонија треба да благодари за негирањето од Бугарија како куриозитет

1Dzepovski1

1Dzepovski1 Александар Џеповски

Многу смела и интересна изјава која заслужува внимание и посебна анализа. Колку и да се преголеми и болни сите негирања и глупости со сите можни и невозможни фалсификати према Македонија и Македонците, едно е сигурно дека инатот Македонски проработува и има сосема спротивен ефект. 

Имаме дојдено до констатација колкав е процентот на поединци што наседнуваат на бугарските трикови и да ги преобратaт во некакви си Бугари. Речиси ниеден освен ако како  “освестени” од пустите им вистини неколкумина побарале работа или некое евро на неколку рати. Едвај мизерни 2 % кој процент одма се топи при првата неисплата од ветениот мед. Пасошите бугарски имаа ефект кај 13000 поедницни кои гледаа излез од економски нападнатата и сардисана Македонија, но и тие кога добиваат стално државјанство во посакуваната и ветената економски силни втори татаковини во ЕУ, Америка и Австралија  … автоматски им покажуваат среден прст на Бугарија и нивните пасоши. 

Дали Бугарите се имаат прашано колку од тие луѓе што зеле Бугарски пасоши имаат отидено после тоа во Бугарија да потрошат и 5 евра таму ? Само некој исклучок по грешка или некој друг мотив за дрпање од татарската каса на Ротшилд.

Арно рекле старите – љубовта со пари не се купува, ама и без пари не ја бидува како во нашиот случај. 

Во недостиг на Спаски и охридски шарлатани дилери адути им се таквите балони надуени како Виктор Стојанов кој нуди бугарски книги бесплатно а народот Македонски му одговара дека таква тоалетна хартија не им треба и си купуваат самите кога имаат голема и мала нужда. 

ДА НАПРАВИМЕ РЕЗИМЕ И ЕДЕН СПЕКТАКУЛАРЕН ЗАКЛУЧОК СО ТАПИЈА И ПЕЧАТ А ТОА Е КОЛКУ ПОВЕЌЕ БУГАРИТЕ НЕГИРААТ, ФАЛСИФИКУВААТ И ЛАЖАТ ТОЛКУ ПОВЕЌЕ НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ Е ПОСИЛЕН И СЕ ЧУСТВУВА КАКО ГОРД НАРОД КОНЕКТИРАН ПРЕКУ ИСТА ДНА СО ГОЦЕ, ДАМЕ, КАРПОШ, САМОИЛ, КИРИЛ И МЕТОДИ, ЈУСТИНИЈАН, АЛЕКСАНДАР, ФИЛИП, ХЕРКУЛ, МАКЕДОН, ЗЕВС И ИЛЈАДНИЦИ ДРУГИ СО ИСТА ЧИСТА МАКЕДОНСКА КРВ.

ЕДЕН Е ГОСПОД, СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА. 

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top